Бајачи-надеж во решавање на проблемот со забременување

Дискусија во 'Бременост' започната од kiki-medo, 19 март 2013.

  1. kiki-medo

    kiki-medo Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    Нема што не пробав, се што слушнав тоа правев само за да останам бремена и не успевам. Ми треба ваше мислење бидејќи сакам бебе повеќе од се на светов.
    Може некоја од вас да ми каже за жената во Драчево, читав за неа и сакам да одам, па ако може да ми кажете некоја информација.
     
  2. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    4.235
    Пол:
    Женски
    dali moze da se veruva vo bajacki

    само ке ти кажам немој да одиш по такви работи.Ако веруваш во Господ покај се за секој грев искрено барај го Него моли се земи читај библија ке видиш што пишува таму за бајачите и тие што одат по бјачи.Не се од Господ ами се лага на ѓаволот за очајните луѓе кои од мака ке помислат на се наместо да се свртат кон Бог одат по бајачи.Дури и да добијат дете на тој начин тоа е затоа што ѓаволот одстапил и се отстранил проблемот за дете но штетата е нправена и тоа ке си има последица дали понатаму врз детето или врз родителот.Немој уште еднаш ке ти речам да одиш по бајачи.И јас скоро 4 год се обидувам за дете со мажот ми и знам дека Господ ке ми даде кога ке биде време.Еве пијам чај од црвена детелина прочитав дека е добра за плодноста.
     
    На Norah Jones, Anna-Karenin, edna.mode и 3 други им се допаѓа ова.
  3. kiki-medo

    kiki-medo Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    dali moze da se veruva vo bajacki

    abe i jas procitav i sto sve ne probav ama nez kako e koga nemas nadez poveke za nisto jas samo sakav bebe pa ne barav mnogu
     
  4. Forko

    Forko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2012
    Пораки:
    954
    Допаѓања:
    582
    dali moze da se veruva vo bajacki

    :( душа ....
    Според мене тие бајачки се занимаваат луѓе со ниска интелигенција...
    Секогаш сум имала одбивност можеби и страв на некој начин затоа никогаш не сум сакала да одам по такви работи (што ако ми каже нешто што не е така и ме фрли во депресија).Верувам во Бога и се решив еднаш кога стварно имав проблем да одам докај жена која гледа на икони...ЖИВОТОТ ми се смени со само едно одење и не барање на пари..а не што сум слушала те тераат по 100 пати и те цедат за пари.Скраја било пак да ми затреба и скраја било од лоши луѓе.
    Како Дедо Боже никој не е а кој прави лошо нека му враќа,јас живеам во 21 век и имам свој живот за разлика од тие таквите...
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  5. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.617
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Никогаш не велите никогаш,само тоа можам да ви кажам во врска со оваа тема.
     
    На Belabelinakinder му/ѝ се допаѓа ова.
  6. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    11.382
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Лично не верувам во овие глупости, арно ама од друга страна толку многу сум очајна да родам бебе, што само на лукавиот душата не би си ја продала. Убаво вика Витомир, никогаш не вели никогаш... ;(
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  7. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    330
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Дали може да се верува во бајачки? ДА!!!

    Сега ќе ти кажам и зошто верувам... и зошто ќе ти речам да одиш.
    Имам тетка.. која има 38 години, во брак е едно 16 години. Живееше во Америка долго време. Со што се не се обидоа таа не можеше да остане бремена. Жената веќе остари никако не можеа да имаат деца. Кога и да отидеше на доктор и кажуваа дека се е во ред и со нејзе и со него и дека не знаат која е причината зошто таа не може да остане бремена. Мајка и која живее во Македонија.. се реши да оди на гледач, чисто информативно да види што ќе и каже конкретно за ќерка и. Отиде со нивна слика од свадбата. И гледаа на кафе во Прилеп. Додека беше на гледач жената и рекла.. јави се кај ќерка ти и речи и да го прави она што ќе ти речам... жената е во Прилеп а тетка ми во Америка во моментот на гледањето на кафе!

