1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бањање на мало бебе, искуства и совети

Дискусија во 'Бебе' започната од girl-miri, 2 октомври 2013.

  1. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.467
    Пол:
    Женски
    Ние се бањаме секоја вечер и си имаме рутина бањање , цицање, гушкање на спална и во креветче. 9+ сме и досега преку сила дали 10пати се немаме избањато и тоа ако се погодило да сме на гости Сеуште си го бањам само со сапунче на телото , шампон сега почнав да користам. Користиме влажни и ми се попрактични додека земам топла вода да топам туфери побргу би го измила убаво газето.
     
  2. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.016
    Допаѓања:
    5.534
    Прво не ја бањај секој ден, друго ако ја ставаш на подлога во кадичката стави пешкири да не допира на пластиката. Најубаво да ја држиш на рака и цело тело да и е во вода дур да се навикне, после одма сушиш ставаш чорапчиња прво на нозе па облакаш нагоре. Се надевам ме сфати.
     
    На crazylady, dunika и srce-9 им се допаѓа ова.
  3. SanelaS

    SanelaS Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2016
    Пораки:
    2.007
    Допаѓања:
    5.543
    Јас од самиот почеток го капам на секои три дена и освен масло за капење користам понекогаш само малку млеко во водата и никакви други средства не користам. Влажни не користам и само го бришам со тупфери, а понекогаш му го мијам и само газот. Козметика друга скоро и не користам , по капење само во пределот на пеленската регија и исто по капење му го мачкам лицето. Ова ми е по совет на сестрата која што доаѓа по пораѓањето и досега не сме имале проблеми со кожата.
     
    На crazylady и dunika им се допаѓа ова.
  4. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    748
    Допаѓања:
    1.085
    Пол:
    Женски
    Ја бањам во коритце, и ставам пелени и перниче да не лежи директно. Прво ја просипувам на рака додека да се смири па ја легнувам и покривам со тетра пелена бидејќи на голо плаче.
    Но кога ја ставам на бањарка се тресе целата и вика. Ја мотам така и ја земам да ја смирам и давам да цица па дури после ставаме пелена и се облакаме. Се случува да се помочка... :(
     
  5. Nairobi88

    Nairobi88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2019
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски
    Како шо те читам мислам дека има страв од текстури и промена на температура. Има сензорни вежби за да ги надмине тие стравови. Соблечи ја гола и уз игра гали ја по телото со различни материјали. Значи по меше, по рачиња, по ножиња погали ја со туферче, па со тетра, па со фротирна крпа, па со некоја играчка, со гума во меѓувреме пеј и прави и фацки зблрувај кажувај и што правиш... Експериментирај и следи ја како реагира ако не сака прекини па по два дена пак.
    Исто вежбата може да се прави со тетра натопена во вода со различна температура еднаш потопла еднаш поладна. Да створи осет дека тоа е нормално.
    Може нема врска вежбава со твојот проблем, но може да помогне не е тешко да пробаш
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Ако сте виделе како ги капеа во државна болница пред 14 години(не знам дали и сега е исто), тогаш ќе знаете, дека нема шанси да згрешите нешто при капење на новороденче (y)
     
  7. Ceculka

    Ceculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    А колку степени ви е во собата кај што ги капете?
     
  8. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    23.740
    Пол:
    Женски
    Мало е, Нина ми пиштеше секое капење и беше страв, после 2 месеци почна да ужива, сега се смее кога ќе е гола. Купи си мрежа за на коритцето, најпрактично е. Не биди нервозна, пеј смирено песнички, не ја туткај прменогу, па наеднаш да и стане ладно.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    25-26 степени.

    Да се надоврзам на плачењето. Мене бебушот на почеток неколку пати ми плачеше и сфатив дека сака потопла вода. Му ставав вода од 37 степени како што ми кажаа во болница и плачеше, почнав на 38 степени и си лежи, ужива.
     
