Јас ниеднаш термометар не искористив. Проверувам да ми е мене ок водата и толку. А купив За во соба имаме од парното мерач и секој ден ми иде да го скршам, мм само со него во рака е и туку ја покрива беба навечер
Мајки секој ден ли ги бањате бебињата? Јас до 40 дена секој ден ја бањав, па почнав преку еден ден за сега да ја бањам 2 пати неделно. Газе миеме секојдневно. Мислам не правам лошо.
Кога сум ептен многу уморна или немам време не ја бањам само ама тоа до сега се случило 3 пати а 2+ сме.
7месеци е и од кога е дојден дома го бањам секој ден. За да се освежи пред спиење и башка мојов е склетџија па се препотува. Сега зимово планирам преку еден ден бањање за да не го испонастинам ( во стан сме и парното во Аеродром е крш ) башка и не верувам да се препотува толку. Се десило неколлу пати да промашам ако заспал порано или сме биле на гости па за да не го реметам не сум го бањала.
Два пати неделно е доволно. Не е убаво секојдневно бањање. Првото го бањав секој ден првиот месец, после ми кажаа да не претерувам, бидејќи со секојдневното бањање се уништува природниот заштитен слој на кожата и се суши многу. Особено сега во зима. А во лето може туширање секој ден. Газе мијам секој ден, пред спиење.
Во Систина на предавање рекоа 2-3 пати неделно е во ред. @Annath сакам да имам ред ко тебе Ми се поклопуваат мислењата со твојата пракса
Откако залади и јас го бањам синко секој втор ден. Секој ден миеме газе со тоа си го запазувам ритуалот. Бањање/миење газе, цицање, спиење.
другарка се породи во Америка. педијатар и рекол до 40 освен газе миење ништо друго, баш заради тој заштитен слој од матка што го имаат. Искрено касно ми кажа, а ми има логика. Мојов дур се адаптираше беше хорор, се некој осип му се јавуваше а нејзиното едно брумче до сега нема. Може е коинциденција но искрено со второ така ќе правам, ако е родено есен зима. За лето ова не би, сепак се потат.
Do 40dena ja banjav sekoj den ili ako imase nekoj dojdeno ke skoknev.Sega veke preku den.Nema potreba od sekojdnevno banjanje na tolku malo bebce.I jas ko ostanatite clenki,gaze i mijam obavezno.Inaku maka macime koga treba da se banja.Mnogu mi place koga e soblecena.I pampers koga menuvame vristi,se trese
Уште е мала. И моиве двајца првите денови плачеа на менување пелена, не дај Боже да бањање да ги соблечеш, мислиш дека ги коле некој, како вриштеа. Ама за кратко помина, сега одвај чекаат бањање. Кај малата можеби се оддолжило малку дека е прематурче, поосетливи се. Ама не е страшно, ќе смени.
До 40 дена ја капевме секоја ден.А сега на два дена.Мојата обожава капење,кога се капи е многу мирна ни мрда ни плаче.Од првонја капеше мајками дрка многу малечка а сега почнав и самата
ова 2-3 пати неделно и за новороденчиња? Ги капам секој ден, и мислам да ги капам до 40 дена а баш зедов да читам во темава дека доаѓа поладно време па се прашував дали е неопходно секој ден
Мене во болница кога ме учеа како да го бањам бебето ми рекоа еднаш неделно да го бањам или на 10 дена еднаш. Ама јас до 40 си го бањав секој ден потоа на 2-3 дена.
Мислам дека зависи и кога е родено бебето, дали лето или зима. Ќерка ми се роди зимно време и ми беше страв секој ден да ја капам, на 3 дена одприлика. Кога се стопли секој ден, некогаш и по 2 пати на ден, почна да лази, стално во движење и многу се потеше. Многу поубаво си спие капена.
И на мене ми кажаа во болница секој ден. По приватниве кажуваат 2,3 пати во неделата, а во странство уште помалку пати. Мислам дека е многу секојдневно бањање особено зимоска. Ама ние така сме научени.
Моето е родено на Јануари и го бањам секој ден од кога сме дојдени од болница. Јас се туширам секој ден па и него го туширам. Тоа ни е дел од рутината за заспивање.