    Жената и рекла... нека оди во нивната спална соба.. нека го крени душекот под него ќе види милион залепени мастики.. нека ги одлепи и нека ги фрли.. нека оди во регалот од мажот и.. сакото кое се наоѓа на левата страна од регалот за кое тој не ни знае дека е таму.. под десниот ракав ќе најди конец црвен, нека го испара и нека го фрли... откако ќе го направи тоа нека почади низ цела куќа со темјан за лошото да излези.. додека чадела со темјан низ цела куќа два пенџери од дневната соба се скршиле како некој со камен да фрлил по нив. А немало никој.. таа била сама дома, дворот заклучен, мажот и на работа...

    После.... околу 8-9 месеци тетка ми остана бремена... да не речам, ама ќе речам, магиите и ги правела што и паѓа сега таа.. на од мажот и брат му жена :) :D

    Откако ја растури магијата остана бремена и роди машко детенце. И ден денес не може да верува во тоа.. не и е верно дека некоја баба од Прилеп знаеше што има кај нејзе дома и каде се наоѓа и кој го направил. Таа стално се жалеше на жената од братот на мажот и .. као демек ме мрази и такви работи.. ама никој не се посомневал дека може да оди до тие крајности.

    Јас отсекогаш сум имала одбивност и да не речам страв од бајачки. Страв да не ми кажат нешто лошо .. смрт ова она.. а денес јас верувам во тие работи... заради сето тоа што и се случи на тетка ми... и јас отидов на гледач, иако никогаш немав ниту во план да отидам.. и си носам амајлии со мене и сите тие пропратни работи што ти ги даваат и кажуваат.

    Не можиш да знаеш кој сака да ти наштети и кој се е спремен да оди и да прави црни магии.. оди не губиш ништо...

    П.С. Тетка ми денес живее во Македонија... гледачката и рече да се пресели на некое место.. а тоа место да мора да го премине преку вода.. па таа се врати овде. :)
     
    На Tanjamm, Olgica.bu, okcenzi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    790
    Допаѓања:
    485
    Пол:
    Женски
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Јас не верувам ич, ама имам близок пример за дете кое беше алергично на волна и со одење на бајачка и прскање со перо со катран во истиот момент престанале секакви алергии и до ден денешен нема алергија.

    Имам и уште еден пример за пријателка која не можеше да задржи бременост. Спонтан по спонтан имаше со години и тоа и после неколку правења на инвитро. После бајачка остана бремена и еве си има бебче.

    Па.. ете :) Не знам како да го објаснам тоа. Можеби има нешто (можеби е плацебо ефект, ама како и да е битно има ефект).
     
  9. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    389
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Никако бајачки. И јас имам примери од блиски кои ме убедуваат дека се спасени од бајачки ама јас не верувам и КРАЈ. Студирав книжебност и ги знам првичните форми на мантрање и вражање, во најстарите книги пишува дека магија може да му се направи на човек само ако е убеден дека такви работи постојат. Сум наоѓала пердуви врзани во кујнски прибор кај мене дома и без да проверам значење сум ги фрлала. Црвени конци и глупости... никако.
    Бајачите или видовитите како што се нарекуваат се луѓе со голема убедувачка моќ (ако им се дозволи) и се хранат од маката на луѓе со вакви и слични проблеми. Внимавајте и не наседнувајте на вакви измамници.

    Научно е докажано дека луѓето не ја користат целосно својата енергија и не се свесни што се можат да постигнат убедувајќи се себе си во нешто. Ќе ви кажам еден пример: Блиска пријателка на мајка ми долги години немаше деца, реши да си посини едно. Се ослободи и сета љубов му ја даде на тоа детенце, по 5 години остана бремена, затоа што не размислување и не се преоптеретуваше.

    Не сте свесни колкава моќ поседувате сами во себе. Па пола лекарства функционираат на пласибо ефект!

    Мој совет е само опуштено и се ќе дојде на место. Очајот и грижите баталете ги, нека има само решителност и упорност.

    :inlove:
     
    На Spidy, pepita82, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. minne03

    minne03 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2013
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    46
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Slusnete jas sto ke vi kazam... Imam edna drugarka koja sto cela godina se trudese no ne mozese da ostane bremena ,,,na bolnica i rekoja deka e se vo red i kaj nea i kaj maz i. Nekoja zena od okolu mu spomala deka imalo nekoja zena sto go trie stomakot.so voda i sapun,,,otisle tie kaj nea i taa i rekla ti odma ke ostanes bremena ti si za zulenje posto tebe ti e stomakot padnat i semeto ne moze da srigne do matkata,,,,prvo zela edno lepce i tri kibritcinja i gi zapalila vo popokot kaj nea i gi zatvorila so tegla okolu popokot,,,nekolku minutki go drzela i posle zela eden legen so voda i sapun i ja trijela vo stomakot 10-15 min i pod stomakot i stavila marama za da stoi na gore stomakot 5 dena rece da ne go vaga,,sekoja vecer i rekla so mazot i da ima odnosi ova vazi od ko i zavrsi mens i istiot den ojde kaj nea,,,i sekoja vecer i rekla pred odnosi da sedi vo kofa so vrena voda na parea i malku var da stava site pet dena,,,posle na kontrola kaj nea,,,koga i dojde krajot na mesecot za mens taa ne dobi poveke,,,medecinski moze se da e vo red no nie sme zenski i brzo se preladuvame a najmnogu od prelada ne moze da se ostane bremena,,,gospod gi dava decata no mora nekoj da e pricina za toa,,,e aega vie si znaete
     
  11. kiki-medo

    kiki-medo Активен член

    Се зачлени на:
    19 март 2013
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Но не знаете кога човек си има мака, а кога докторски се е во ред, па страшно да пукнеш од мака.
     
  12. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    2.139
    dali moze da se veruva vo bajacki

    Бајачка и гатачка се два различни поими. :geek: Бајачка бае, а гатач предвидува...Не знам зошто ги класифицирате на иста бранова должина???????
     
  13. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    11.382
    Чудно е на што се сме спремни за здравје и за работите што ги посакуваме премногу во животот. Делгадина, да точно е, многу сме силни без да знаеме, но тоа и јас го гледам како функција на тие бајачките, да предизвикаат плацебо ефект. Значи да се убедиме сами себе дека сега е добро и ајде ќе биде. Духот паѓа после извесен период, станува премногу тешко да се носиш со чекањето и пробувањето и се станува една обична никаква стратегија за да дојдеш до бременост. Јас сеуште фала му на Господ не сум до таму стигната, но се е возможно. Затоа служат овие бајачкиве, за да почуствуваме некој вид на рестарт, да мрдне нешто во мозокот од истата па истата монотонија. Јас не сум била, но познавам луѓа кои си помогнале самите на себе откако биле. Посебно за нашава проблематика. Ќе кажам само со Господ напред, па да се надеваме дека ќе биде. Друго чаре нема! :worried:
     
    На Vetruska и Delgadina им се допаѓа ова.
  14. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    83
    Ако оди некој на гатачи, бајачи прави голем грев пред Бога!
    Подобро е да се бара од Бога, кој го дава животот.
     
