Јас си зедов комплетче по долги. Не сакам од прв ден раслечено, па и топло да е сонцево и не е толку здраво
Мене ми е 23јули и повеќето алишта ми се по кратки и шпихозни тенки, на поклон добив компет во кутија као за изнесување од болница ама ми делува малце дебелко, па ќе видам тогаш ќе прашам во болница што е најсоодветно. Поубаво во кратки па ако му е ладно да го покријам отколку да сд скува детето
За излегување од болница сакам да и купам некое убаво памучно фустанче но во дилема сум во врска со броевите, дали да земам на тие што пишувам new baby, up to 1 month или 1-3 month немам некое искуство со купување на ептен бебешка гардероба се ми изгледа премало
Јас би ,,up to 1month,, Е сега може ќе успее само еднаш да го носи, зависи колкава женска ќе се роди, но нека биде тип топ женска на тој голем ден, а не да биде како у торба. Тие од 1-3м уствари се 62ка бројче, па тоа е и баш големко за новороденче.
Кажувајте каде има интересни комплетчиња за машко бебенце,до сега се што гледав низ сити мол не ми фати око
Во Памук пале деновиве треба да донесат од кутиите. Имале од 300 и нешто и од 500. И јас барам за машко,ме чуди во Ваикики ништо нема за новороденче,едвај најдов капче и некое боди имаше. Јас деновиве би прошетала до бит пазар, Карамел и Бебето да видам што има. Барам по долги,треба да се роди средина на октомври,упорно ми покажуваат летни комплети
Јас го имав истото, ама мојава се роди куса, 48 см и ова и беше на почетокот големко. Среќа друго имав за од болница.