Не ти треба скафандер. Само памучно капче имаше во Зара, имаше и од БиБејби во Ангел Тренд, во Ваикики. Едит. Енци Менци
Jas si naracav sega od encimenci ima popust samo kapce. A rakavicki samo kade naogate? Realno i jas mislam deka ne treba skafander za min dve nadvor sto ke e do kola. Baska aj da se poragas noem/dek ke kupis sekako i za setanje ponakata. Jas vaka vo april na kraj ke mi bide prvo setanje sigurno nema vo skafander da go setam i ne kupuvam, ostaj babine neka zborat gajle mi e
Не ти треба скадандер. Второ бебе имам и никад не сум купила скафандер. За од-до кола ќебенце е доволно.
Јас ракавички купив во Ваикики, во делот кај чорапите, т.е пред касите. Три пара (две бели и едни розеви) за 149ден.
Gledav eden online cas za bebinja,veke ne preporacuvale rakavici za da ne se ugusat vo spienje so niv ako ja lapnat i im ostanela vo usta. Namesto toa sega spihoznite gi pravat so extra materijal na racete ko rakavicka. Vo mothercare takvi zemav.
Па не знам кој нормален остава бебе да спие со ракавици.. јас ги земав да не се гребе додека сме во болница
Мене ме нервира што успева да ги тргне ракавичките некако. Земав и ја од тие шпихозни со плус материјалче на ракавот, од Ваикики. Со нив нема никаква мака
Јас никогаш немам купено скафандер, ракавици и капче за по дома. Капче мислам и ја стегаше главата, а и дома е топло и нема никаква потреба. Ракавички во никој случај не сакав, затоа што бебе така истражува преку допир. Се гребеше, ама редовно сечев ноктиња и тоа е тоа. Со Скафандер ми изгледа дека би било премногу натуфтано и неудобно ми изгледа. Исто, ниту за второво не планирам. Во Април скафандер ми е премногу макар и ладничко да е, не може да биде - 10. Мене термин ми е први мај, ако е како првово да се породам штом влезам во 9ти,значи и јас тој период би се породила. Планирам да купам боди на кратки, памучни шпикозни и кебенце.
Мене термин ми е 28 март, е сега кога ќе се породам не знам. Гледав многу комплетчиња,ама некако не сакам кошули и така ко свечени да го туткам бебето. Земав вакво од Ваикики за од 0-1 месец (3-4,5kg),па викам со тоа да го изнесам. Е сега ноџињата се покриени, а тоа горе е уствари боди до долги,дали ќе биде доволно или ќе морам нешто под или над него да облечам. Ќе си биде во транспортер покриено со памучно ќебенце, ама не знам дали е ова доволно.
Јас вакви 50ки имав мноогу се убави и супер избор затоа што е стварно практично Ја се запнав за една шпикозна плишана а топло ср погоди и дома место да го оставам да спие ја морав да го соблекувам одма. Шансите дека бебе ќе спие се големи од транспортер во креветче така што супер што си одбрала вака да му е удобно
Ова е 52 доо 56 мислам, не земав 50мка мн. мала ми изгледаше а и овие исто, дечко ми вика, ова со кратки ракави е?Викам не, туку мало е бебето хаха. Имам и едни од 0-3месеци малкуу поголемки,може да ги земам ко резерва,ама не сакам да му бидат ко позајмени,барем тие за од болница сакам да се таман, не да му висат. Е уште капче мислам памучно да ставам и толку не сакам да го тунтам, а и некоја тешка облека па да мислам дека ќе го скршам ко ќе го соблакам
Па затоа и прашав,ем некако голо ми изгледа,ама дека и ова е боди,не е блуза не знам како ќе биде со 2 бодиња...
Мене ова на бенкица со пантолончиња ми изгледаше, најверојатно е подвиткано. На моето од болница сестрите му облекоа долу боди со куси на преклоп и шпикозни со ногавици и со долги ракави. Нема гајле две боди, јас и сега му облекувам боди со рамки/куси и боди со долги одозгора.
И јас мислам исто како Оли ,под ова боди со рамки или кратки таман ќе биде.А мене па како блузичка ми се гледа
И јас планирам вакво памучно комплетче, термин 20ти април ми е, ми се свиѓаат неколку од baby shop па ќе си купам од нив, комплет се со капче лигувче плус памучно ќебенце. И ќерка ми исто вака ја облеков, се породив средина на декември, само и ставив дебело ќебенце. @jarec6 обавезно боди на кратки одоздола, голичко ќе е инаку.
Па така сум го свиткала кога ја гледам сликава и мене ко блузичка ми е,епа ќе ставам и боди едно за одоздола не е на одмет. Фала ви. @mamaJana да и капче памучно земав,да не му биде главчето голо.