@Yowannty штом е летно бебе немаш гајле Од искуство на мајка со апла зимско бебе и апла летно бебе, со летното поминавме најлесно за облекување. За излегување од болница ја облеков во фустанче, ама долниот дел беше боди. Уствари делот како фустан зашиен на боди. Вака нешто. По кратки ракави беше. Плус чорапчиња и ракавици за да не се греби по лице и толку. Во транспортер покриена само една танка тетра пелена и не поради ладно, туку затоа што беше прежешко и да ја заштитам од сонцето.
Не знам точно за нашето, поклон е, ама би требало да има по продавниците за бебешка облека. Покажи им ја сликата, ќе ти најдат сигурно.
George и Matalan за нарачување: https://direct.asda.com/george/baby...ress/GEM664602,default,pd.html?cgid=D5M10G1C4 https://www.matalan.co.uk/baby/dresses Има една жена на фб преку која нарачувам од британскиве брендови. Нарачува и од Mothercare и Carters. А од домашниве дуќани не сум прошетала да видам.
Јас имам такви како @Kitten што постираше,ама да не биде ладно само по тоа.Јес да јунско бебе,али мајка и е зимурлива Да не ми смрзне детето Јас шпикозни планирав едноделни памучни .
@NarCis@ ама испод ова немаше ништо нели? Или имаше и кратко боди? Јас купив слично претходно, ама не е фустанче, туку ко шпикозни ама на кратки и горе и долу. И мислев само тоа со чорапчиња и тетра со нас. Ама жената во дуќанот ми рече испод тоа плус и боди да облечам, а овде во Август е +40 мене ме фати инстант с’клет кога ми рече така. Ама ај си реков ете прв пат ми е, не знам, па ај и сет нарачав... Како и да е, секако ќе зборнам и со сестрите во болница.
На два ума сум среќиче мое сакав со боди по долги и хулахопчиња ама пак времево какво што е вакво никакво ладно еве мај е па замрзнавме и јас изгледа шпикозни ќе земам
@srekice вие сте во јуни, а @Ive13? Ти си баш во најтоплото? Големата ми е јунско бебе, ја изнесов само со долги шпилхознички на нејзе, ништо под него. Без разлика колку е во најпекол родено едно бебе, јас би избрала да има кратки ракавчиња, да не е со голи раменца.
Јас пред две години ја изнесов само по ова, плус боди на танки прерамки. Сестрите ме искараа дека требало и чорапи да носам. Надвор беше 40+
Јас очекувам бебуш почеток јуни,планирам шпихозни памучни на долги потенкички или комплетче памучно пантолончиња и како бенкиче одозгора со боди на кратки одоздола.
Да и јас сум во јуни.сепак е лето не би сакала да го трупам со облека ама знае јуни да биде и малку свежичко затоа се мислам уште што да земам
Јас така ја облеков во јануари, плус со мече скафандер. Ако биде топло немаш потреба од два слоја, ако е врнежливо или свежо тогаш може.
Хулахопки во јуни? Абе ај ... Шпихозни се сосема доволни. Јас родив прематурче, со скроз изместена терморегулација, во април го изнесов со боди по кратки, памучни пантолончиња со ногавички и бенкиче одозгора, непокриено бидејќи се врзавме во транспортер. Одозгора префрлив додуша една тетра пелена, ама падна одма и ја тргнав. Не го носите со градски, од болница до кола, 2 чекора. Не сум ни за скроз голо, ама ми за преоблакање.
Почеток на јуни...времево и не е баш жешко. Се мислам за шпихозни со долги и одоздола боди на кратки. Што.мислите?
Па тоа ти е паметно.Па мене ми е нелогично да е по кратки облечено.Тоа сепак е прцулче уште,во болница дур чекаш внатре е ладно климатизирано.Во кола не дува клима ама пак не е август месец да е пекол жешко.Ти земи си па прашај во болница ,ако треба ќе го раскомотиш.По кратки и префрли тетра пелена во кола