Двете деца ги облеков во удобни памучни алишта,првото,боди и панталончиња лето беше,и тенко кебенце,второто во подебелки шпикозни,зима беше. Сум гледала да им е удобно. Е сега,за третово,пошто изгледа ќе да е женско,само гледам некои фустанчиња,машнички за на глава,мм ми вика,има време ќе го дотеруваш,но ете мерак е мерак нели. Од друга страна па си велам жал ми е тоцкаво бебе во фустан да го напикаме . И уште се двоумам.Најверојатно ќе биде некое убаво комплетче или пак шпикозни.
се надевам нема да смрзнам бебе вака ако вадам вака облечено во ноември. Секако покриено со памучна пелена и во транспортер со зимска прекривка. И здола боди на долги и зиврички и ќе носам и бенкица за секој случај. Ммм?
Во хулахопки и фустанчиња со тул ги облекуваат за од болница, мене воопшто не ми е соодветно од причина што треба да го врзеш во транспортер со стегнати каиши, а додека се навикнеш на бебе мислиш ќе се скрши. Има време и за дотерување, сепак меракот е голем кога ќе си ги замислиме во нешто па можам да разберам
И мене ме ставивте во дилема бе женчиња.Пред тоа читав дека во скафандерчиња ги вадите,зошто е полесно во транспортер со скафандерче.Сега па ве читам со кебе ги покривате и никако не сум.Термин ми е почеток на декември за времето незз баш ќе биде непредвидливо нит многу ладно нит топло и сега сум на 500 Ума како да се спремаме за излегување.
Еве ќе ти го кажам мојот план, термин ми е почеток на јануари. Боди на кратки, дводелно комплетче, скафандер ама од тие меките како мече во транспортер и покриено бебе со памучно ќебе.
Убаво е, но одоздола обавезно уште едно боди со долги ракави, покриено со убаво дебело ќебе, не памучно, а пелена е само за во лето. Незнам каква ви е прекривката на транспортерот но мислам дека убаво би било да имаш дебелко ќебе.
Мислев на пелена онаква од комплет, не на тетра и секако боди на долги, бенкица и зиври. Дебела е прекривката, ама ќе земам и плик ќебе што се прави и обично за секој случај. Секако од пред врата влагаме вкола и дома слагаме во гаража, па мислам нема да е ич изложено на надворешен студ. Фала на совет. Јас немам никакво искуство со деца, па се ми е страв да не го претрупам или да не е премалце.
Бенкица не ти треба, а можеби ни ѕиври, сепак ќе биде убаво покриено. Бенкицата ќе биде трет слој облека така што може да го фати нервоза од толку облекување, бебињата не трпат да ги замараш пет саати
Преубаво е,од каде е? Доволно е ова со боди на долги и ѕиврички. Јас би покрила со подебело ќебе,не со оние од комплет,сепак е многу мало бебе.
Мојава е родена на 3 јануари и беше само во памучно комплетче, боди бенкица одоздола и плик ќебенце. Во транспортер без тоа одозгора зимското. Мада ни се погоди убав топол јануари така што ние ич не се туткавме со алишта.
Од muppet kids e - прпдавница на фб е порачано. Ти благодарам. @Kitten Ви благодарам и на двете за советите. Ете што си прави искуството/ неискуството. Ќе замрзнев бебе. А ок ли е плетена пелена или сепак да си земам баш дебелко ќебе? Мислам ако мн го напокријам дека нема да можам да ја закопчам прекривката од транспортерот.
Каква е таа плетена пелена? Убаво дебелко ќебе ќе заврши работа, со тоа што прво ќе го врзете бебето во транспортер па ќе го покриете со ќебето одозгора. Неможеш да закопчуваш преку ќебе, а не е ни безбедно така, тестирањата за безбедност во сообраќајот кажуваат дури дека бебе/дете во транспортер/седиште не треба да биде закопчувано преку зимска јакна, не се убаво затегнати каишите за да го држи детето и може да се "излизга" од јакничето. Не заборавај и памучно капче
Знам за закопчивањето на каишите, мислев на прекривката од транспортерот дека нема да можам. Па крај краева нема ни да ја ставам. Ти благодарам мн. Те изгњавив. Ама пусти мерак, а неискусна. И плус немам кој постар да ме поучи скоро што имал деца, па се учам на форумов.
Скафандер, понатаму и јакна не се безбедни за да закопчаш бебе со каиши во транспортер/седиште. Во трранспортерот одоздола не треба ништо да се става и ќебе се става врз каишите. Јас имав спремно комплет за од болница ама џа секој случај и уште едни подебели шихозни, две ќрбенца имав исто, иако не беше многу ладно со подебелото ќебе го покрив ама сестрата одма ме предупреди во кола да го откријам и да му го извадам капчето, тоа го практикував цела зима, вожња со капче не. Они се стуткани од сите страни во транспортер не им е ладно колку што си мислиме. Значи мојот совет ти е да си спремиш обичен комплет за новороденче и две различни ќебенца
Ние почеток на дек од болница излеговме. Бебе беше во боди на куси, памучно блузиче, фустанче и хулахопки одозгора ќебенце Имај предвид дека во болница ќе е топло, во кола топло исто. Замисли во скафандер во кола да е, а вие греење сте пуштиле. Со ќебенце е полесно. Ако е ладно ќе покриеш бебе во транапортер. Ако е топло ќе откриеш. Ако ти е "шубе" да не е ладно на бебе, земи си уште едно дебело ќебе Истава дилема ја имав јас, ама поинаку не би правела и пак да раѓам тоа време. Скафандер ниту купив, ниту ми затреба
Кога ќе се ушушка со ќебето од сите страни нема гајле нема да му биде ладно. Јас ќе треба уште едно ќебе да купувам,тоа дебелото што го купив како големко да е за во транспортерот.
Тие се фини за возење во количка, зимно време, не во транспортер. Така што за во болница не ти треба.