На одмор јас со неа влегував под туш јас ја држев маж ми со тушот ја бањаше. Во црква јас не ја полнев кадата, попот тоа
Двајца бањавме. Ставав столче во туш кабина и мм ја држеше легната. Прво на грпче, па на меше. Јас тушот во рака и јас мијам. Он само држи. Вака ми беше побезбедно. Тој што држи да има само една функција а столче за дополнителна стабилност.
Во раце. Убаво го фаќав кај градите (целиот граден кош ми е на мојата рака, едното раче го држам кај раменцето, а другото раменце ми е преку мојата рака). вака и дома кога го мијам на лавабо го фаќам. Неможам да ставам слика итернетот ме зеза. Сега веќе е полесно дека седи па или се гушкаме под туш или во леѓенче го седувам тука. Леѓенчето ни е нов хит. Во најжешкото на балкон, го полниме и дете шлапа
Ние денес правиме три недели јас уште првиот ден си ја избањав сама двете баби дојдоа божем они да ја бањат ама како што ги знам страшливки викам јас сум и мајка јас ќе си ја избањам и така малку со страв и многу потењеимам коритце во коритцето како постолје за полу лежачка состојба тоа се залепе со вакум на коритцето и не мрда врз тоа си ставам една пеленка и мала мека крпичка и како пронцеза ми е кога си ја бањам само сега за сега ми треба помош кога ја завртам за грбчето зато што уште не ни е паднато папчето а и за главчето за да не и влезе вода во ушенцата....многу сум си горда на себе што почнав сама да си ја бањам
А баш ме интересира главчето како го миете. Мене некој страв ми има влезено за вода во уши да не и отиде и со страв со рака само ја плакнам ама многу малку и не секој ден.. Кога ја видов мајка ми како и сипува со бокалче вода за да ми покаже ќе се онесвестев хаха Ептен плачка сум станала нз што ми е ...
Од прв ден дома сама ја бањам. Маж ми од страв, ко лев е кога ми помага па само ми мести коритце и ми подава ствари. Инаку ја држам за меше и потурам од водата врз неа (32 -39 степени треба да е). Маж ми ми капнува Бекутан средство за капење (со камилица) и убаво и мијам вратче, прстиња на раце - нозе, газе и пеленската регија и обавезно косичката. Потоа ја плакнам за да падне средството и на крај си ја седнувам во коритце и убаво и го мијам лиценцето и напред мешето. Мотање во бањарче и после убаво кога ќе се исуши, цела ја мачкам со Џонсонс бејби од лаванда и на доење. Летово ја бањав секој ден, откако залади еве на два дена. А со влажни марамици секој ден обавезно рачиња-стапала и лице.
Uste od prvata nedela go banjam sama cisto sama ...sega e veke 5 meseca stavam malku voda vo koritoto edna pelenka go legnam na grpce i ubavo si go izbanjam kako sto treba..Go banjam preku eden den,koga ne go banjam mu go mijam gazeto..
ја изглеа ко трапава сум, сама уште не сум го бањала бебето а веќе два месеци имаме. ми треба помош за да му го избањам грпчето. вода ставам во легенче а го баеам во кадичка во када и таква цела наведната не можам со една рака да држам со друга да го бањам и некако криво ми е, де трудам сакам се сама. бтв коса на бебе секој ден миете? јас откако залади некогаш му прескокнувам ден а инаку секој ден го бањам
Јас со маж ми си ја бањам тоа ни е ритуал, во дневна во коритце ја бањаме, исто секој ден, а коса преку еден. Мада сеа по ново е 2-3 пати неделно ама јас терам секој ден така ми кажаа во болница, а највише дека беба ужива и обавезно ни гука у бањарче, за зимо ќе видиме може преку еден ден да бањаме.
