1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бањање за време на празници

Дискусија во 'Религија' започната од savana, 13 април 2012.

  1. macedonia.timeless

    macedonia.timeless Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    266
    Допаѓања:
    137
    Јас секогаш се бањам...
    Баба ми вика понекогаш немој греота е така..
    Јас се бањам неможам таква во школо или на излегување...
     
  2. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    768
    Пол:
    Женски
    Си се бањам секогаш, но гледам доколку сум во можност да не се бањам на Бадна вечер, Божиќ, Велики петок и Велигден.Тие празници, некако гледам да избегнувам некои работи, меѓу кои и бањањето!
     
  3. VayaConDios

    VayaConDios Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2012
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    99
    Да бе, точен ти е примерот. Но не ти е точно интерпретацијата. Кој ти дал право така да интерпретираш извадоци и да периш мозок на читачите? Ме интересира какво е мислењето на другите претставници на секти у Македонија? :rofl:
    Секад се бањам кога ќе почувствувам потреба за тоа, оти луѓе сме и потиме и смрдиме и подобро е да отидеме чисти у црква на празник отколку да шириме смрдеа наколу па повише штета да нанесеме на тие до нас оти ќе ни замеруваат и ќе им го расипеме расположението. :) :) :)
     
  4. Jule.Sk

    Jule.Sk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    736
    Пол:
    Женски
    Досега мислам дека не сум се бањала за некој празник(за некој голем празник)тоа најчесто го правам пред празникот еден ден.Но мислам дека може да се бања за празник освен за Задушница викаат дека не било ок да се бањаш,но тоа си знае секој за себе.
     
  5. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Ова повеќе ми личи на суеверие. Зошто да не смееш да се бањаш на празник?
    Мене од мала ми зборувале одреден период не смеело да се бањаш што знам јас. Јас искрено, не го оправдувам ова.
    Бидете си стокмени и чисти, баш за празник. Водата ја мие и душата, не само телото.
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
    Глупости |(
    Јас си се бањам затоа што сметам дека се глупости, нема врска.
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    А нокти може да сечиме? :wasntme: |(
     
    На Micheleljubov и Moschino им се допаѓа ова.
  8. sonce10

    sonce10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    116
    Какви мртви коски бре луѓе, дај не им го перете мозокот на тие што читаат, ќе се фати некоја да чита, ќе си создаде некое глупо "правило" па ќе шета небањата со денови.
     
  9. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Не се станува верник или неверник ако се бањаш или не. Апсурдно ми е ова малце. Да, на Бадник, Божиќ обично и јас не се бањам, затоа што од целата таа еуфорија, ќе си се средам ден порано и потоа уживај во празниците, но не затоа што тоа го сметам за погрешно. |(
     
  10. S.N.E.G.U.L.K.A

    S.N.E.G.U.L.K.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2013
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    49
    Не смее.Се појавуваат мртви коски на телото.
     
  11. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски
    И јас имам слушнато дека не се бања на празник затоа и се обидувам да го испочитувам тоа , еден ден не прави ништо разлика. Мене ми се деси така еднаш на празник требаше да излезам и набрзинка влегов да се избањам , а мајка ми неколку пати ме предупреди дека е празник али не ја послушав и кога се сушев си го изгорев челото па не можев да излезам. Не е којзнае што ете се десило случајно али од тој ден не се бањам на празник :)
     
  12. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.438
    Допаѓања:
    1.451
    А кога веќе сите се правите верници со неизмерни пропорции, пред да почнете со вакви бесмислени теми и напаѓања, зошто прво не дознаете нешто повеќе за вашата религија и обичаи, што значат и дали и што им е евентуалната поврзаност наместо да се водите по баба и по попот?
    Веднаш напаѓате туѓо мислење!
    Хигиената нема никаква поврзаност со религијата туку со обичаите. Од тука па понатаму вие разглобете си и активирајте си ги мозочињата за тоа што значи обичајот и зошто тоа НЕ е религија наместо да ги активирате само кога сакате да се контрате со некој без основа! Хигиената се држи за сопствено добро. Ако така кажале пред многу илјада години, не значи дека истото треба да го применувате и во овој век! Претпоставувам дека секој од вас поседува православно - христијанско календарче, но ретко кој го погледнал во последно време. И да ве просветлам, СЕКОЈ ден од годината се смета за празник и е празник! Дали тоа значи дека воопшто не треба да се бањате и да одржувате хигиена?
    За ова имам многу да напишам, но ќе оставам за соодветна тема!

    Зарем не е штета кога се перат мозоците на читателите? Тогаш зошто ширите дезинформации? Дали некој од вас прашал свештено лице околу оваа тема или сите пишувате на памет и од паметот на вашите баби?
     
    На LittlePinky, elisabeta и sunfemina им се допаѓа ова.
  13. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Аман со овие мртви коски... Што се тие? Се јадат, се пијаат, на леб се мачкаат?
     
    На Witchman му/ѝ се допаѓа ова.
  14. fificaaa

    fificaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    714
    Допаѓања:
    475
    Пол:
    Женски

    Озбилно имам слушнато и јас за ова на една моја тетка и излезе негде позади главата...
     
  15. Zlatnata.Alis

    Zlatnata.Alis Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    79
    Боже господи и ова да го слушнев и крај.......... бањањето е лична хигиена и според мене од почит спрема луѓето околу нас треба редовно да се бањаме, никој не е должен да ги трпи нашите телесни мириси :^) а тоа со мртвите коски најверојатно го измислиле бабите да ги лажат децата за да не се шлапаат по цел ден во вода :lol: :lol:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Господ никогаш не би се налутил, замерил или би не казнил за нешто што правиме, со кое не повредуваме никого, ни себе си.

    Водата ја создал Господ, водата е за пиење, за капење...и не верувам дека не чини.

    Има многу работи од минатото (настанати поради Х причини), кои треба да ги отфрлиме, а не да ги влечкаме со сила по нас.

    Ова со бањањево повеќе ми личи на суеверие, отколку дека реално не треба да се капиме.
    Имам прочитано многу свети книги, сум ја читала Библијата, сум разговарала со духовни лица, ама никој не забранил капење, работење и сл. за празници. :)
     
  17. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.732
    Допаѓања:
    32.007
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато дека не е убаво да се бањаш за време на празници, но јас не го почитувам тоа. Си се бањам и сметам дека не е грев, бидејќи не правам ништо лошо. Едноставно тоа е лична хигиена.
     
  18. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Јас мислам дека се мисли на бањање во реки езера итн...А не е финтава во када да не се бањаш.Барем така мислам .. :)
     
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.581
    Пол:
    Женски
    За некои празници не требало да се бања, но кога имам потреба од тоа тогаш не можам да не се бањам... Тоа е одржување хигиена, не можеш да го изоставиш....
     
  20. NightBreaker

    NightBreaker Активен член

    Се зачлени на:
    8 август 2015
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    397
    Пол:
    Машки
    Се бањам тогаш кога имам потреба, не поштувам празници ниту е*ам жива сила. :D Хигиена прво, секс и дискреција после. :rofl: Се шалам, темава не е за тоа.

    Има некои празници каде што е препорачливо бањање на пр. Бадник или Божик треба да се бањаме со тие дрвцата за среќа и бериќет, а за Велигден со црвено јајце. Прости ми Господе ако грешам. :)