јас не ја капам малата секој ден. ја капам три или четири дена во неделата. секој ден само го миеме газето какано или ќе ја истиширам. а за тие што се како постољина за капење купивме ние ама ич не го употребивме. малата многу е немирна и само прета па не ми беше сигурна.
Не сваќам како ги држите со раката кај главата Досега го држев кај стомачето за да не се намокри папучето,но сега за косата ми е страв како да го бањам,незнам како правилно да го држам да не му влези сапуница во очињата
Во анатомско корито, левата рака помеѓу вратот и главата и тоа до лежи, и така ја бањам косата, и така и се плакнеме- сапуницата тече наназад.
јас еве месец дена ја бањам сама без никаква помош..на почетокот мислев нема да можам ама ние мајките на сме сме способни кога е во прашање бебето..
сунгер е најпрактично..јас сум презадоволна...мрежите не се практични..недај боже да се подоткачи од едната страна......
Секој ден, и олекнува кога ја бањам на оваа жешко време. Нас бањата не ни влијае на спиењето. Многу ретко се случува да заспие после бањата.
денеска серко мој си се искака во коритце па од бањање одма на дополнително бањање, не беше какан 7дена па убаво си се олесни ццц ова прв пат ми се случу. Инаку јас го бањам легнат во коритце прво ставам една пелена низ цело коритце потоа уште 1 под главчето за да не му влева вода во ушињата, не го држам си го бањам со двете раце и му зборувам а он се смее и си шлапка, кога го плакнам со чиста вода го земам во една рака а со друга го плакнам. Најмногу сакам сама да го бањам бидејќи тогаш е најмирен а ако има некој друг да ми помага тогаш многу прета кога го плакнам па едвај го додржувам со двете раце
Лелеее колку уживаме кога се бањаме дури си пее аааааа аахаааааа ахааааа многу ужива кога ја бањам и со ноџињата она ме бања мене
Cela voda e nadvor a koga ja obrakam na grbceto da ja izmijam, nemozam da ja zastanam. Se ispravuva i odi niz koritoto so nodzinjata hhahha mnogu mi e interesna.
мајки од кога почнавте да го легнувате бебето во коритцето,ние сме скоро 40 дена,и во раце уште го банјам како што ни кажа патронажната.од кога можам да го легнувам.имам и леЖАлка за во коритцето позз
^ Јас почнав да ја легнувам 10-тина дена откако ни падна папокот. Чекав убаво да зарасне, по препорака од патронажната. Вие сте големи, мислам дека можеш да почнеш да го легнуваш бебуш.
јас го легнав на 41 ден, бидејќи откако ни изминаа 40 дена отидовме кај моите на гости и мајками ми покажа како легнат да го бањам дека полесно ќе ми биде и на мене а и поубаво ќе го избањам и навистина е така, може и порано ќе сум го легнала ама ете немало кој да ме подучи сите се тука само за памет да солат а за добар совет не, така да слободно легни си го бебенцето
nas papceto ni padna 11ot den cinam,potoa uste nedela dena ja banjav na race dodeka ubavo da zarasne papceto.Znaci negde posle 3 nedeli ja legnav vo koritce da ja banjam.Vie moze i porano dokolku papceto e zarasneto,mnogu polesno ke ti bide,a i bebus ke uziva vo banjkanjeto.
Јас уште по термометар се водам за вода еве 2 години. Немам осет, а и лично не трпам топла вода, со млака се туширам, па морам да проверам за него да не го измрзнам. Мм па обратно, над 40 му ја прави водата секогаш, па ја ладиме.
Ние и со термометар и во коритцето имаше и синко нон стоп плачеше кога ќе го капев и еден ден јас ја пробав со рака и не ми беше доволно топла и ставив потопла и еве сега не плачи сакал потопла вода како мене