И мојот термин е дури ноември Секој ден висам на ибеј и се си велам ај ке ја почекам и другата контрола па ке почнам Мада што свеки веќе купила кебенце За почеток ова го бендисав Ептен ми е слатко
Многу убаво изгледа но според мене не е за толку мало бебе. Треба да му е удобно и лесно да го облечеш. За едното дете имав од оние комплетчињата памучни но свеки и мм донеле само боди и панталончињата па така излезе. Второво во бели шпикозни и кебенце сред зима беше. Има време за дотерување, пред се да е лесно за облакање на бебуш кој не држи главче..
Идни мамички, работите што ги купувате за бебуш во првите месеци (не само за излегување од болница) гледајте да се мекани и удобни, изработени од памук, за да им биде пријатно. Кошулчиња, панталони, фустанчиња со тулови... оставете за кога ќе потпораснат. Јас уште на бебуш му немам кошулче облечено, зимата ја помина во шпикозни, сега за летово исто му накупив од H&M шпикозни на кратки и дводелни памучни комплети, пери носи се. На горештиниве најбитно е да не ги пренаоблекувате за да не се испотат. Еден слој облека е доволно, јас би го изнела на тенко боди на долги и некои тенки ѕиврички, ништо повеќе.
И двајцата беа облечени во шпилхозни. Така сакавме и јас и маж ми. Одоздола имаа боди по кратки. На ноџињата топлинки.
Јас се породив 31 јули сите бебчиња беа облечени на долги му облековме памучни шпихозни на нив имаше зашиен лептир и баш беше фраерски.Облекувајте ги во мекани памучни работи зошто малтретирање им е во кошули и фустанчиња а и на вас ќе ви е потешко за пресоблекување.
Јас вака го имав изнесено од болница, тенко е и памучно комплетче, капата му беше ставена само за сликава
Моите близначиња сакам вака да ги извадам од болница...иако купив и оџ бебето и од карамел разни некако овие ми влегоа всрце...ист комплет и шанел бело со розево го имам па се двоумам...
А од кај знаеш па ти дали е фејк, на крај краева што воопшто се мешате во вкусови?! Темата е за совети а не дали е оригинал или фејк. Едит: се едни исти членки паметуваат по темиве