И јас се плашев ухууу и тоа како!. А сега уживам да ја бањам Подготвувам вода во корито,со рака провувам како ми е водата,ја пресоблекувам малата и со левата рака ја држам кај главчето а со десната ја бањам,потоа веднаш ја завиткувам со бањарка и ја облекувам исто и капче и ставам,гледам да си има капче секогаш бидејки не е сеуште топло топло времево
Мамички сакав да ве прашам нешто.Пред извесно време слушнав дека кога се бања машко новороденче не смее да му навлезе вода во папочето додека не му падни.Вистина ли е тоа,јас очекувам машко бебе иако сум на средина од бременоста сепак ме интересираат вашите искуства
Без разлика дали е машко или женско, додека не му падне папчето и не му се затвори убаво не смее да се мокри. Обично се покривс паплето со нешто памучно дали пелена или некое боди шо е соблечено.
Додека не се направи папачето и не е некој бањане тоа,ке внимаваш многу да не се накисне папачети и плус тоа се бајнат малце набрзинка,да не настинат па некои плачат и така. Додека се среди првиот месец ке виде така а потоа ке се среси малце по малце кога зараснуват и сакат се повеке во вода да се
Јас од првата недела иако знам многу мајки кои до 40 дена не користат шампон. Ние веднаш почнавме со шампонче и купка. Инаку уживаме додека ја бањаме малата и јас и мм и бебушка. Досега ниту еднаш не ми заплакала за време на бањањето, си уживка срцето мамино, си плеска во коритцето . Па потоа се масиркаме со млеко за тело, и тоа и е големо задвлство...но кога ќе дојде време за облекување плаче, сака уште уживање. А јас толку многу се плашев како ли ќе биде кога јас ќе треба сама да ја бањам , сега ми е тоа најголемото задоволство.
Дали некоја го има користено шампонот на Чико,и дали е добар,освен Џонсон и Бекутан некој друг да ми препорачате? И дали во коритото ги легнувате вашите бебиња,или пак ги држите со раката на стомачето,кој начин е правилен за бањање на бебето?А подлогите што се ставаат на коритото дали се стварно корисни за да знам дали да си купам или не.Совет?
Јас ја држев левата рака под главчето на малава кај вратот а со десната ја бајњав,оти беше предвреме родена користев обични пелени кое беше завиткана пред бањање а потоа пелената стоеше на дното на коритцеро и така помеко и беше.
Од чико сум презадоволна со двете деца. Првиот месец додека е помало и заради заштита на папчето кое не се топи додека зарасне го држев на левата рака кај стомакот со ставена памучна пелена или лигавче на папчето. После еден месец како што кажа гирл мири легнато со левата рака под глава со десна бањаш- прво глава, врат, раце, гради, стомаче, гениталии, нозе па го вртиш од др.страна, левата рака под градите односно двете рачиња над твојата рака, и го бањаш од позади цело и се плакнете. Внимавај да не му влезе вода во ушињата и добро да го избришеш зошто не местата кај што е превиткана кожата ( меѓу препони, на врат) ако остане вода се прават рани, ама ако постојано останува вода. Се надевам помогнав
Моментално користиме бебешко шампонче од Нивеа, добар е, може да го пробаш,ние сме задоволни. За подлогите во коритцата што се стават можам да кажам дека се ептен практична работа. Јас мојата бебушка три месеци ја бањам со подлога (најпрвин од оние со фротир што се, а сега пластична подлога користиме) и сега да треба без подлога да ја бањам ми е страв, нема да знам како Ја кревам во раце и ја легнувам на стомак само на крајот од бањењето кога сакам и грбчето да го измијам а инаку така си лежи во подлогата и немаме мака. Некои мајки наместо специјална подлога во коритцето ставаат повеќе крпи па го легнуваат бебето на нив, ама јас мислам дека кога веќе постои специјално помагало кое го олеснува бањењето тогаш е попаметно тоа да се користи. А и подлогите ич не се скапи, нашата е околу 300 денари.
Јас секојден ги бањам и двајцата, можеби и нема некоја потреба за баш секојден особено поголемиот ама веќе ни е ритуал, бањање, цицање, млеко за поголемиот, приказна и на спиење, ако го прескокнам бањањето ради некоја причина и двајцата едвај ги успивам.
Да, секој ден се бањаме. Е во декември,јануари, февруари ќе скокнеме по некој ден. Инаку како што кажа батерсвит- ако не се избањаме некако ни се пореметува заспивањето.