    На babyboy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. babyboy1

    babyboy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    1.367
    Допаѓања:
    5.192
    Пол:
    Женски
    Па реално на 37 степени и јас би плачела...ладничка е..знам дека му одговара на телесната темп.ама па мало е му студи...иначе ние плачиме ако прво ја мијаме главата...затоа почнавме прво ножиња па телото па главчето последно за да нема плачки...не дека не плачи веќе ама пократко е :D
     
  11. PoisonGirl

    PoisonGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    685
    Допаѓања:
    1.467
    Пол:
    Женски
    Со каков термометар ја мерите температурата на водата?
     
  12. Larahappy

    Larahappy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2019
    Пораки:
    2.844
    Допаѓања:
    10.346
    Има вo аптеки и вo ДМ имам виденo бебешки се. Не се скапи, не пoвеќе oд 200 ден.
     
  13. Ceculka

    Ceculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2019
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Има и во Дм.
     
  14. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    23.740
    Пол:
    Женски
    Кај нас пак обратно, на 37 ми плачеше,38 вриштеше,36 уживаше. Сега не ја ни мерам веќе, од прилика знам која и одговара. Иначе ние пробавме да се капиме двете под туш заедно делфин мамин, родена во вода и мора да обожава вода.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Microlife од Еурофарм околу 2000 ден, се мерам со него собна температура, вода, млеко, за телесна и сл.
     
    На crazylady и Nairobi88 им се допаѓа ова.
  16. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.796
    Пол:
    Женски
    Ова планирав да го пробам само да порасне уште малку барем главчето сам да го држи. Од кога почнавте?
     
  17. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    23.740
    Пол:
    Женски
    4 месеци е бебе, сакав и порано ама видов дека ужива во коритце, па ми беше страв дан се уплаши. Случајно испадна, имаме и коритце со дување, тоа го носиме со нас ако одиме за викенд некаде ама го заборавивме дома, па опција беше под туш.
     
    На Jana06 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Здраво мами
    Јас сум тек на пола бременост ама редовно ве читам во одделот Бебе за да бидам спремна за тоа што ме чека.
    Највеќе ме интересира бањањето. Сакам од старт да сме сами со мм без баби свекрви дедовци чуда зашто ако попуштам 10 души во 40м2 стан ќе ми се испикаат а плус кутре имаме не сакам да го збудалувам и него..
    Јас имам голем страв од ова бањање уште внукот кога го бањаа мојте со страв гледав и сакам да го надминам со време.
    Па како се снаоѓате каква кадичка е најдобра треба ли да сум под волку стрес..дали и вие сте или бевте .. на што се внимава при бањање што ако се загрцне триста мисли ми проаѓаат:headbang:? :x:?:
     
  19. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.505
    Допаѓања:
    23.740
    Пол:
    Женски
    Јас бебе 6 месечно немав кренато од страв,верувај за свое не е така. Затоа се вика мајчински инстинкт, уште во болница без никој да ти покаже ти ќе си спремна да го преслечеш најдобро, да го избањаш, посебно кога ќе мораш ти да ја превземеш контролата и одговорноста над се. Опушти се и уживај во бременоста, потоа ќе уживаш во бањање. Купи си мрежа за во коритце тоа е за новороденче и е ептен практично посебно додека не е падната врвцата од попочето, немаш потреба од скапи корита, јас ја имам таа на чико, накрај уште една купив од пласичарска за 200 денари и е поудобна каде каде. Од што да се загрцне? Па не нуркаш со него.. ако плаче е нормално, ново нешто е за него, не е сигурно уште, безпомошно се осеќа. И како што кажав на предходниот коментар, без паника ако плаче, тебе те осеќа, ти ја осеќа енергијата и тоа уште посилно вриска.
     
    На Milkiway му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milkiway

    Milkiway Популарен член

    Се зачлени на:
    1 април 2020
    Пораки:
    7.221
    Допаѓања:
    18.965
    Супер фала ти многу што ме охрабри. За коритце планирам таква кадичка со постоље бидејќи во тоалет сме со туш кабина и никако немаме место да ставиме корито за и двајцара да го бањаме значи ќе мора спална или дневна. Ќе барам обавезно таква мрежа