1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бањање

Дискусија во 'Дете' започната од Rossana, 6 мај 2010.

  1. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43
    Од моментот кога детето ќе стане активно, има потреба од секојдневно капење, за да се отстрани нечистотијата наталожена од играњето. Повеќето деца го сакаат капењето и уживаат додека се бањаат, затоа што им се дава можност да си поиграат со водата и оставете ги да си играат онолку колку што сакаат. Ако се јави потреба да го бањате детето после спиење, најпрво нахранете го. Времето поминато во бањата искористете го за да го запознаете детето со деловите од телото и како да ги мие секој од нив. Дајте му сунѓер или фротирска ракавица за да може само да ги измие, научете го распознава својот сунѓер и на тој начин ќе го охрабрите да го употребува. Користете благи детски сапуни и шампони.
    Но, некои пак деца не уживаат во бањањето. За да го ослободите детето од стравот обидете се бањањето да го направите што позабавно, на пример играјте со меурчињата, направете пена, обојте ја водата, играјте со играчки или пејте детски песни. Ако се плаши да си го намокри лицето покажете му како се прават воздушни меурчиња под вода. Детето ќе се почувствува посигурно ако и вие се потопите со него, дозволете му да ве прска, да ви ја полева главата со вода, а потоа и вие направете го истото на него. Бањајте го заедно со братчето, сестричката или другарчето ако тоа го релаксира и му причинува задоволство. Ако има развиеносериозна фобија тогаш влезете заедно под тушот. Дозволете му да си игра со гуменото црево или со прскалката во градината.
     
  2. Rossana

    Rossana Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2010
    Пораки:
    157
    Допаѓања:
    43
    Еве и неколку совети за безбедност на вашето дете во бањата
    -Никогаш не го оставајте детето само во бањата, не ги оставајте кадата или коритото полни.
    -Бидете сигурни дека температурата на водата е умерена-37оС
    -Отстранете ги сите лекови и препарати од рафтовите, сите електрични апарати, ножици и машинки за бричење и ставете ги на безбедно растојание.
    -Погрижете се подот во бањата да не биде лизгав. Затоа ставете гумени постилки, чергичиња или рогозинки.
    -Отстранете ги средствата за хигиена.
    -Кога не ја користите тоалетната школка, спуштете го капакот за да нема пристап до таа вода.
     
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.049
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    јас би сакала да прашам во оваа тема дали самите мајки си одлучуваат кога и во кој период од денот ќе си ги искапат дечињата,или пак за тоа мора да одлучи некој друг?на пример баба или татко.прашувам затоа што има баби и дедовци кои се мешаат во таа работа со надеж да го заштитат малото од претерано капење од кое може да дојде до настинување :?: .ваши размислувања ќе ве молам :!:
     
  4. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    116
    oва што го пишувам не е мислење туку искуство
    кога ми беа бебиња децата бабите инсистираа да се бањаат преку ден :@ (некакви бабини деветини ми кажуваа) мене повеќе ми одговараше да ги бањам навечер зошто така поубаво ми спиеја и така си правев :P
    не дозволувај никој да ти определува НИШТО кога е во прашање детето мајката сепак најдобро си знае
     
    На ilijana27 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maca78

    maca78 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    84
    Допаѓања:
    78
    и јас го капам навечер и навистина поубаво му иде да си заспие полесно...многу ретко преку ден го капам само ако морат да ојме некаде вечерта....а дали други налагаат кога да се капит....и свекрва ми ако е од постарата генерација да речам ама сепак и таа велит навечер е поарно.....
     
  6. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Син ми го капев навечер до полни 8 месеци,потоа тргнав на работа и го капев наутро бидејки одев постојано 2 смена.Така беше додека да наполни 1 година.Од кога наполни една година не го капам секој ден туку преку еден ден.А за тоа дали бабите ке велат навечер или наутро да се капи детето ама баш не ме интересираше бидејки правев како што на мене ми одговара.
     
  7. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    До ден денес го бањам навечер. Си имам некој свој ритуал, вечера, бањање и во кревет. Поретко преку ден, на пр. ако ја шишаме косичката, се направил лом или направил некоја беља а посебно во лето кога е стручњак да го земе цревото од водата во дворот и лом да се направи или влета во некоја кофа со вода :D - тогаш обавезно туш.
    Го бањам сама, уште од првиот ден откако се роди (мајка ми не беше во можност да ми помага а свекрва се изјасни во старт дека и е страв). Го бањам секој ден или поретко секој втор во зима
     
  8. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Моите деца се поголемки (4 и 2.5) и јас сеуште ги бањам секој ден со тоа што зимно време косичката ја миеме преку еден или два дена. Детето е активно цел ден и навечер треба да му се измијат рачињата, лицето, газето па поарно цело го ставам во када да се опушти.
     
  9. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.330
    Допаѓања:
    47.735
    Пол:
    Женски
    Моите се поголеми,па ги бањам секој ден, навечер пред спиење.Потоа вечера,миење заби и во кревет.Сега почнаа и сами да се бањаат,а јас седам и надгледувам :lol: .
    Тргнувам од себе,јас секојдневно се туширам,па така и децата.На ќерка ми дека и е долга косата,ја миеме два пати неделно, син ми со пократка коса ,секојдневно.
     
  10. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.606
    Допаѓања:
    250.879
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да прашам до која возраст ги бањавте вашите бебиња/деца секоја вечер ама читајќи ве гледам дека е индивидуално. Јас се мислев зимава да ја бањам преку еден ден, ќе има веќе година дена пред се ако е ладна зимата инаку 10 мин во денот не ми менуваат ништо битно.
     
