Мила, а од кога почна да си заспива тоа време? Од кога и е така рутина? Дека дечково мој е 5 недели и може и 2-3ч да е буден после бањање, па знаеме да се нишкаме и до полноќ.
Откако ми стана јасно дека прекасно успивам мало бебе. До тогаш цело време ја легнував 10-11 навечер и на пола саат се будеше и плачеше зошто очигледно била преморена плус грчеви. Седнав еден ден и си измислив рутина, немам отстапено ниеден ден. Кај и да сум, во 19:30 сум дома. Сега баш проверив, имам слика во телефонот од првата ноќ. 12 февруари било, значи точно 5 недели била. Е во мојава рутина има и downside, заспива врз мене и никако другачије, така спие 2 саати па тек тогаш иде во креветчето.
Ние ја бањаме секогаш во 8ипол. До 9 саат веќе сме во спална, цица и ја легнувам во креветче и си заспива докај 9ипол, 9 и 45 отприлика.
Таман ти е сега да почнеш да му правиш рутина. Секој ден исто. И гледај барем саат пред да го бањаш да е буден. Па таман ќе го избањате млекце и ќе му дојде да спие. Прати си една рутина цело време у ќе му створиш навика.
Додека да падне попочето на рака ја држев ама не под чешма, со чашка полеваше маж ми јас ја мачкав исто ова над корито, кога падна на мрежичка ја легнуваме на коритото и баш ужива. Првиот пат е стресно само
@QweenSM баш вчера ми излезе на Инстаграм еден пост дека бањањето во ноќна рутина не секогаш функционира исто кај сите бебиња, односно кај некои може дополнително да ги стимулира и не мора по секоја цена да биде вклучено во ноќна рутина. Види што ќе функционира кај вас, ако ти е буден подолго и потешко се успивате после бањање тогаш не го практикувајте Јас пример немам бањање во ноќна рутина, најмногу зошто моево ич не сака да и е ладно и можам на прстиве од една рака да избројам колку пати сме ја избањале без плачки
Како ви успеваат рутините? Близнаци имам, некој ден ќе спијат цел ден, навечер ќе се будни, некој ден ќе спијат поголем дел од денот, навечер пак спијат, некој ден се будни повеќе, навечер едвај заспиваат…. 3 месеци се, секој ден е различен. Ќе заспијат на пример во 21:00, на наредниот оброк во 00:00 додека јадат ќе се разбудат и си гукаат до 02:00… Не паметам после бањање да заспале и да тераат до сабајле, дремка само и будење. Рутина тешко…
Не се откажуваш од рутината. Константно ја правиш. Им ствараш навика. Мачно е, ама ќе се навикнат. Сега секое дете е различно, ама пробај.
Ја тераш рутината секој ден , без исклучок. Кај нас не успеваше на почеток, што е нормално. Ама од прв ден сме биле со рутина и ден денес не отстапувам. Со тек на време ќе влезете во шемата.
Треба да купам корито за капење, размислував за вакво бидејќи нема да фаќа простор меѓутоа сите вакви што ги има по продавници во мојот град се премали (внатрешен дел 65цм). Дали имате искуство со ова од беби мерт или општо ваква кадичка?
Јас не го купив од бебе мерт туку од др место ама според кутијата ми изгледа истото. А претходно и друго вакво имав купено. Толку се внатре и двете, ова седиштето го собира таман и тоа е. Мене ми се океј, затоа што засега дури не седи седиштето ептен врши работа, кога ќе си седи си викам пак ќе и е доволно простор затоа што ќе е седната
Јас имам,задоволна сум..само кога ќе бањаш бебе немој со рацете да се потпираат на страниците оти може гумата да се свитка/затвори
Јас имам вакво од Gencbebe купено, не сум задоволна, не е безбедно. Кофата цела се собра и истече водата..
Од twistshake исто имат ваква кадичка, си викам можи е поквалитетна. Или од stokke ако некој има искуство да сподели од ваквата када?
@plavata212 Ја имам јас на stokke. Кај стигам, секаде ја препорачувам. За нас бањањето е 3 минути макс. Кадата сколепа стои во туш-кабина. Само ја отвараме на лице место, бањаме и склопуваме. И делот за новороденче е мнооогу добар. Претходната кадичка ми беше на shnuggle, демек соодветна за новороденче, нз што; врска нема. На два месеци некаде ја сменивме со оваа, и многу е практична и квалитетна.