Јас имам туш кабина голема. Земавме кафичка со одвод. Прво не реков за сталак, во дневна на маса ќе го бањам. Аха. Беше живо измачување, тегни легени, вода.. па земавме и сталак, во туш кабина со се кадичка, полнам, бањам, отпуштам вода и го туширам. Се препородив.
Не. Јас кога се породив во ноември патронажните кога дојдоа ми рекоа дека е мало бебето и ладно плус нема потреба од секој ден бањање. Еве веќе сме 6 месеца и ја бањам преку еден до два дена.
Мојата е родена во јануари лани, и од старт ја бањав на 2-3 дена, но миење газе на секое какање. Летото ја бањав секој ден. Би рекла за сега не мора, здравје кога ќе биде многу жешко, тогаш да, само не со купка/шампон секој ден, повеќе само со вода.
Не,на неколку дена. Кога е какана,речиси секој ден,мијам газе обавезно. Влажни не користам,секое менување пелена бришам со бебе тупфер натопен во топла вода па сушам целосно. Креми на минимум,Веледа имам колекција и повремено на пеленска регија и лице мачкам минимално. До сега кожата и е супер,ништо се нема ни на лице ни на тело нафрлано,доколку се јави потреба тогаш ке мачкам,а на топлово време би избегнала препарати на кожата.
Вака да прашам ве читам повеќето дека не користите влажни па ме интересира зошто? И како миете газе после секое какање?
Моето бебе е месец ипол и ја бањам секој ден, но уште од првиот ден плаче. Штом почнам да ја соблекувам почнува да вика а посебно кога ќе ја ставам на бањарка многу плаче дури се заодува, целата се тресе и помодрува. Ја ставам во бањаркатс и ќебенце и ја нишам к давам да цица па тогаш некако ако пробам да ја облечам, дел по дел. Ми го крати животот секој ден Дајте некој совет како да ја смирувам, за некој ден ќе ја крстиме и многу мк е страв како ќе помине таму.
@srce-9 намалете малку, не е ихтиза да ја капите секој ден. Сега она капењето го доживува како непријатно искуство, може еднаш нешто не и се погодило и развила некој страв едноставно има аверзија од самиот чин. И препознава рутини, веднаш штом ги познае тие чекори знае дека следи капење и уште пред тоа почнува да плаче. Капи ја шреку еден ден, некогаш и преку 2. Другите денови кога не ја капиш стави ја на подлогата и само пресоблечија, ќе почне да плаче мислејки дека ќе ја капиш но ќе види дека нема капење и ќе и олесни па може ќе ја опуштите малку. Нема ништо на сила кпга даваат отпор треба полабаво. А кога ќе стопли времето верувам дека ќе и стане поубаво.
стрина ми откако се породи секој ден сама го бањаше малиот. Го држеше со една рака, ставаше купка,шампон и со другата рака го размачкуваше и потоа со тушот го поминуваше. Ниту корито, ниту сталак. Наведната над кадата за 5 минути завршуваше. Мене тоа ми изгледа тешкичко. Јас имам купено коритце, сталак се мислев дали да купувам. Ќе пробам да го бањам во детската соба на биро за право да го облекувам, ама ако не оди така ќе го земам и сталакот и ќе одиме во туш кабина. Страв ми е како ќе биде, ај ако имам помош од некого во ред, ама ако треба сама.. Ќе биде проблем.