Цвеќе не даваат во Систина. А најубаво и за дома да им кажеш да не земаат. Заради бебето за алергии. Мечки, балони може. Јас имав преку 30
Не издржав а да не се вклучам @saramila09 фустанчето ми е преубаво Ако е изводливо да си ја облечеш така бебушка и да си го истераш меракот . Петти пат ја отворам да ја видам сликата од фустанчето
Хаха па некој веќе ми го расипа меракот искрено и сега сум во дилема што да правам и ти благодарам многу за убавиот одговор Ќе им кажам тоа сакав да знам..
Зошто ти го расипаа? Никој од овде не прочитав да ти каже дека не е убаво и да не го облекуваш во тоа . Јас само сакав да си кажам дека ептен ми е цакано , но незнам дали е изводливо за толку мало бебче. Членките кои коментираа се тазе мајќи ,имаат искуство . Верувам дека секој коментар е даден со убава намера . А дали на некој друг му се допаѓа или не тоа не треба да те засега тебе . Како си ја замислуваш твојата принцеза така облечи си ја . Со лесно
И купив преубав комплет од оние за излегување од болница нели во сет што се.. кога ја извадив таму облеката 2 броја поголема од бебе па се изнасмеавме сите како може тоа да биде сет за од болница. Ете дури на месец ипол два точни и беа хахаха. Ама прво бебе малечки изгледаа продавачкава вика ова е сет за од болница и така бидна беше сет за.од болница ама подзавратен во ракави и ногавици.. сестрата се искина од смеење хххаах смешки бебе. Сигурно ме раскажувала таму вицови си правеле.
И мене така свеки ми купила сет за од болница бр 62. Ај ти не си видела бебе ама таа 2 изгледала. Па сега кога јас си купув шпикозни бр 56 некако фаци ми прави оти не во нејзиното. И моето можи ќе е големо, ама па 62
Нас 62ките сега ни се ептен таман - на 2 и пол месеци. Ја од бабите имам алишта и за кога ќе тргне во школо. Боди 92ки. За 1 год и нагоре по етикетата. Страшно.
Зависи која фирма...моево за една недела прајт 5 и купив боди 92 верувај кнап и е...тренерки што носи на сите пиши за 6 месеци нејзе таман и се...незнам шо е со бројкиве шо прает...
Од турскиве фирми мали им се моделите. Мојава носи величина 74 (6-9 месеци), некои ѝ се веќе кнап а сеуште нема полни 5 месеци.
Како за секоја работа така и за оваа многу сум неодлучна и незнам што е подобро еве два примера ни еден не е од мене купен едното е од тете а другото од свекрва ми што е подобра опција да знам какво да купам и што треба одоздола да носат И зар на овие треба плус палтенце?
Кебенца веке имам две многу се мекички убави мислам за во трансппртер таман ке се, е сега кој ни ги облекува таму ние самите или ?
Белиот комплет со фустанчето мене ми се гледа непрактичен за штотуку родено бебе. Материјалот ми се чини груб. Исклучок е ќебенцето кое е практично за покривање на бебето во транспортерот кога ќе се стави. Втората опција со памучните работи ми е подобра опција. Имаш памучни посвеченки работи ако ти е мерак „подотерано“ да ти биде бебчето. На бебето прво до телото му облекуваш боди (имаш опции на твојата втора слика). Потоа зависно од надворешна температура облекуваш горни слоеви. АКо е потопло над бодито уште една блузичка. Ако е поладно може и некое подебелко пак памучно нешто. Во зима на нозе чорапчиња на долен дел со ногавички. Во болница сестрите ги облекуваат бебињата.
Ќе ти го облечат. Од приложеново првото ти е повеќе за мода, второто обично за мов вкус Ако сакаш фустанче купи некое памучно (Окаиди има баш џиџани, Мадеркеар исто), памучни хулахопки, одоздола боди на долги, некои чевлички за ноџињата, капче на глава, дебело ќебе и топ ќе е. Инаку јас и покрај ќебето имав и едно како палто со од внатре крзно, па не го обвив нешто со ќебето, демек фраер да се гледа нешто, а пустото Џивџи од 2.600г однесов дома, ама мерак Едит: на вторава слика ова летни ствари се, кога ти е термин?