Секако дека нема да и ставам и скафандер и да ја замотам во плик и на крај во корпа. Пликот ќе го употребам од врата до кола.
Па првична замисла ми е во нешто покомотно и покриено со ќебенце за да може и да му го тргнеме во кола ако треба. Ама си реков да не му студи така. Ти купи скафандер? Не знам дали мислите на класичен, дебел скафандер или? Инаку и јас би сакала да не изгледа смкнато и да не се гледа од алиштата ама дали ќе погодиме големина
Јас само планирам да ја покријам со ќебенцето, не да ја мотам. Сум ги видела и јас тие од санте, ама јас бирам безбедност, пред друго.
@Minnie-e не сум купила уште скафандер зошто се двоумев. Сега планирам да земам деновиве, тие неколку што ги гледав не беа нешто екстра дебели, онака, полесни ми се гледаа. Можеби бебе ќе се изгуби во скафандерот малку, ама некако посигурна опција ми е отколку само ќебенце, не знам, сепак јануари ќе биде. Јас ќе си прашам и во болница за секој случај дали е ок така како што планирам, ако случајно треба уште нешто мм ќе ми донесе. Мада за од врата од болница до кола мислам дека ќе нема проблем ни само со скафандер, ни па само со ќебенце. Кога ти е терминот тебе?
Не се мота бебе во ќебенце заради безбедност. Не можеш да го врзеш во транспортер ако е замотано. Ќебенца се само за покривање. На свекрва ти објасни и дека тоа за порано треба да остане во минатото, денес е многу поразлично. Твое дете твои правила.
Мене ми беше само да не сум грешка дека не треба да има ништо во транспортерот под бебето па да го легнам така. Ама нормално безбедност ќе бирам, не за џабе е транспортерот. Спојлер братучетка ми кажуваше дека не секогаш го врзувала транспортерот во кола. Па јас на семафор ќе закочам некогаш и ташната ќе ми летне, па да не помислувам на друго @Sexybaby86 и мојот термин е јануари @JoyJoy во право си. Ни на крај памет не ми е да исполнувам нечии желби на сметка на безбедноста. Порачавме доста скап транспортер најмногу заради сертификатите и додатоците за безбедност кои ги има (често ќе треба да патуваме по автопат, па важно ми е). Инаку на сликите од Санте видов замотано бебенце во ќебе и одозгора врзано, ама страв ме фаќаше и на слика што го видов. Туку реков да прашам за секој случај, можеби јас грешам, штом овие од болница им дозволуваат така.
Стави си најобична, потенка пелена, во лежиштето или под главчето. Каишот на транспортерот треба убаво да се врзува меѓу ножињата, па доле треба слободен да е просторот.
Не сум баш компетентна да коментирам на темава зошто не сум бремена, а и немам дете. Ама сакав да се вклучам бидејќи секогаш си размислувам еден ден кога би имала дете како сакам да биде облечено кога ќе си одиме од болница. Гледам дека ќе има доста мајки за брзо, па еве некои слики како идеа за вас кои бебчињата ќе си ги носите дома овој студен период p.s. Многу ми се слатки со плетени капчиња
Јас си зедов 3 комплети за во болница (за секој случај да не немаат таму алиштенца ) Памучни и практични за облекување Кебе не носам него скафандер само (материјалот му е како кебе) Доволно е,можеби и премногу ке е со скафандер дека е доста дебел ама ако е времето подобро ке биде комплетче и кебенце згора само
Нервоза левел 1000 Нели бев спремна со облека за од болница епа тикви! Штосните шпикозни и палтенцето ми биле од 2-4м изгубена, завеана сум скрос, купени пред 3м и пикнати во кеса и сега да ги средам ете ти Шпикозни најдов други што сум купила, погодни за битниот ден, ама палтенце немам друго Кај ќе идам, кај ќе барам сега.. Така е кога се остава се во последен момент ^^имам гледано оддамна едно па ако уште го има и има 56ка ќе ми падне камен од срце, а ако не стварно не знам, плус јас терсене.. утре во Молот во 10ч ќе сум нацртана! Морав да си се пожалам
Се напнав заради палтенцето, ништо слично не видов низ Моловиве (маалските не сум шпартала, а и никој не би ме однел ). Абе не дај боже јас нешто да замислам ^за шпикозните и смена на ќебенцето (пошто нели мора се во тон) не ме ни тагираше моментот.. А дека ќе е најубаво тоа посекако
Кремаво или кафено, мекано, еднобојно, треба да е.. а си била си видела се е со бои, копци, шари, шушкаво или чудно платно несвојствено по мене за бебче, па и спортско, јас сакам бебешко нежно да е.. Мадеркеар имаше едно што би било најприближно што барам, па ако уште го има и има бројче ќе го зедам уствари и мислам дека таму го гледав @mal.ecka е не давам ^ќе ја дотерам беба на 40дена во нив, ќе сликам и ќе пуштам ако и тогаш не и висат ^^приметив сега кога средував, можеби од 15 места сигурно имам алишта и величините од секаде си се приказна за себе.. Инаку да се пофалам, во перење/сушење/пеглање ништо не оштетив
Да видиш и во original marines имаат интересни работи. И јас добро пројдов на перење и сушење. Дури и ќебињата добро минаа