1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бањање за време на празници

Дискусија во 'Религија' започната од savana, 13 април 2012.

  1. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350

    не знам баш за ова,и баба ми порано ми го кажуваше ова,ама не ми се верува некако,јас секогаш се бањам на велики петок и ни коски сум видела ни ништо..... :)
     
  2. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Знам дека не треба да се бања за време на празници, а зошто неам појма. Како и да е гледам да правам така, многу ретко до сега се имам бањато за празник.
     
  3. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Кога на Исус еврејските фарисеи и писмопознавачи му замериле што исцелува на Сабат(во јудаизмот Саботата т.е. Шабат се смета за свет ден кога ништо не смее да се работи) и што неговите апостоли кинат житно класје за да јадат тој ги прашал „Па зарем ако на Сабат ви падне овцата во јама, нема да се обидете да ја извлечете? Не ги создал Бог луѓето поради саботата, туку саботата поради поради луѓето!„

    Од ова слободно може да се заклучи дека: Човекот не е тука поради празниците, туку празниците се поради човекот. А човекот ако сака да биде здрав и уреден треба да одржува лична хигиена соодветно своите можности - значи бањајте се слободно, Бог сигурно нема да ве казни. За баба ви незнам, зависи што табиет има... :D
     
    На ennaz, 1209, CrazyStupidLove и 2 други им се допаѓа ова.
  4. BlackCat

    BlackCat Популарен член

    Се зачлени на:
    16 август 2010
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    202
    зошто го мешате ова со христијанството кога нема врска? Дури повеќе и накај суеверие оди, што е против бог
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mandarinna88

    Mandarinna88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2010
    Пораки:
    218
    Допаѓања:
    116
    Духовден и обичаите

    Дали е точно дека денес и утре не смееш да се бањаш?? Демек мртви коски ќе ти никнеле... !?
     
  6. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Духовден и обичаите

    За ова со бањањево немам слушнато а малку глупаво ми е.
    Еве на пример утре имам договорено да излезам а денеска косава ми е мрсна :^) сигурно нема да отидам таква. :D
    Такада ќе си се избањам, слободно бањај си се, ако не се бања за празници а секој ден си е празник во календар да погледнеш, ќе требаше небањати да одиме сите. :)
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Еве прв пат за (не)бањањево разбрав од форумов од општи прашања.
    Кога ќе слушнам некоја ваква работа секогаш прашувам ЗОШТО?
    Барам објаснување кое држи...ама најчесто како одговор добивам 'па не знам ете така', 'мајка ми/баба ми така ми кажаа' или едноставно затоа што 'денес е голем празник'.
    И пак ќе прашам што има тоа врска со бањањето? Кој и зошто вели дека не смее да се бања за празник?
    Јас до сега не сум знаела дека не смее |( , од незнаење ќе си настрадам :worried:
     
  8. Hkikica

    Hkikica Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    989
    Допаѓања:
    676
    Да бе па ако треба да одиш на слава негде ќе почнеш да им корнеш :^)
    И ако те прашаат , баба ми рече така и ќе ти се изгазат од смеење .
     
  9. MissPagane

    MissPagane Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    32
    Баба ми стално се лути кога се капам на празник. Не чинело. А зошто? -Епа така стари рекле.. не знае да ми објасни. :^)
    Но мене пологично ми е дека за празник треба да се искапиш, да бидиш чист доколку одиш в црква. Не би требало да е негативна работа од аспект на православието да си чист. Нели, како ке се помолиш и прочистиш душата ако телото ти е валкано?
    Инаку имам слушнато дека не чинело да се бања за време на Мртов Петок, Духовден затоа што тогаш се праевле коските кај мртвите, и ако се бањаш или работиш на тој ден се правеле мртви коски на некој дел од телото. :(
     
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Интересното е што повеќето пишавте -Баба ми така рече, а да ја прашате бабата што празник било вчера всушност, што се случило на тој ден, нема да знае. Баш направив мал рисрч вчера, па сите повозрасни што ги сретнав ги прашав ова, и ниеден незнаеше да ми каже што уствари празник е. Голема Богородица било, бидејќи имало мала и голема, ова било голема. Толку. Фала, пријатно. И итаат во црква да запалат свеќа.
    Инаку да, и баба ми, додека беше жива, така викаше, дека не се бањало за празници, ама ние никогаш не сме се воделе по тоа.
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Секако дека се бањам за време на празници. Кога е во прашање хигиена, не поштувам бабини деветини.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Сум верник, но еве еден прост пример...имате мало бебе дома, се бањка секој ден.Зарем нема да го бањате бебето?

    Почитувам да не се чисти,пере,пегла,шие....но за бањање не се може.
     
  13. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Искрено ме интересира, не сум саркастична или нешто, а што вика религијата за перење/чистење на празници? Која е причината за тоа да е лошо?
    А, инаку да, се бањам на празници затоа што според мојата логика нема причина да не се бањам.
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    На времето во празници не се перело, затоа што немало машини за перење итн. Денеска пак кога има машини за перење не ја гледампричината зошто не би се испрало? Слично и за капењето и ред други работи. Во недела пак и тоа како треба да се пери со оглед на распоредот на евтина и скапа струја.
     
    На Witchman, tessie и ennaz им се допаѓа ова.
  15. Macedonian.Horse

    Macedonian.Horse Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2012
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    44
    Мое мислење е дека може да се бања иако е празник, затоа што подобро е чист да појдеш во црква него ли нечист, само да не е за време на службата додека се молиме и треба да присуствуваме од кај 7 до 10 часот наутро. позз
     
  16. lonely12

    lonely12 Активен член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    да убаво е да одржуваш хигиена и да бидеш чист секој ден :)
     
  17. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    Јас за ова прв пат тука дознавам. Почитувам празници, дека не се работи знам ама ова со бањањево... :?:
     
  18. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Бањањето нема никаква врска со празниците. Тоа е чисто измисленица од народот. Грев е да се чисти и пере само.
     
  19. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Значи што све нема да прочитам тука. Све ми се чини дека новиве генерации се поинакви од постарите. А бре мајка ми кога ми раскажува што све правеле и како се однесувале во 70-тите и 80тите просто не ми се верува во кое време живеам јас!

    Бањање за време на празници човече! Други пак ги читам во друга тема си честитаат со зборови -устата да ти се позлати-. Не и не! неможам да ве сфатам! А голем дел и помлади од мене на форумов! :!:
     
    На ennaz и sunfemina им се допаѓа ова.
  20. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Јас па све за празници се бањам,еве вака за нова година,потоа за 1мај,потоа велигден,па 2 август и 11 октомври значи 5пати годишно се бањам.
     
    На Rainforest му/ѝ се допаѓа ова.