Бањање на мало бебе, искуства и совети

Discussion in 'Бебе' started by girl-miri, Oct 2, 2013.

  1. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,882
    Gender:
    Female
    Јас си размислувам за мојата бременост и моето бебе :)
    бидејки сами си живееме со мм и си мислам како ке го бањам бебето кога ке го родам :?:
    бидејки се уште ке биде малечко па некако помислата на тоа ме плаши :^)
    ајде си викам додека направи 2-3 месеца малце ке ми биде страв околу тоа.

    споделете ваши искуства околу тоа,како го бањавте вашето бебе кога беше новороденче?
    колку пати неделно?или не толку често?


    ако е дупла темата се извинувам
     
  2. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Joined:
    Dec 21, 2012
    Messages:
    1,735
    Likes Received:
    1,575
    Бањање на мало бебе,искуства и совети.

    Барем еден месец ќе ти треба помош,две недели најмалку
    Да ви покаже прво некој како треба после сами терајте
    Што порано си фатиш ред поубаво
    Јас првото два месеци не го бањав од страв,а второто само еден дека царски бев пак и неможев
     
  3. captivating

    captivating Истакнат член

    Joined:
    Jul 10, 2013
    Messages:
    865
    Likes Received:
    476
    Бањање на мало бебе,искуства и совети.

    И мене паметот ми лета натаму.
    Мајка ми вика дека не знае, поминале 22г откако бањала бебе а јас па и викам не се скеирај ти, нема да ми треба помош, јас си знам. А сега како се ближи крајот ме фака паника. :lol: :lol:
    Јас мислам да си земам користце со потстоље или како и да се вика тоа каде што можеш да го легнеш бебето. Па се надевам тоа ќе ми олесни работа.
    Мене исто ме интересира и дали користите купка/шампон од прво бањање? И кога ќе почнете да користите ставате на сунгер па го бањате бебето, или директно на кожа или пак само во коритцето?
    Ви викам бре, ако ми се приближува терминот ме фаќа паника, за бањање,за спиење, за доење...за се :lol: :lol: :lol:
     
  4. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Joined:
    Nov 28, 2010
    Messages:
    2,134
    Likes Received:
    64,798
    Gender:
    Female
    Бањање на мало бебе,искуства и совети.

    ^Тоа потстољето е за поголемо бебе над 4,5 месеци кога ќе смее да си седне.

    Бањањето е најмал проблем, кој има помош добро, кој нема ќе си се снаоѓа како и милиони други мајки на светот. :lol:
    Помош е потребна околу носењето на водата, празнење на коритото, посипување со водата а за тоа е совршена помошта на таткото, затоа тие што сте сами гледајте да се бања бебето навечер кога е и таткото дома или нели ако работи попладне бањањето да е наутро.

    Јас моите ги бањам секоја вечер од првиот ден кога се родени, бањање, цицање и на спиење. :)

    На почетокот само ставајте малку од купката во водата и гледајте само околу вратчето да е убаво измиено, обично од млекото му тече во вратчето за тие што се полакоми и плус ако блуцка и тоа потекува во врат.

    Нема потреба од страв, првиот пат ќе ви малку така страшно, вториот помалку за една недела ќе бидете професионалци, плус и во болница ќе ви покажат како се бања :lol:
     
  5. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Joined:
    Aug 6, 2012
    Messages:
    1,005
    Likes Received:
    771
    Gender:
    Female
    Бањање на мало бебе,искуства и совети.

    јас син ми го капев од вториот ден кога си дојдовме од болница (првиот пат го капеше свекрва ми, нели таков е обичајот :?: ) и воопшто не ми бече страв.
    ај подетално да опишам: го капам во корито, клавам купка во водата. дури беше мал, до 3 и нешто месеци го држев со раката на мешето и му потурав од водата со другата рака. после тие месеци го легнував цел во легенчето, уживаше :D :D :D . а кога почна да седи, седнат.

    немој да се плашиш, колку повеќе се плашиш толку потешко ќе ти биди, не е ништо старашно. кога ќе го крениш враце бебето одма ќе знаеш што да правиш-мајчински инстинкт ;) ;)
     
  6. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Joined:
    Oct 19, 2011
    Messages:
    7,698
    Likes Received:
    19,882
    Gender:
    Female
    Бањање на мало бебе,искуства и совети.

