Ако ти се купени со мерак за од болница, облечи му ги, нема да имаш потреба така од ќебенце и спреми си потенко боди без ракавчиња.
Не ми беа стриктно за во болница. Прва облека што ја купив беше таа и така остана во кутија спакована. Здравје ќе земам 2 варијатни па ќе видиме
Секогаш купувајте поголема облека, можеби на почетокот бебенцата ќе пливаат во неа, ама сакаат тие комотно да се чувствуваат така што и нема да биде проблем. Џабе земате 50 ка, ќе го порасне уште првиот месец, нема да го изнаноси, а и да не се лажеме не е нешто ефтино секој месец ново да купуваш. За од болница ако земате плишани, само боди на долги одоздоле и чарапи ви се доста. Ако е ладно ќебе имајте си плус. Ако е топло, а знае да биде Октомври топол, боди на долги, и шпикозни ама памучни, со чорапи плус. Капи освен ако не дува, не ви требаат. Одбегнувајте капи и дома. Температурата ја регулираат преку главчето.
50ка за второто купив за излегување од болница, знаев дека ќе се роди мала-2650грама,47цм. Кога се роди третото 51цм 3ипол кг од љубопитност дома пробав да му го облечам истото не го собираше За третото 52ка купив 4 комбинации и многу бргу ги израсна, чинам ни месец не ги носеше.
Јас со боди по кратки и доле панталончиња со стапалца ако биде ептен ладно по шпихозни и ќебенце обавезно
Земи си памучни во плишани ќе му е топло.Ќерка ми се роди сред декември ја изнесовме со фустанче и хулахопки дебели,имав два пара плишани шпихозни и многу малку ги износи дека дома топло а надвор ептен до некаде ако одевме.
Здраво мамички, Имам дилема околу облека за изнесување од болница, иако знам дека е рано, треба да се породам средина на декември (околу Св Никола). Ова ќе ми е второ девојче ама па ќе се разлика од седум години и сум подзаборавила малку што-како околу бебето...Со огледа на тоа дека ќе е зима и ќе биде ладно, не знам со што би ja изнела. До сега ништо не сум купила од облека (некако индијански овој пат ја терам бременоста). Се си викам имам од првото дете ама па сакам да и купам нешто барем за излагање од болница... Плис за совет ем да не го сварам бебето ем да не го смрзнам . Ако имате и линкови од некој наши продавници со комплетчиња убави слободно предложете ми. Фала ви
И мене ми е терминот тогаш. Јас планирам да ја изнесам со боди на долги, памучни шпихозни, чорапчиња ( планирам да понесам и хулахопки за секој случај) и ќебенце врз транспортерот.
Мн се мислам за транспортерот дали со кебенце но така неможам да го врзам или да барам од тие пликовоте и малите скафандери така да може да се врзе бебето
Кога ќе е во транспортерот нема бебето да го моташ цело во ќебето. Ќе го ставиш прво бебето во транспортерот ќе го врзиш со каишките па потоа ќе му го ставиш ќебето одозгора.
Мајки што сте се/ќе се пораѓате Јануари, како ќе ги облекувате бебињата за излегување? Секако ќе биде многу ладно, ама скафандер на толку мало бебе не ми иде, башка што само од врата до кола.. Хулахопки? Да не ја фати с’клет па Леле,првото дека летно бебе не се мислев вака мислам поише избор имав и на крај во обични шпихознички ја изнесов
Јас се породив крај на декември, бебе носеше комплетче памучно со елече памучно и го завиткавме во плик ќебе онакво како со волна внатре. Колата секако беше загреана, а скафандер само малтретирање е за толку мало бебе. Хулахопки никогаш не сум му облекла.
Јас уште не знам хаха, ама сигурно без хулахопки и скафандер, туку над транспортер некое подебело кебе, секако скафандер нема да собере под каишите. Значи кратко боди па шпихозни над тоа и може некое капче памучно.
Јас спремав комплетче дводелно памучно и одоздола ке му облечам боди на долги и од тие како дзиврички со ногавички, доста тенки се и мислам дека е подобра верзија од хулохопки , и така со кебенце во транпортерот ..многу читав и се мислев пошто гледам поголем дел не облекуваат хулохопки или дзиври мене ми е без веза така толку мало бебе да изнесам на најладното , тргнувам од тоа што јас носам холохпки а бебе да изнесам само на панталончиња во најладно незнам не ми иде , така планирам па дома ке му соблечам веднаш цивричките и готово...и јас се мн мислев за скафандер на крај одлучив да не зимам зошто е факт дека ке го облече само тогаш и највише уште еднаш на котрола едино а место скафандер може и кебе
Па добро малце ке го тргнам кебенцето , вајлда нема да го сварам бебето од едни тенки дзиврички ... и комплетчето не ми е предебело или плишено така да мислам ок ке е
Јас планирам ова, Утре трк да го купам додека има броеви, под ова боди и шпикозна и капче памучно, па во транспортерот одозгора ќебе плетено. Не е многу мислам крај декември тука е многу ладно. За секунда може да се смрзнеш додека го внесиш бебе во кола.
Не знам каде живееш ама земам предвид да е многу ладно, сепак имај на ум дека трабспортерот топли како дебела јакна, а и во скафандеров би седело бебето некое време во болница се додека излезете, со лесно, и скафандеров е пре пресладок, бебе ќе биде топ дотеранко