Јас само "обични" имав. Се друго ми се виде вишок. Бебе и така не мрда којзнае колку за да се открива.
Мене ми е термин средина на декември, купив такво мече скафандер од ХМ, ама неможам да си најдам убави шпикозни или комплетче за одоздола.. Се некои чипки, циркони, тулови.. А јас сакам едноставно да е, беличко, нежно.. Со транспортер се обезбедивме, ќебенца купив 3, едно дебело и две потенки па ќе видам кое ќе го земам затоа што сепак со скафандерчето + дебело ќебе мислам дека ептен топло ќе му биде на бебко..
Не! Имав, среќа се отвараше и како ,,обично,, можеше да се користи. Никат не ставив бебе во него @simona_baby скафандер На толку мало бебе комплет непрактична ствар и џабе фрлање пари! Мојот беше во бенкица, боди на долги, шпикозни на прерамки, чорапки, палтенце (есенско, пролетно, значи тенко), капче и покриен со ќебе, уствари само врз него нафрлено, ниту ушушкан беше
Јас го земав ова од Ваикики, скроз не со таа намера за од болница ама сега некако дека и ќебенце и капче, ова го рачунам. Се надевам нема да ни е големо. Исто со мече скафандер од Х&М го планирам.
Изнесување од болница со транспортер или во корпа? јас би корпа, не ми се врзува во транспортер, а и понекомотен ми изгледа....ама еве читам сите транспортер. А корпата што ми е дел од количката ми е многу убава, со убаво меко душече и прекривка на закопчување. Што мислите
На 10 дена или недела дена беше малиша го пикнав во мечето. Луда мајка! Ај јас луда и желна да го облечам , ами маж ми што ми помагал. Облечен е уште два пати дали, и се стопли среќа, па не малтретирав бебето. Се спаси. После го тунтав во палтенца. Ќе го изнервирав обавезно пред излегување. Сега од оваа гледна точка доволно е само ќебенцето врз транспортерот.
Значи арно што не го купив мечето. А како бев запната. Цела среќа што го немаше. Амака ми е плик ќебе што купив ама свеки се запна. Ајде се прави и обично, па како и да е ќе се искористи.
Од болница во корпа, до кола во корпа и во кола во седиште? јас вака го замислив ова, во седиште е врзано...уште некако не можам да ги разграничам овие додатоците
Ноември се роди бебе мое, топла зима, колку за мерак му го натнав 3-4ри пати, колку да биде облечено уствари Зошто толку би преместувала бебе? Или имаш седиште од 0+ а немаш транспортер? Транспортер е лесно и едноставно да врзеш, прикачиш за адаптер, па и да носиш бебе во него, ама ако е седиште сваќам, колку да го однесеш до кола треба нешто, па ОК принеси го со корпа
Да веќе имам седиште 0+, а во пакетот со количката немам транспортер, па си мислев да не купувам дополнително... Ама ми стои работава дека на крај се ќе купам
Јас сакав вака да ја облечам малата принцеза корпата и ќебенцето ми се од туркија порачани несакам со транспортер фустанчето е со долги но ќе има уште нешто по дебелко ододоздола и дебели хулахопки.. што мислите
Ова ми личи ко за на свадба или роденден за поголемо бебче,а чипка на толку мало бебче неби ставила. Дур го облечеш во ова фестивали ќе биде.
Некако ми е тоо мач за толку мало бебе. Јас освен нешто памучно и меко не би облекла. И не би вадела бебе во ништо друго освен транспортер заради безбденоста. Иначе фустанчето е многу убаво, ама сепак не ми оди некако за толку мало бебе. Изборот е твој.
Можеби фустанчето немаа да го облече но ќебенцето и корпата ќе бидат сигурно.. куќата на мајками е 5 минути од болницата па за 20тина минута сигурно ништо нема да и се случи плус ќејф мие многу дури од туркија сум и ги порачала за она да изгледа како принцеза.. сега секој може да даде по некој комплимент но изборот е мој ви Благодарам на сите
Немој да не си облекла бебе во танчево! Ту мач е, ама рака на срце и ептен џиџано, сваќам и знам што е мерак, па облекувај Ќебето да, ама првин покриј со памучно ќебе па ова само како украс. Но корпата многу непрактично личи, како ќе се носи не знам.. мој совет транспортер, ако мора корпа бирај некоја попрактична, оваа ми личи како само за украс и за сликање, да ставиш бебе во неа и да полежи
Леле душо фала за убавите зборови е знај ќе ја облечам а за корпата ќе видиме ме земам со мене и транспортер и ќе видиме што како знам дека е ептен џиџино но мерак си е мерак..