Не. Нема потреба секој ден. Миење интима и газе секој ден. Лице исто. Бањање 2 пати неделно. Нема потреба, им се суши кожата.
Со што го миете газето, користете сапун ики нешто друго? Само со вода ја измив малата ама останува од кремот на препоните И очињата како да ги исчистам? има гурелчиња во внатрешноот агол.. гледам со памук и физиолошки некои ги бришат..
Со вода и ако е какана, со малце од гелчето за бањање што и е. Креми не и ставај на пеленска , ако нема црвенила и слично. Јас имам заборавено, кога последен пат сум ја мачкала. Јас очи чистев со стерилна газа, потопена во превриена вода. Од надворешна страна, према носето. Така се спречува ширење на инфекција ако случајно ја има.
Во кој период од денот е најдобро да се бања новороденче? Дали пред јадење, после јадење, спиење…? Ритуалите за сега се менување пелена, јадење, па заспивање 2-3 часа ако издржи толку па во кој период е најдобро?
Кај нас бањањето е во ноќен ритуал. Ја бањам секој ден пола саат пред спиење и млеко. Во 19:30 бањање, после масажа со лосионче, дувкаме на тивко со фенот, пелена, облекуваме пижами, млеко во 19:50 и 20:10 најкасно е заспана.
И ние исто ја бањаме навечер пред спиење. Многу се опушта, ужива во бањањето, па се масираме со лосионче, облекување, и во спална на темно со пригушена светлина и шумишот, јаде и заспива.
Навечер го бањам цело време. Дефинитивно поубаво спијат кога се бањати. Син ми ужива во водата, па со мерак си го бањам секоја вечер. Не е грешка кога и да го бањаш, ама според мене подобро навечер малку пред спиење, многу ги опушта и подобро спијат.
а во кадичка ги бањате? Зошто мене во ремедика ми покажаа под чешма, го држиш ко гол полжав и многу е стресно. Успеавме да се избањаме меѓутоа тој начин ме трауматизира
Јас немам нерви за кадичка (иако купив и тоа со постоље). Многу процедура ми е за 5-6 минути бањање. Инаку додека и падна папочето баш така ја бањавме како во ремедика под проточна вода на чешма. Од прв ден сака да се бања мојава и општо вода сака и затоа може не ми беше трауматично. Откако и падна папочето на вакво столче со тетра горе ја легнувам во туш кабина и маж ми ја тушира со слушалката од тушот, јас сапунирам, она се смее. Сега за сега вака ми е полесно, а кадичката планирам да ја употребам кога ќе биде поголема малку за подолго бањање.
Ќе си ја ставиш во кадичка за месец дена кога ќе почне да ти се врти, ќе сака да стане и ќе прави акробации Па и коа ќе почне да шљапка со ноџиња да се радува