Да си купиш мојата е родена исто "во ладно". Ја облеков во хулахопки, фустан, чизмички, палтенце. Бомбонка на мајка
Си го порачав првото и плус си најдов и капче слично и чизмиња, се надевам дека ќе одговараат или да земам чевличиња
Мене термин ми е 25.12 доктор вика дека има шанси да биде девојче ич незнам како да го облакам за тој период
Ke naucis hhh Sekako ke bide se po dolgi Dolgo bodi odozdola,pa zavisi kolku e ladno hulahopki corapi odozgora spikozni ili kompletcinja sekako po dolgi I zavisi bebe kolku trpi obleka Moevo ic nejkese da e oblecena rodena e januari. Koga bese mn oblecena vristese se derese ja soblakav raat. Taka da i toa zavisi od bebe. Eve denes e cel den po bodi i toa go oblekovme so derenje sekako hahaha
Мојата е јануар родена. За излегување од болница имаше боди по долги, бодито згора што и беше како блузе, џемперче, пантолончиња, чорапчиња и тие калците, за надвор ја ставив во едно целокупно оделце што е за шетање. Никогаш не и облеков хулахопки за надвор. Во количката за внатре купивме како вреќа со крзно и во тоа ја ставав кога шетавме. Дома само боди на долги и шприкозни, ништо повеќе. Темперстура дома 23 степени. За спиење боди по долги и памучни,не дебели пижамчиња. Еве слики од кога излезе од болница, од прилика да знаеш. Од прв ден не ја туткам со многу облека, претоплување е најлошо.
За почеток на септември излегување од болница што препорачувате? Ми кажаа боди и тенки шпикозни и чорапчиња ама некако ми се чини многу . Сепак крај на август почеток на септември уште држи жешко. Јас земав комплетче дводелно на долги тенко ама се мислам. Можеби и нешто на кратки ракавчиња да имам опција. Вие што ќе ме советувате?
Јас мислам памучно тенко комплетче со боди на прерамки и чорапчиња. Сепак е новороденче, не би го облекла по шорцеви. Според мене подобро вака да е облечено и да не го покриваш,отколку да го облечеш во кратки па да му ставаш ќебе одозгора.
Јас планирам тенки тренерчиња и боди со кратки, со тоа што ќе имам и тенко дуксерче за згора. Според мене поарно е со тенки ама долги, големиот во јуни пекол жешко со долги го изнесов, па тек после недела, две дома почнав по кратки да го држам @Ivyano
Мојата е средина на септември ја изнесов со боди на кратки ракави, чорапчиња и дводелен комплет на долги ракави блузка и па панталони тенки. Беше топло сигурно имаше по 35-40 степени денски но кога ќе ја расоблечев само на боди на кратки ракави плачеше валда од што и беше ладно, затоа што кога ќе и облече плус шпикозни на долги ракави се смируваше.
@bella12 @simonka93 @Sofi.ja vi blagodaram . Ostanuvame na kupenoto samo bodi i corapcinja da dokupam .
За од болница бројче 50-56, ок е? Во кутија за новороденче беа спакувани шпикозни, боди, ракавички, капче и ми рекоа дека е комплет за од болница кога се зема бебето. Исто така ве молам за совет од искуство кое бројче на шпикозни и бодиња да земам за првите недели? Благодарам
Се зависи од тоа колкаво ќе е бебчето. Земи си две- три 50 комплет и неколку 52. 56 бројче некаде околу вториот третиот месец може,но ти реков се зависи од бебчето колкаво ќе е. Еве пример моето се роди 49цм и 52 и беа малку големи, а во 56 пливаше што се вели. Имав само еден комплет 50 но си докупив. На некој си две недели го надраснување бројчето. Бодиња и да земеш 52 и да му е малку големо не е страшно и пелена има. Земи си од се по малце, за да може да се износи затоа што првите шест месеци многу брзо ги надраснуваат бројките.
За од болница 50ка можеш. За после, јас 50ките што ги имав воопшто не ги искористив, 56ките ги порасна исто релативно брзо, после месец дена некаде. 50ки јас не би ти препорачала да земаш, јас џабе ги купив. 56ки земи за првиот месец, некоја 62, па ќе видиш бебето како ќе ти напредува. Син ми до кај 4 месеци многу напредуваше, па стагнира малку, што е и нормално. Ама обично кога се помали растат побрзо, па многу работи неискористени остануваат.
Мамички, плик ќебенцата за што ги користите? Дали за во количка кога шетате или може и да спие во такво наместо вреќичка? Зборувам за бебе што ќе дојде во есен (здравје), и би го користела ќебенцето есен/зима.
@..barbie.. како што кажа зависи од бебето. Моето не можеше на месецот 56 да носи. Според мене 56 е најидеално. Бебињата најчесто се раѓаат 52-55цм. Секако треба да имаш и 50 ама без претерување на облека. Јас кога се роди, а еве и сега хах претерувам со купување, сепак првиот месец пошо најбрзо порасна, 2-3 пати и облеков иста работа. Додека трепнав и се омалија. Имав 50 еден комплет и и беше кнап, само еднаш ја сликав во него и толку и тоа едвај и го облеков.. За излегување од болница имај 2 спремни, 50 и 56.