Швајцарија, баш е ладно тука. Жал ми е и на 10минути да го изнесам така само по шпикозна. Не знам искрено тоа ќебето плетено не е како плишаното па да те топли толку многу. Ете во кола малце ќе го расположам ќе му го потрнам ќебенцето. Мене ми се има случувано така во јануари тука само од вкола до продавница да излезев така слабо облечена и грип да закачам одма, грло и кашлици.
Мене пред излегување од болница ме предупредија во кола капа да му извадам, не беше ладен период ама секакп грееме доста во кола, ете имај си на ум да не му се стопли главчето. Инаку на новоррденчиња навикнати на топличко во меше убаво им дпаѓа да се стуткани во нешто мекано
и јас за јануарско бебе купив плишано скафандерче со мерак за изнесување од болница (одоздола секако боди на долги, чорапчиња, шпилхозни со затворени рачиња/ноџиња и капче), но изгледа ќе мора да го прескокнам скафандерот затоа што не се препорачува за во транспортер. треба да биде соодветно врзано со каишките без предебел/гломазен слој на облека, а врз тоа покриено со ќебенце. дополнително зедов вакво повеќенаменско од алиекспрес за да се покрие/облече транспортерот во случај да е многу ветровито:
Ти благодарам кукло на советите иако никој не ти ги побара може да си гледаш за своето слободно не го " тунтај "
Значи јас убаво кажав дека се доста тенки исто како холихопчиња, а панталончињата исто не се дебели, мада нема што да се објаснувам на зајадливи коментари ...
А настинки? Замисли ветер фучи тука, а бебче штотуку излезено на свет од во топло одма ладно, па пак топло. Ајде како би го облекла ти на - 6C?
Спихозни со бенкиче одоздола, капче и во дебело ќебе завиткано, таман сие. Мојот го натунтаа па кога почна да пишти во кола, јас како падната од марс незнаев што муе. А види колку му беа тенки шпихозните.
Ке ви кажат и дека бебињата се раѓаат без развиена терморегулација. Што значи секогаш се прегреваат многу лесно,но неможе да се изладат потоа . Секогаш на зима се облекуваат со едно парче облека плус од таа што ја носиме,а на лето минус едно парче облека од таа што ја носиме. И никој тука не ви пишува зајадливи коментари. Него сте многу едуцирани па 'ржете на секој коментар што не ви сд допаѓа. Прашувате и мр мр потоа зошто вака така.
Како ќе го врзиш во транспортерот со завиткано ќебе? Нели одозгора оди ќебето? Не се расправам него ме интересира стварно, прво ми е.
Во ред е да не го наоблекувате детето, ама во ред е и да го облечете убаво, посебно во зима. Грип не се фаќа од ладно, и тоа е точно, ама замислете бебе од 3 кила штотуку родено, кое што до пред некој ден било цело време на топло , и на константна температура од 36 степена. Па тоа нема сало, што ќе го топли ? Си сакаат они некогаш топличко, посебно првите денови додека не се навикнати сеуште. Првото ми е Јулче, второто Јануарче, ја облеков во боди на долги, врз тоа шпикозни, а потоа и волненко скафандерче. Кога си стасав дома си ја расоблеков. Ама и дома ѕивриња памучни носеше. Се зависи и дома колку ја одржавате температурата. Џабе се препирате, кога никој дома не знае колку степена држи. Некои на пример се греат на дрва, и нормално е детето да носи само еден пар, верувам им е 25 степена. Ние се грееме на клима, и кај нас е максимум 22 степена, ама иако е толку, пак не е ист воздухот како на дрва кога некој би одржавал 22 степена. Плус, не се сите овде од исти градови, некоја е од Гевгелија, некоја од Берово. Затоа, џабе е сето ова 'рчкање.
Мене докторка ми рече, со првото дете честа грешка се прави со тоа што се преоблекуваат бебињата. И ми рече, на бебе подобро да му е малку ладно, одколку да се прегрее. Бебињата се појаки одколку што ги мислиме. А прегрејување на органи не е смешка. Јас би ризикувала и да настине, одколку да го преоблекувам и да се прегрее. Не се секирајте мајки, моја роднина во јануари се породи и не го шеташе бебето, ладно ќе му било, па настинато беше цело време. Мислам дека баш од што не го ваѓаше доволно, од тоа настинуваше. Се шетаат бебињата и на ладно, нема да настинат. Баш ако се преоблечени побрзо ќе настинат, и од пикање во гужви настинуваат. Слободно шеткајте ги на ладно, во природа, на воздух. Па и ќе настине некогаш, од тоа нема бегање, така се гради имунитет.
Не не извини мн но ова веке е друг начин, во ред сме кажале нешто (лично јас не прашав туку си кажав како планирам , прво дете ми е можеби и грешам ок ) но ако сметате дека не е така нели као поедуцурани и поискусни треба да се пише ете вака а не одма со префрлање ...
Најпаметно ми е да спремам две различни варијанти. 1.боди + шпикозна и капче меко, другата исто така + плишаниот скафандер и да ги прашам сестрите како е најдобро да го изнезам бебчето од болница.
Сестрите може се да му облечат. Свекрва ми донесе, бенкиче со ѕиври чорапчиња и шпихозните одозгора. Сестрата се му облече и плус екстра дебело ќебе