    му викам на мм па како ке го бањам бебушот и он е немора да го бањаш :D мажи бе кој како нив :D :D
    па си мислам често каок и што ке биде и си викам се добро се ке се снајдам и оооп бањање е тоа си викам по малце вода ке му ставам одозгора и со рачето на стомачето и доволно е колку да го накиснам :D :D ама си викам ајт да си прашам јас на фемина совети подобро ке е :)
     
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Joined:
    Jul 10, 2013
    Messages:
    865
    Likes Received:
    476
    Бањање на мало бебе,искуства и совети.

    Море феминки, децава со форумов ќе ги израснеме :lol: :lol:
    Значи сега знам да го бањам бебето.
    Во коритце, со една рака го држам со друга потурам од водата (со малку купка).
    Доење, спиење и чао пријатно :D :D
     
  8. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Joined:
    Dec 8, 2010
    Messages:
    3,065
    Likes Received:
    43,071
    Gender:
    Female
    Бањање на мало бебе,искуства и совети.

    На почетокот не ја бањав малата јас , туку татко и ... Се опуштив тек кога малце пркна , и земав јас да ја бањам. додуша ми беше мајками на гости скоро месец дена и се ми покажа , пошо и по струка е патронажна сестра , со бебиња е секој ден.

    Кај нас исто каки и кај Битерсвит беше ритаул. Секој ден бањање , цицање ..кревет. И така се до годинката.
    Не е нешто страшно , на почетокот да малце е незгодно дека мали се , и нас ни е страв ...
    Имав и таков држач кој не го ни употребив , така стои без врска .

    Инаку и јас немам никој овде , сама со мм заедно, бањавме дете ..и се друго ! Навика е се! :D
     
  9. koritsaki

    koritsaki Moderator Staff Member

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    18,959
    Likes Received:
    108,352
    Gender:
    Female
    И јас така мислев дека ќе ми биде страв да ја бањам ќерка ми и ред др работи како пелени ќе менувам итн :D ама се си е навика првиот - вториот пат можеби ке ти е страв , но потоа ќе се навикнеш. Јас да ти кажам исто сами живееме со мм моите се далеку и не ни сакав др да ми се мешаат нели освен мм ама дека и мм е на работа од 4 поручек до 12 навечер јас сама ја бањав ќерка ми :) а колку пати ја бањав па до втората година секој ден , во летото по двапати :)
     
  10. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Joined:
    Jun 25, 2013
    Messages:
    3,492
    Likes Received:
    4,549
    колку често се бањат бебињата??????.. знам дека до 40 те дена секој ден треба да се бањат.. всушност и не им треба многу бањање тие се чисти само така да ги полиеме со водичка да им олекне на снагата... а кај нас стават и јајце и сол во водата адет од старите.. планирате ли да ставате...???
     
  11. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Joined:
    Dec 8, 2010
    Messages:
    3,065
    Likes Received:
    43,071
    Gender:
    Female
    Незнам дали ушѕе некој се води по тие бабпски работи , во водата јајце , до перничката паричка и др кои не ги ни знам .
    Јас не верувам во такви муабети и не ставав.

    Малата ја бањавме секој ден до годинката а може и повеќе.
    Едноставно ни беше ритуал навечер пред легнување. Користевме само Пенатен купка , маааалку колку да да се рече капнувавме во водата .
     
  12. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Joined:
    Mar 12, 2010
    Messages:
    286
    Likes Received:
    110
    Јас и маж ми сами си ја бањаме уште од првиот ден :) Додека бев трудна си гледав видеа на јутјуб и за преповивање и бањање и така кога дојде денот да ја бањаме малце бевме „упрпани“- со оглед на тоа што никој од постарите не ни помогна- (не им дозволивме да помагаат :) ) туку си правевме како знаеме, и после првите 3 бањкања- учејќи се и ние, а и бебушка, ја совладавме техниката и набрзо бањањето ни стана најомилено секојдневно дружење :inlove: Првите 3-4 недели маж ми ја фаќаше со дланка над мешето и јас поливав одозгора со вода растворена со кукпа и бањањето траеше кратко. После првиот месец почнавме да си ја легнуваме во лаворчето - маж ми со дланка и ја придржување главата, а јас трљам со купка, па плакнам со чиста вода, па ја вртиме пак наопачки - маж и ја држи со дланката на мешето, па го триеме главчето, грбчето, газето и пак плакнам со чиста вода- мотам во пешкир и идеме на бришење, масажа и облекување. Накратко така изгледа нашето СЕКОЈДНЕВНО бањкање ;)
    Не е ништо страшно, се е до тебе и твојата самодоверба, верувај дека само вие двајца најубаво можете да си го избањате бебето, исфрли го стравот и ќе видиш дека ќе немаш потреба од никаква помош од страна. Јас дур бев трудна знаев дека сами ќе си го бањаме бебето- ќе си кажев, зашто ја како мајка да ми е страв, а бабата (мајка ми, свекрва ми) да нема страв?? Логично би било да е обратно. И така и би, на што сум пресреќна :inlove: :)
     
