Тоа е само боja.Гледаj да ти е удобно.Jас планирам бордо туника со црни хеланки и црни чизмички.Но и вентиjагата ми е црна,кога к'е видиш закопчана к'е бидам и ке имам цела црна комбинациjа.А и не ми е многу битно што к'е носам.Има време к'е си се дотеруваме кога к'е туркаме колички. Ова што ставам апострофи е затоа што немам некои букви,со бугарска поддршка пишувам.
Кога излегувавме секоја си беше своја приказна, трењерки, широки фустани, туники, лесни сукњи... битно да ви е комотно и едноставно за облекување, ќе се осеќате уште уморни и ќе има и болки од раните (дали природно или царски) и стомакот уште ќе е голем, јас бев како 5ти месец, некои како 7-8ми ама тоа си се повлекува подоцна. Едвај ќе чекате на тато да му го дадат бебчето и да си одите сома, се друго ќе е небитно
Во алиштата што ги носев на пораѓај во нив и се вратив дома Не се замарај, тогаш ич нема да ти е битно што ќе носиш верувај
Хахах и јас мислев дека ќе имам многу време за дотерување за шетање со бебе, ама за мене време за спремање имаше само 2 мин ама буквално 2 тогаш облекував прво што ќе фатев
Јас облеков црни хулахопки и црна фустан туника по кратки ракави, скроз уз тело, стомак имав многу малце, и со хулахопките уште, бев даска рамна. Малата беше во шпихозни црвенотегед со бубамара, ништо специјално. И така тоа е 5 мин работа, доаѓаш дома и облакаш најкомотното нешто. Додуше јас цела бременост ја поминав во нормалната гардероба, се ме собираше... Посебно оние со царски, ништо што стега не можат да носат.
Другарици, фала ви на сите Со првото дека беше летно бебе си земав тексас фустан,ама со второво дека зимно, земав хеланки , и како што кажав една мекана широка блуза, се.што земав беше за да ми биде најмногу удобно а и за и понатаму да си го користам, посебно и за доење, ама бојата ме бунеше троа Извинете што не ве тагирав сите, вака ви се заблагодарувам
Женски хелп... се двоумам што да земам за беба кога ќе излегуваме од болница... Сакам фустанче, но демек ладно ова-она и ме предомислуваат... дајте некој предлог
Фустанче Јас не би си кршела желби, ќе облечете и хулахопки, некои чевлички на нозе, ќе го покриете со ќебенце и ќе биде најубава Ич нема да смрзне бебето ^^мене ми беше битно како ќе искочам од болница, зошто не би мислела и на тоа. Си имав купено спешл облека за тој ден и на мм купив, у склад со бои како и бебе беше дотерано. Носев и чизми на штикла, си ставив и малку шминка (пудра, римел, лабело), косата можеше поарно
се двоумам меѓу овие фустанчиња... https://direct.asda.com/george/baby...tfit/GEM703459,default,pd.html?cgid=D5M10G1C4 https://direct.asda.com/george/baby...tfit/GEM698813,default,pd.html?cgid=D5M10G1C4
Преслатки! Јас сум за првото, што помалку делови, тоа подобро, одоздола со боди. Инаку знам колкав е ќеифот ама... Ја облековме, се сликавме пред родилиште, во кола и директно дома. Дома пак некоја сликичка и тоа беше тоа. Плус мојава имаше и некоја смешна машна на глава Тоа беше прв и единствен пат да носи трака/машна Искрено, ќе ми беше многу криво да купам нешто многу скапо а да го облече само еднаш. Најчесто сум економична и практична
Хахахахахаха И јас се нашминкав првиот пат Не користам и јас многу шминка секако, ама од напоните многу бев црвена во фацата, и со мали ситни црвени точки по лицето, и затоа ставив пудро, сенка и маскара,друго не користам, а за косата среќа знам внатрешна плетенка да плетам па ја подсредив троа И јас сум за како ти е ќеиф така да ја земеш,иначе доста се квалитетни од тука алиштата и нема да згрешиш И јас сум, затоа си ја земав во бели шпикозни А не со фустан
Облечи што мислиш дека ќе ти е удобно. Во тој момент нема воопшто да се замараш што носиш. Јас излегов со влечки што ги носев во болница
Браво за храброста да облечете штикли, хулахопки,да ставите пудра на лице.. Јас се породив октомври, за во болница имав спремно едно широчко фустанче( старо) и се надевав дека ќе ми спласне стомакот и ќе ме собере. Си ја замислував ситуацијата како ќе се облечам, земајќи го во предвид крварењето и евентуалната епизиотомија (која што секако ја добив). Откако се породив сфатив дека бев во право, нога не можев да кренам на кревет да легнам, а не да се виткам да облекувам хулахопки,штикли ,чуда. Да не зборам колку е штетно за нежната бебешка кожа ако мајката го допре со лицето со пудра Имајте и во предвид ако ви отекувале нозете дека нема да ве соберат обувките од пред бременост, тука направив грешка мислев дека одма ќе спласнат,па едвај натнав едни балетанки. Бебето ми беше облечено во шпихозни од Окаиди, мислам џабе фрливме 1200 денари, 3 пара ќе купевме со тие а па цел месец шетавме и баравме што ќе му облечеме. После тоа ги облече уште 2 пати и еве сега веќе се мали. Ги поносе од болница до дома,зошто му висеа надоле,големи,иако бројче 0-3, па веднаш го пресоблековме во помали. Така што мој совет облечете си нешто поудобно,и за вас и за бебе, секако е покриено со ќебе,ставено во транспортер,едвај лице му се гледа а не облека има време за дотерување и сликање И како што кажа Мариаа во тој момент не ти е воопшто битно што ќе облечеш,едвај ќе чекаш да излезеш од болница
Јас бев хаос со првото излегување од болница... Мрсна коса фатена во реп, гради тврди и преполни млеко, подочњаци од истоштеност. Си нарачав хеланки и маица-туника што ја носев додека бев трудна, рамни сандали. Шминка...ма кој имаше тогаш сила да мисли на шминка Кога ги гледав некои тазе мајки на фб сликани пред болница, свежи, дотерани, ептен ми беше криво што не бев таква. Вториот пат бев свежа и да измијам коса, да се нашминкам, а си нарачав од дома салонки на штикла, а на сликата сеуште стојам расчепатена како трудница Сукњата растеглива што ја носев у бременост на сликата се гледа дека е рашкембена Спојлер: Облека на мајката :) Според мене треба да е нешто удобно а при тоа и да се чувствувате пријатно во тоа што го носите, да не се осеќате ко "избацени од поплава" Бебињата ми беа облечени бебешки... Првата шпилкозни, втората боди со панталончиња, чорапчиња и машна у коса