Јас имав слично, ептен го користев за децата. И во кадичка и во туш кабина со тоа ги бањав додека да почнат да стојат.
Ние купивме од Локо Кроко на склопување за да не ни зафаќа простор, околу 2 500 беше, за после истото да го видиме во Веро Џамбо за 1000 (го има и во Андреј Компани, само не ми текнува на цената)
Како ги бањате после 6месеци откако ќе почнат да седат ? За главчето ми е страв да не и влезе во уво, носе..
Taka kako sto sedi, pustam mlaz voda 2 sek tegam pa povtoruvam. Prvin voda turvam so raka navodenuvam pa so tus isplaknuvam.
Со ваква капа и гајле нема. А за лежечка положба топло ги препорачувам мрежичките за корито. Кичма ми отиде пред нив, а со мрежа се препородив и плус и сама можам да ја избањам без проблем https://nikmit.mk/products/giggles-zastitna-kapa-za-banjanje-na-bebe
Синко следна недела прави 4 мес, откако почна стабилно да држи глава, под мишка фатен во туш кабина го бањам. Ќерката исто така ја бањав. Корито за децава користев до 3 месеци негде.
Како успеваш да му ставиш шамопон и да го измиеш секаде? Моево ептен многу мрда неможам со една рака да го држам
Не знам како, цврсто го држам трљам со шампонот секаде и тушот после, за 1 мин е бањат. . Мрда многу и мојов ама сестра му повеќе мрдаше и беше слабичка многу, како змијулче да бањаш . Со нејзе на почетокот влагав и јас во туш кабина, сега мука немам од надвор. Пракса ваљда