Дали се слична цена со Мустела? Сакам да купам Веледа, се мислам. Туку, едно прашање, на почеток додека да падне папочето, нели не треба да се топи со вода, како ги бањавте тогаш бебките, ме интересира?
Веледа е прганска козметика, мустела е хемија. Топла препорака за веледа. Му лепев нешто како фластер, а потоа пелена и на рака. Не го бањав јас ама таа е постапката.
Мене у болница кога ми покажуваа капење ми кажаа ок е да се топи НО само под проточна вода. Никако бебе да лежи у вода додека да падне папочето.И обавезно поминување со газа натопена со 70% алкохол откако ќе избришам цело тело.
Веледа ти ја препорачувам. За почеток не е страшно и папочето да се наводени само да не се потопува во вода. Јас ја бањав ќерка така што со едната рака ја држев исправена со лицето свртена надоле према кадата. Не го заштитував папочето ама внимавав да не се натопи ептен. Во водата капнував малку од купката на Веледа, а со другата рака ја полевав и одмивав. Не е страшно, сигурно ќе ти покажат и во болница. После секако го чистиш папочето со алкохол.
Мислам дека Веледа е поскапа од Мустела ама не сум сигурна. Знам дека купував шампон+купка, крема за пеленска регија и лосион за тело за околу 1600 денари. Сега во последно мм купува и го немам прашано ама и доста попусти имаше. Многу полека се троши и многу е нежна козметиката. На почеток додека падне и заздрави папчето, мм го држеше во раце над корито со мешето надоле, а јас бањав. И да се натопи не е страшно се додека е чиста вода, после сушиш убаво. Ако ти е шубе можеш да ставиш лепенка, има едни самолепливи.
Да мене шампонот за бањање еве веќе 3т месец го користам истиот не сум купила второ паковање ептен се исплати Со тоа што бебе преку еден ден го бањам
@Jana06 @Milkiway @Lovebug01 немаат 2 во 1 шампон плус купка? Или вака е подобро посебно? Некој да не знае каде имаат попусти на Веледа?
Уште нешто, дали да земам и крема за лице посебно, или нема потреба од тоа за почеток? Планирам, шампонот+купката, лосион за тело, крема за пеленска регија, и друго нешто..?
Имаа едни куферчиња околу 1500 сите 3 работи ги спдржат најисплатливо доаша шампон крема за пелена и крема за лице пиши им порака дали ги има негде уште и провери по аптеки
Јас на лице никаква крема не му ставав зашто немаше потреба. Понекогаш го мачкам со лосионот за тело ама ептен ретко, за 8 месеци дали до пола го имам потрошено. Ќе видиш колку ќе биде мека и убава кожата, стварно нема потреба од ништо. Кога го мачкав на тело, 2-3 пати му ставив и на лицето и му се појавија црнки Од тогаш му немам ставено. Не знам кога треба да се породиш ама можеш кремата против студ да ја земеш, многу е добра, а секако тоа можеш и накнадно ако треба. За старт доволно се тие три. Понатака кога ќе става се во уста може да се појави црвено околу уста, па ќе си земеш некоја крема, јас Еуцерин користам за тоа, одма му поминува.
Крема за пеленска регија, шампон/купка и крема за лице за да го мачкаш кога студи или дува ветер (некои креми за пеленска регија можат да се користат и за лице), а лосион за тело не мора да купуваш одма, нема потреба да го мачкаш цело тело, убава ќе му е кожата и без лосион
Фала ви женски, ако ми текне уште нешто пак ќе ве прашам, имам време за пораѓај 8ми месец сум, ама сакам пополека да завршам со некои работи за купување.
Нормално, спремај си се пред време со се што можеш, а за некои ствари има време да размислуваш и додека си во болница, па ќе му направиш листа на маж ти
Посебно ако ги купуваш се, купка 2 во 1 е 600 денари, лосионот околу 800, а крема за пеленска регија е 450 500. Има куферчиња скоро секогаш, јас дали еднаш два пати сум купила само купка. Куферчињата се 1200, така нешто, кремата за пеленска регија излегува гратис. Има и купка и крема за пеленска регија комплети. Попусти има ретко, 20 % најмногу, и тоа за време на блек фрајдеј, празници и сл. Скоро секогаш го има куферчето што за старт е супер, со топ цена за тој квалитет. Јас сега зедов лосион од колекцијата со бел слез, предобра е за сува кожа. Јас посебно купив и крема за лице, околу 600 денари е, со месеци ја користев само за лице.
Да, исплатливи се само не секогаш ми требаат сите три. Сега ги купувам само кутиите со шампон и за пеленска регија.
Мене не ми бркаат работа тие куферчињата, најмногу крем купувам бидејќи му ставам пред пелена да му облечам. Почесто кака сега откако јаде цврста храна и тамам му е таа за заштита. Не му се зацрвенува газето и ретко ја користам таа со цинк. Шампонот и купка го користам, но вторпат купив и не се троши брзо за да земам комплет. Млекото за тело исто така не ми се троши брзо, а ни маслото. Поединечно купувам, знам дека се исплати со куферчињата, но не ми се потребни сите работи. За почеток кога ќе се роди да, супер се исплатливи комплетите.
Јас или куферче или купка купувам сега. Два три пати купив купка и за пеленска регија ама споро се трошат за пеленска. Една отворена ни третина не е потрошена и една во кутија. Не го бањам секој ден, кога кака му мијам газе само. На 2 купки, 1 лосион трошам. Комбинирам некако. Муабетот беше дека за почеток куферче е исплатливо.
Куфечето на Веледа со три производи внатре јас го земав 1025 денари од аптеката во Капитол што е. Верувам понатаму за пеленската регија повеќе ќе се користи и почесто купува, ама за почеток супер е куферчето.