А толку реквизити за бањање имам, сталак, кадичка, подлоги, ова-она... Едвај чекам да го мијам по 100 пати на ден
Мајкаа кај сите е исто првите месец дена ама утеха Се плашат од допирите наши. За нив вода е многу позната средина нели толку време биле во вода но не им е познато некој да ги допира додека се во вода. Едноставно трае вриштењето додека се навикнат. Кратко нека трае бањањето за да не се вознемирува нека биде одмиено со водичка и облекувањето колку што можеш ке гледаш побрзо да го правиш. За ритуали смеење галење не се секирај за брзо ке дојдат. Па ке обожава не ке сака да се вади од када и така
Мојата мораше да биде наспана, најадена со сите салтанати по ред. Не смеев да и го поместам редот. Еве 4 месеци скоро уште е табиетлија иста. Пробај со по млакичка вода и збори и многу. Кај внуките функционираше системот на зборење: "ооо бања бањ " се додека трае процесот
Гледам бањањето да трае 1-2 минути, уствари не е бањање, миење е само мислам дека ни литро вода не трошам, ама само штом осети вода жал да те фати слушајќи го... А не ли повраќа најадена? Сакав и така да пробам ама викам да не почне да повраќа па да не знам кај да фатам попрво. А за зборење инаку зборам како удрена он гласен ја погласна, дури мислам комшииве потписи ќе собираат да не иселат од зградава
@Dee*Tee Да не му е ладна водата? Ќе си помислиш еден степен ништо не менува ама кај моево мењаше. Пробај 37 како телесната температура. Инаку, сите плачат на почеток, ќе се препотуваш, ќе ти биде жал ама игнорирај една минута секако бањањето е ептен кратко. Замотај во пешкири и гушкај го прво да се смири, па ќе го облечеш. Брзо ќе помине тоа и кога ќе почнеш да го легнуваш веќе во вода ќе ужива.
Кога ќе стане од спиење и давам да цица. Ждригнува и ја ставам во релаксатор да и спадне да не ја гмечам. Додека седи она јас организирам за бањање спремам вода... Ја оставам малку голка 2мин да се порадува и на бањање. Овој ред несмее да се помести во спротивно и за нас потписи ќе собираат
Мене до сега ни еднаш не ми плачела, се бањаме секој ден околу 20,21 часот, прво се буди, па малку се мазиме, и веќе коа ќе почне да хистерише пошто е гладна почнувам да спремам, ја соблакам и се бањаме, па после следи јадење и спика до 5,6 сабајле...
Па ја мерам цело време, во болница ми рекоа 36 до 37 да биде. Јас и него му мерам температура од страв. Вака и на рака фаќам прво кај мене, не ми делува ни ладно ни топло. Мене не ми е тоа проблемот што ќе вика, ама што се врцвенува цел и почнува да липта како да зајдува.. Душа немам веќе кога ќе дојде време за бањање
Пробувај различни начини како потопла просторија, потопла вода, сабајле/навечер бањање, ќе помине ова. Ако ти е стресно периодов миј му го газето само и полека ќе се навикне.
Да не е гладно? Кај нас така еднаш-два пати вриштеше, додека сфативме дека гладен не сака да се бања Додуша гладен ништо не му се прави, ама ајде Јас му давам да цица обично и кога ќе видам дека е поднајаден, го соблекувам, во меѓувреме татко му ја спрема кадичката, го бањаме, облекуваме и пак му давам да се доцица после тоа.
Па еве нареден пат ќе пробам да го најадам, да ждригне, да одмори некоја минута па да видам дали ќе ми успее. Во болница кога ми покажуваа бањање го имаа најадено и сестрата ми нагласи немој најаден да го бањаш пошто ќе ти повраќа, ама ние му дадовме сега малку. Само што го рече тоа детево се утепа од повраќање и на бањање и на облекување... И јас си реков најаден никако, ама изгледа ќе морам и така да се обидам. Фала ви на сите за советите многу Сега ќе пробувам комбинации иако знам дека не е возможно скроз да не плаче пошто голем плачко е
@Kolache na mama пишувам за да ти кажам дека ќе ве благословувам вас тука на форумов. Прв обид делумно успешен со сменети рутини, малку најаден, станат од спиење, со 36,5 температура на водата, @LucyLu и со викање "ооо бањ бањ" Уште неколку пати и веројатно ќе биде добро. Сега малку само заплака, ама далеку е од она вриштење што беше. Фала ви на сите
Моево беше такво на секое бањање. Во втор месец се потсмири. Сега веќе ужива (5 месеци). Ми текнува и кога ми покажуваа бањање во болница... кратка хорор приказна. Плаче цело време, вцрвенета цела, срце ми се кинеше. Ама некако се навикнавме дека тие 5 мин така ќе биде. Цуце и цице увек беа спремни за да се смири па да ја облечеме.
Vi se kakaat li bebinjava po banjanje....ne mozam da doperam toa gomcata. Sve super sega saka da se banja, ja motam u peskirine i dur se guskame usi da iscistam taa ili ke prdne i so toa obavezno malce gomce iskaca ili ke se podmoca....skoro sekojpat epten retko peskir poveke od ednas da se upotrebi
Еве година направи и сеуште кака после бањање. Како новороденче какаше во пешкирите, сега во пелената.
Денеска го бањабме бебушов со маж ми,со рачето си стави пена на очите и устата......ја го исплакнав со вода но му се црвени и од устата цел ден му излага пена и поткашлува.....дали има место за паника ептен ми е страв да не му се деси нешто инаку го бањам со бекутан од камилица