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.955
    Допаѓања:
    198.659
    Пол:
    Женски
    Јас зимоска го бањав син ми преку еден ден, или пак на два дена, зависи, оти минатава зима беше навистина ладна. А сега го бањам секој ден, оти нонстоп е надвор, па се валка. Како сакаш Божица, и како мислиш дека е најдобро, така прави. А не мора навистина да се бањаат децата секој ден во зима, не е тоа правило.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Син ми има 2.5 месеци и како што заладува времево го бањам преку еден ден, значи секој втор.
    Инаку свеки ми вика дека до 1 год. бебиња се бањале секој ден и дека така сум правела и со ќерка ми. :?: Баш се зачудив затоа што ќерка ми е зимско бебе и знам т.е паметам дека до 40 дена ја бањав секој ден, а потоа 2-3 пати неделно за да не ја настинам, а она упорно ме убедува дека секој ден сме се бањале, баш пред некој ден полемизиравме.
    Како и да е, си терам по мое и ако ми се чини дека е ладно ќе скокнам еден ден. Практикувам да го бањам син ми навечер затоа што поубаво ми спие, а преку ден го бањам само ако ми се навајат гости или ако треба некаде да одиме.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Керка ми од раѓење ја бањаме секој ден *со исклучоци кога сме биле искочени или било премногу ладно*
    ја бањаме стрикно навечер од причина што после поубаво спие .
    А и самото дете ужива во вода :) а и не страшно што е секој ден , по 10 мин колку да ја измијам убавко :D
     
    На girl1985 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Unique.chick

    Unique.chick Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    2.390
    Ние сега за сега се бањкаме секој ден.. Ана ужива да се бања само главата не сака да и се мокри , на почетокот одма почнувавме со главчето сега прво телото па послем главчето на крај за да не плаче многу, заплакува малку колку за адет :P
     
  15. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.717
    Кога прв пат го бањавме малиот дома, тоа го направи золва ми. Дете се утепуваше од плачење, си мислев нормално е, нели не е навикнат на тоа :?: . Но потоа кога јас го бањав, уживаше. Разликата беше што золва ми го земаше во корито и го налегнуваше со грпчето. А јас обратно. Со главата надолу, го држев за меше со едната рака,а со другата го полевав.
    Инаку, тој е летно дете, па го бањав секој ден дур не залади. Потоа го бањав преку 1-2 дена. Еден период од 2 недели воошто не го бањав, само со влажни го поминував, бидејќи нешто се беше исплашил од водата и дури се зајдуваше од плачење кога го бањав. Па со тоа што направив пауза, тој заборави на страво. Е сега веќе не сака да излезе од коритцето :D . Летово го бањав кога како ќе ми текнеше, понекогаш и два пати во денот. А сега кога залади, немам некој одреден ред, но во просек преку 1-2дена максимум го бањам. Времето на капење го менував според неговите потреби. Еден период тоа беше преку ден, па потоа навечер, па пак преку ден, за сега пак да сме на вечерно капење.
     
  16. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Нема правило за бањање, секај мајка го прави тоа индивидуално. Јована е летно бебе и ја капевме секој ден четири месеци додека да залади, после преку еден ден, па трипати неделно, па двапати и така некогаш зимоска се случува и еднаш неделно. Летоска се знае секој ден туширање, косата на преку еден ден. Еве сега сме 15 месеци и се бањаме двапати неделно откако залади, а преку еден ден ја туширам од стомак надоле за да не и се поцрвува газето. И да како бебе ја бањавме исклучиво преку ден, сега обично попладне кај 5-6 саатот, не сака да излезе од коритце, сите играчи ги бања :D
     
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.755
    Допаѓања:
    32.130
    Пол:
    Женски
    Откако почна летото, син ми не сака да се бања. Кога ќе го ставам во када, почнува да вриска. Се уште е така.
     
  18. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    Тое затоа што децата се премногу размезени, а родителите го губат авторитетот кај децата уште додека се во пелени. Сакајки што повеќе да им угодат на децата ги размазуваа и понекогаш е тешко да се утврди кој е родител а кој дете. Денес одбива бањање, утре ќе одбие да оди на училиште..... Ако уште сега сте го изгубиле авторитетот над своето дете како тек ќе се справите кога тој ќе дојде на мои години? Тогаш сите дома има да му строите мирно.
     
  19. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476

    :lol: :lol: :rofl: :D :rofl: :rofl: :) :smirk:

    Не дека не се согласувам со тебе
    (делумно! затоа што не можеш да генерализираш,посебно со младите мајки, мислам дека ова е се поретко ;) )
    ама како дојде до овој заклучок од само една реченица? пишува само дека не сака да се бања од летото :?:
     
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333

    Затоа што се плаши од вода односно исплашено е. Не ретка појава е кај некои деца. Зошто? Претпоставувам дека е до детската психа- ненамерно се исплашени или пак виделе некоја непријатна случка....
    Обично се плашат кога со туш вода појдеш накај нив и тоа прво вода им ставаш на глава, рефлексно затвораат очи и се губат во простор и вриштат (се напиле вода ненамерно па одвај земале воздух и многу др. ситници кои за нив се прав хорор). Ако веќе го тушираш детето појди од нозете па нагоре.
    Ако го ставаш во када, корито што и да е направи пена, стави негови играчки за играње и забавата нека почне.
    Како и да е ќе му треба некој си период да се опушти. Битно не го присилувај односно на сила ставај во када за бањање. Со зборување, убедување, лажење ќе се опушти.

    Баш сакам да знам колку години имаш ти :geek: