За некои секој ден би бил празник само да не се избањаат. Кои се тие празници на кои не се бања и ако знаете Ве молам образложете зошто не треба да се бањаш?
се бањам кога имам потреба од тоа а бидејќи често имам потреба често се бањами негледам дали е празник или не бидејќи за мене тоа нема значење- не сум суеверна
Ја почитувам паролата "Хигиената е половина здравје" и ја применувам без оглед на верските празници. Според мене, потребата од нејзино одржување е далеку од грешна во споредба со бесмисленоста на верувањето. Ако не треба да правиме нешто, треба да ја знаеме причината и да го почитуваме зборот. Во спротивно, се подведуваме на контрадикторност и веруваме во нешто што нема значење.
Каква врска има бањањето со празниците и религијата? Бањањето е дел од секојдневните работи кои ги правиме како што е миење лице, заби..... Не значи дека ако се бањаш дека ќе правиш нешто блудно или дека ќе имаш блудни мисли, ако веќе сте толку религиозна времето поминато под туш можете да го поминете во молитва и да се посветите на бога.
Што врска има бањањето со религијата ова може да го мисли само некој што сака секој ден да е празник и да не одржува лична хигиена
Пред секое одење во црква се бањам нели чисти да влезиме барем што се однесува на физичкиот изглед, а имам слушано од пра баба ми дека кога ќе почини некој тогаш не се бања од причина шо тогаш можело да настане она мртво ковче( најчесто ги има на дланките), и бидејќи сум суеверна ми влеа некако страв и кога ќе почини некој чекам наредниот ден за да се избањам
Јас имам другарка која, а иди празник - нема бањање. Океј сфаќам дека има такво верување од мајка, баба кажано ѝ е, ама ме интересира дали има било каква основа за вакво верување?
Јас знам дека доколку се бањаш на духовден ќе ти излегло мртва коска. Јас на главата имам излезено многу години ми стои е сега дали е од тоа, дали е од друго нешто не знам. А за празници се бањам само чекам да помине денот како што велат.
Ne gledam dali e praznik koga se banjam,licnata higena e na prvo mesto i ne gledam pricina zosto ne bi se banjala
задушница е денеска, и мајка ми ми кажа да не се бањам, ќе ми излезе мртва коска. а јас треба да излегувам и косата ми е мрсна, што да правам?! има некој шо се бањал денеска?
Е што ако е празник да не се бањаме? Баба ми секогаш вели за чистота нема празник. Бањајте се луѓе кога сакате.
Колку што ја познавам Библијата, не пишува во неа никаде вакво нешто. Сум слушала за ова од луѓето, како и многу други работи, и ова е измислено од некој човек и разгласено на другите па некои го прифатиле и до ден денес се пренесува како обичај.
Во Библијата не пишува ни за: правење икони поклонување на икони молење на светци обожавање на блажената Марија свети води бројаници поклонување и бацување на лешеви на верници (мошти) принесување свеќи за живи, за мртви, за здравје и сл. митарства Ништо од ова нема во Библијата и сето ова е измислено од човек и разгласено на другите, па некои (православни) цркви го прифатиле и до ден денес се пренесува како обичај, пракса и учење.