    kristina123456 likes this.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    4,363
    Likes Received:
    21,350
    Gender:
    Female
    Какво јајце во водата не се занесувајте. Тој адет е од порано, ама јајцата не се како порано. Еднаш кога бев на кожно на некој преглед донесоа новородече неможам да ви опишам какво беше. Црвено и цело исфрлано. И испадна од јајцето. И свекрвата вика абе во наше време сите со јајце ги бањавме и ништо не им беше. И докторката и вика е ови јајца денес не се како тие во твое време, а и времето не е исто, милјон алергии има денес на се и сешто.
     
  14. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Joined:
    Sep 26, 2011
    Messages:
    20,639
    Likes Received:
    109,075
    Gender:
    Female
    Битер, кадичките со постоље се феноменални за новороденчиња, поготово овие кои имаат анатомски влошки
    [​IMG]
    Внука ми од прв ден ја бањаа во ваква, сама си седи, башка што кадичката имаше и сталак за да стои и да можеш стоечки да си ја бањаш, си лежи, претходно убаво намокрено со топла вода за да не и е ладно, абе тој период уживаше во бањањето, преташе ко лудо, а нема кај да иде од влошката.... Милина.... Мислам дека со ваквите кадички е многу полесна работата, а и не мора да ги имате нив, може и само влошките што се, и тие вршат работа, а во Џамбо има и фротирски, прекрасни влошки, исто влегуваат во када
    [​IMG]
    [​IMG]
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Joined:
    Apr 11, 2010
    Messages:
    4,450
    Likes Received:
    5,411
    мене уште од излагање од болница, прв пат ни покажа патронажната и до ден денес ми го бања мм, ако тој не е дома си го бањам јас, а свекрвами си гледа и асистира. го бањаме на начин така што му го полниме коритцето со вода и си шлапка во него а мм си го поминува со сапунче, првин грпчето па стомачето, па после го вртиме пак за главчето. и јас не крај го поливам со бокал чиста вода. до сега го бањаме исклучиво навечер пред спиење, значи бањање, цицање и спиење секој ден одкога е родено :clap: тоа му е таков убав ритуал во кој цело семејство уживаме
     
  16. captivating

    captivating Истакнат член

    Joined:
    Jul 10, 2013
    Messages:
    865
    Likes Received:
    476
    [​IMG]

    [​IMG]

    Моето е комбинација од овие 2 :lol:
    Коритце е како првото ама бојата и постољето се баш како вторава слика, исти.
     
  17. butterfly.mk

    butterfly.mk Популарен член

    Joined:
    Jun 24, 2010
    Messages:
    1,142
    Likes Received:
    1,079

    јајце во вода :^) а зашо се става?
     
  18. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Joined:
    Dec 8, 2010
    Messages:
    3,065
    Likes Received:
    43,071
    Gender:
    Female
    butterfly.mk незнам ни јас зошто е јајцето ,јас погоре прочитав имаше некој напишано и затоа .. :)
     
  19. ddevojce

    ddevojce Популарен член

    Joined:
    Jun 25, 2013
    Messages:
    3,492
    Likes Received:
    4,549
    јас пишав тоа го правеле на времето.. а знам дека уште некои го практикуваат а и сол стават во водата за да не му мириса потта на детето кога ќе порасне.. на мене ми ставеле јајце во водата кога ме бањале прашајте ги вашите сигурно и на вас ви имат ставено...ама секој град различни адети имат.. така да тоа е останато... и затоа прашав и јас ???
     
  20. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,015
    Gender:
    Female
    После колку време земавте сами да го банjате?