  15. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    730
    имам две пријателки и двете по 8-9 години нема деца инсеминации инвитра и не бре не е сега по кажувањето они биле кај некој манастир имало некој голем камен и околу каменот нагурговден се плетело појас и така двете си се знаат дека од таму аман си нашле е сега што и како е незнам ова само сум го чула каменот е некаде свети николско во некое село
     
  16. Delgadina

    Delgadina Популарен член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2012
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    389
    Убаво рекле "слушај паталец, а не гаталец". Знам дека во очај се бара помош од се и секого, жал ми е што повеќето од луѓето во мака паѓаат во канџи на измамници. Никого не осудувам посебно во нашава држава, од мака луѓе и пробајуваат и прогледуваат, а има толку лоши и недоволно медицински помагала што само го зајакнуваат феноменот бајачки и гатачки (пак ке кажам во ист кош ми се затоа што и едните и другите да ја поседуваа моќта за која тврдат ќе правеа повеќе за светов, и потранспарентни ќе беа).
    Не верувам во никакви надприродни феномени, и ги почитувам луѓето што се водат од "како Господ никој не е", работата е што верувам дека секој човек има сила сам да си помогне. Не е на одмет да се прошетате и да ги проверите убавините на земјава, цркви, камења, извори, тоа шетање опушта и дава некаков мир.
     
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    3.351
    Допаѓања:
    8.941
    Пол:
    Женски
    Знам дека мојот одговор не е на тема забременување, ама морам да го посочам.
    Имам помал брат кој на 2 години толку д‘ткаше што воопшто не се разбираше што сака да каже. По триста лекари, мајка ми го однесе на бајачка, иако секогаш била против такви работи, велејќи дека е измислица. Ама ете од мака за детето, и тоа го проба. Таа жена пробала да му даде на брат ми вода со топено олово во неа за да ја пие, и мајка ми одма рекла нема шанси. Тоа олово само по себе колку е штетно, а не па којзнае уште што бактерии имало со него (оловото било од стари водоводни цефки). Брат ми не пробал ни голтка од водата.
    По некое време, моите разбрале за човек од Риека кој работел конкретно со деца кои д‘ткаат. Не бил лекар, но развил техника која помагала. По 10 минути работа со брат ми одма покажал резултати, и по 10тина дена го научил како да го контролира тој проблем. Сега брат ми има 21 година и во нормален говор воопшто нема проблеми. Ако е нервозен може да заглави на некој збор, но тоа ни најмалку не би го нарекла проблем во говорот како што го имаше како дете. Ова е постигнато со години напорна работа и правилен начин на вежбање и контрола на зборењето. Тие кои не го знаат брат ми од дете се чудат кога ќе им покажеме снимки како тој не може ни името да си го каже како што треба.

    Да не сум оф топик, јас на бајачки не верувам, и се согласувам со мислењето на Delgadina
    Ако веруваш дека ќе ти помогнат уште пред да ги видиш, им придаваш моќ која ја немаат.
    Не верувам и во биоенергија или Божји план. Се е психа. Имам тетка која 5 години не можеше да затрудни и имаше и еден спонтан абортус. Неколку месеца после абортусот, реши да оди на одмор, да се олабават малце, да паузираат со обидите да затрудни... И на крај мораше да го откаже одморот зошто остана трудна (имаше преку 30год и ја квалификуваа како релативно ризична бременост, па совет на лекарот беше да одмара дома). Кога престана да се замара со тоа, тогаш проблемот се реши. Сега има 2 прекрасни синчиња. :!: И тоа без помош од бајачка ;)
     
  18. st-ojanovska

    st-ojanovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2012
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    5
    Колку мислите дека проблемот со забременување е дело на завидни и пакосни луѓе кои на ваков начин се решаваат да ви наштетат?Можат на многу начини,преку облека,подарок за свадба,букет цвеќе,јадење и сл да ви направат нешто па да после е мачите со забременувањето.Каков е вашиот став и дали сте биле кај некоја бајачка со цел да го решите проблемот односно го барате решението на друго место,не кај доктор?
     
    На Olgica.bu му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    A бе луѓе то се глупости на куб :/
     
  20. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.246
    Знам случаи на кои извесна бајачка им помогнала жената да забремени.

    Дали било само случајност па се поклопило или навистина им помогнала не знам.