Ни јас не бањам сама, 4 полни месеци, ми треба помош оти ќе се укочам, имам проблеми со кичма. Еден ми ја држи под мишки, јас сапуњам. На секое бањање и главчето обавезно. За ушињата искрено не се замарам, сигурно директно во уши не им сипуваме вода, а ако влезе малце од страна па и не е страшно. Увото си има заштитен механизам, церуменот што го лачи е заштита од вода и влага.
Јас сама бањам од старт. Кога беше ептен бебе прво телцето од врат надолу, главата на крај (за да не му било ладно)... така во Ремедика ми покажаа. Под чешма ја држев под мишки, главата само малку навалена напред..
@mimiiiii Исто и јас, внимавам колку можам, ама додека го бањам од што претка знае и ушињата под вода да мижу отидат, тогаш и со стапчиња му ги чистам.Исто и за папочето мене ми рекоа не ставај гази само ќе си падне и стварно, не го миев директно со тушот туку одозгора и наместо за 10 дена ми падна за 20 и фала богу ни инфекција ни ништо немаше
Еден месец направи малата, веќе и сама ја бањам. Ако се најде некој да ми сипе вода за плакнење на крај, добро е, ако не се снаоѓам и сама. Тато генерално само полни вода и ја држи за раче додека ја мијам, демек ете помага. Додека е црвено газето, се одмиваме од половината надоле во лавабото во веце на речиси секое менување на пелена. Тоа уште полесно ми е да го направам сама, барем додека не ми е претешка да ја држам со една рака. Ништо страшно не е бањањето, најмногу психички момент е стравот ако мислиш дека не можеш. Јас кога ја видов сестрата во болница како ја мие под чешма си викав можам и јас ова. Првата недела оставив на бабите, ем кејф им беше ем јас да не ризикувам да пукнам некој конец од раната. Штом се осеќав подобро, си го земав детето, ќе го бањам како знам и умеам.
Секоја чест за оние кои од првиот ден сами си ги бањаат бебињата . Јас мојата почнав сама да ја бањам кога наполни 4 месеци. Претходно мајка ми и маж ми се менуваа преку една вечер,навечер ја бањавме пред спиење. И тоа да го немав ова столче сеуште не ќе можев сама да ја бањам,сега е и потешка. Кога почнав да ја дохранувам ја ставав на столчево облечена во полулежечка позиција какво што е столчето за да се навикне да лежи на него и по една недела почнав да го ставам столчето во корито. Сега се бањаме по пола саат. Си ужива се брчка во вода.
Slusam razni mislenja za banjanje na bebe, uste nekoj mesec i ke se porodam zdravje. Sakam da prasam vo vrska si banjanjeto. Dali koristete kupka za banjanje i kolku kapki stavate ili voopsto nisto samo voda, dali stavate samponce na glavata ili samo so voda ja miete glavata, dali posle banjanje mackate maslo za telo, mleko za telo,nekoj drug medicinski preparat ili nisto. Kolku pati nedelo banjate novorodence i dali sekoj pat i glavickata.. sekoj sovet e dobredojden. Vi blagodaram
Ја читам темава како некој од вас имате страв од бањање мало бебе Сега да бањам ме страв и мене а поминато пута два пати башка со бањав бебе од 1900гр
Нека ти е со лесно Јас бебе го бањам секој втор ден односно преку еден ден(а секој ден под чешма мијам газе).До 6 месеци користев само сапунче бекутан и за главче и за тело и ништо друго,а сега после 6 месеци користам шампонче за главчето оти веќе има косичка и сапунче за тело,јас сум задоволна од бекутан. После бањање си ја мачкам со уље за нега на кожичката и обавезно една масажичка нежна од неколку минути..ја облекувам и одма заспива
А како да ја бањам сега кога е голема за во корито, а мала за да стои? Да купам огромно корито, нема кај да го чувам и ова ми е проблем. Сега си седи, или нозете ги крева кога лежи и и штрчат нагоре. Башка општа поплава е околу нас. Да почне да стои стабилно, планирам под туш. А за овие 2 - 3 месеци, ќе се поплавуваме.