Бањање на мало бебе, искуства и совети

Дискусија во 'Бебе' започната од girl-miri, 2 октомври 2013.

  1. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    5.075
    Пол:
    Женски
    И јас ја имам истата, али искрено уште од сам старт ја ругаме со маж ми, воопшто не ни се виде практична ни удобна. Знаејќи дека и твојата девојчица е пргава и цело време е во движење, не ти ја препорачувам. Мојата така убаво летна пред некој ден, ми го скрати животот за 10 години. Се исправа цело време, ама пред некој ден некако успеала да се лизне дур ја сапунисувал маж ми, изгубила рамнотежа и наглавачки излета од кадата. Среќа маж ми изреагирал експресно, а и она успеала некако да се задржи. Јас ги фатив како она со главата е скоро до доле, со рацете се држи цврсто за сталакот, а маж ми како одвај ја држи за нозе. Прејезива слика, одвај се смиривме после тоа. Одвај чекам да добие уште малце на стабилност за да можеме да ја тушираме и да се отарасиме од кадичката. И нарачав од тему таков сталак за да се држи исправена, али уште го немаме пробано. Вака ми личи дека тоа е попрактично решение од кога ќе почнат да стојат.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Hygge-girl

    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    На твоево ќе се надоврзам и јас зошто и ние исто збориме цело време колку не ни се погоди. Претешко се мести кадата на сталакот (а уште потешко се вади), не ми стои склопена (и јас сакав да стои во туш кабина ама се отвара). Делот за новороденче е пластика претврд, ако го легнеш (да не речам седнеш) главата му оди надолу, морав со една рака да држам позади глава и кога почна да ја држи сама. Тоа за испуштање вода цревото и капачето исто така тешко се вади/става… на видеава лесно изгледа дека се хендла ама ние не се испраксиравме никако. Добра работа е ако одиш негде можеш да си ја склопиш кадичката и да си ја земеш, за друго не би ја купила пак, особено не за тие пари.
     
    На Hygge-girl и Noemi им се допаѓа ова.
  4. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.898
    Допаѓања:
    16.285
    Пол:
    Женски
    Дај линк од сталакот од Тему.:D
     
  5. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    3.222
    Допаѓања:
    12.199
    Леле хорор, јас пак од таа причина сакам да ја сменам моменталната, цврста и стабилна е ама плитка ми е веќе, она пробува да се прекачи, се врти на колена, секој ден е клизава борба. Се мислев дали вреди допрвин да земам дека кај и да е стоечки ќе почнеме, фала што сподели (fingers)
     
    На Hygge-girl и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  6. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    5.075
    Пол:
    Женски
  7. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    492
    Допаѓања:
    5.075
    Пол:
    Женски
    И оваа не е нешто предлабока, кога ќе се исправи и доаѓа нешто малку под газето. За мене искрено не вреди, не е безбедна, а секако и не е баш евтина.
     
    На Noemi му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ♡☆♡

    ♡☆♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2024
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    112
    Дали бебе до 40 дена мора секој ден да се капе?
     
  9. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    3.014
    Допаѓања:
    12.725
    Пол:
    Женски
    Јас ќерка ми не ја бањав секој ден, преку еден ден, освен ако се направеше лом па да ја средам само кај пеленскиот дел, после па видовме дека е со атопична кожа, преку 2 дена ја бањавме и ден денес исто.
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Veta

    Veta Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    2.934
    Пол:
    Женски
    Јас моето секој ден го бањам иако е поголемо. Им олеснува
     
  11. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    779
    Допаѓања:
    784
    Пол:
    Женски
    Првите два месеци ја бањав два пати неделно (секој ден газе).
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.744
    Допаѓања:
    27.223
    Пол:
    Женски
    Не мора ама јас ги бањав ради што така им направив рутина, после тоа знаеа дека е време за млеко и спиење.
     
    На ♡☆♡ му/ѝ се допаѓа ова.