На синко мој кнап му беше сетот 4300 се роди, потоа уште 2 пати дали му го облеков не му чинеше, имав и 2 комплетчиња што воопшто не ги облече мали му беа
Твојот батко за на школо спремен се роди затоа. Мојава на 2 месеци уште и се долните точни.Никако да ја испилкам.
И мене така ми изгледаат а термин ни е 23.03 мислам исцело некои слатки шпикознички подобро би било нели? Многу сакав принцеза да биде кога ке ја земаме а од друга страна сакам да и е мекичко уффф тешко ке треба да шетам уште многу за да најдам изгледа некоја конкретна продацница со такви ствари некој да бил скоро време, бидов една на бибејби многу слатки ми беа некое искуство од нив? И дали обувчиња им ставате ?
Памучни убави фустанчиња што ќе и е удобно имаш кажав во Окаиди и Мадеркеар, во Рамстор ти се и двете, сега имаат и попусти. Ако сакаш шпикозни имаш Мадеркеар убави, Енци Менци во Молот, Бебето/Карамел на Битпазар, сетовите им се преубави и квалитетни, има и кичерај, но има и баш убави, треба да се види. Ако носи фустанче ќе и ставиш чевлички, ако носи шпикозни секако да не.
Mila само 5-6 бебиња беа и ко ќе го носеа моето сите велеа, еве го големото бебе ова за в кафичи е, друга сестра ќе речеше, Едно ранче и на школо пуштете го, друга сестра ко се роди ко му го покажала на моите рекла -Овај клоца ќе ми удри.... Сега имам само 2-3 комплетчиња што му чинат Ќе си порасни без гајле само нека е здрава и жива
Мене ова лично не ми е по вкус. Би бејби има преслатки комплети памучни. Можеш и од х&м да си нарачаш убав е памукот , карамел на бит пазар исто види
Predlog sto da kupam za izlegvanje od bolnica vo Juli nesec za devojce, samo nemojte da mi predlozete fustance, hulahopki i takvi stavri. Ne sakam edna peda bebe da go preprvam. Nes ednostavno, skromno a skockano. Fala vi
Искрено треба малце да се покрие со вака тенка пелена/ќебенце, зошто сепак е мало а ти прв пат го вадиш надвор. И нека има тенко капче за до дома
Јас пак не сакам да џиџам толку бебе за од болница во кола и од кола - дома, не гледам поента. Изнакупив парталчиња за џиџање кога ќе се шетаме. Си нарачав еден сет за новороденче, скроз обичен памучен, со тук и таму некое машниче и буба марка, 10 парчиња сет. Стигна, преубав памук, меко душа, ама некако подебелко ми стои од што очекував и се разочарав оти ми беше мерак на бел сет во основа, и не знам сега дали ќе е соодветно за сред лето. Не дека немам други работи, еден куп изнакупив ама ете за сетов ми е баш криво...
Jas i se mislev so tenki spikozni na dolgi da ispadneme..isto imam i set takov na delovi bel so epten nezno roze masnicki na sredinata od gorniot del ili vaka kako so kaza @SofiMar_ ednodelno aliste ako najdam nes slicni ko so prati slika ... sakam da e ednstavno kako sto dolikuva za bebe a ne fustani trakatanci, hulahopki, mini paltenve i nez so.. ima vreme za takvi stvari.
Бебето е толку мало, ти толку немаш поим да го облечеш, а не пак да го џиџаш. Плус прв пат во кола транспортерот изгледа огромен тебе ти е страв, чувствуваш притисок. Плус се растегаваш со торби твои башка неспиена со денови салам, плус пост породилни болки и крвишта. Последна контрола е пред испис, врискот серија. Земи памучни шпикозни и капче. И опуштено до дома. Јас купив шпикозни 50ка се роди 53 см и не сфаќав што се бројките се до оној момент додека не се обидов да и го облечам. Така да што фатив при рака и облеков, ја завиткав во кебе, капа и напоље.
Jas zedov komplet od Tilla ima se sto e potrebno za obelkuvanje . najubav pamuk imaat kebence za pokrivanje vtransporter i shibaj za doma
@Leo-nora и јас имам такви шпикозни на кратки (валда и тие шпикозни се викаат ) ако не го биде сетов, секако не планирам никакви џиџања, ќе искористам нешто што веќе имам купено. @FreeMind се сложувам. Сега кога го имам сетов, гледам дека секој дел од него веќе го имам во повеќе посебни парчиња, и нема ама баш никаква потреба од специјален сет за од болница, кога се може да се купи и искомбинира одделно, зависно нели од временски услови. Ама од сите страни слушав сет та сет, и тука на форум, и ај велам ќе нарачам нешто едноставно. Ниту пак е возможно во 10 парчиња сет да стуткам бебе на +40, а бога ми и за минус е премногу. Е навистина е многу убав памук, ама ако не го бива, ќе се снајдеме со други шпикозни. Да си олеснам и на себе, а и на бебе.
Мене свеки ми купи таков сет. Мерак беше жената. Арно ама купила 62 ка, а бебка моја истерана на неа се роди 48 см. Среќа си имав купено и јас шпикозни 56 ка со 00, па не беше бебе Пипи. Ем не и го расипав атерот, ем бебе си беше облечено како што сакав јас. И искрено јас од сетот само пелената/ќебенце ја искористив. Другото еднаш ако му го облеков. До 2 месеци само во шпикозни ја облакав дур не пркна. Сега е права женцка и со фустани и пуфки.