И јас мислам 50ка, на мојата и тоа и беше големо, секако утнаа за цело кило на мерење. Но колку и да кажат дека е бебе, секогаш се мали кога ќе се родат, мноогу мали
Ме интересира мислење би требало да се породам екаде средина на ноември и сеуште не знам што да купам за излегување од болница? Дали да земам плус плишани шпихозни да ги ставам над обичните и ќебенце. Ве молам за помош
Ќебенце да си земеш, а за плус уште еден пар шпилхозни мислам дека нема потреба, најверојатно со кола ќе го однесете од болница до дома, ќе си вклучите парно, нема да му студи.
Ja ne bi zimala. Ke go pokries so kebence ubavo i transporterot topli dosta. Posle sekako doma ke ste koa ke dojde vreme za prosetki veke ke e ladno ke ti treba skafanderce
Јас се породив лани средина на ноември. Бебе изнесов во боди на долги, чорапчиња и дводелно памучно комплетче (блузиче по долги ракави и патик-пантоли) и плус капче. Во транспортерот беше покриена со тенко памучно ќебенце. Не ти треба ништо повеќе од тоа, не се толку ниски температури, а и од болница право во кола влегуваш и од кола право дома, така да нема да измрзне во никој случај
Тука негде сме со термин. Имав и јас дилема дури се мислев и за скафандерче, ама пак ме поучија мамиве овде и во право се дека на отворено е 2 минути од болница до кола и од кола до дома така да нема потреба да е преоблечено. Јас зедов комплет, од комплетот планирам да му облечам боди по кратки, шпикозни целосни, со капче, ракавици и ќе го покријам со ќебенце, средно дебелко е. Ако е ептен ладно имам и бенкица за над бодито. Се памук. Има преубави комплети што се продаваат со се дури и со ќебенце со исти шари. Плус има и пантолчиња и блуза и лигавче, па кој како милува така да го облече.
Здраво мамички. Термин ми е средина на јануари. За бебенцето купив плишани шпикознички (со ногавички) боди на долги, капче, и ракавички. Е сега прашањево ми е дали да му земам и хулахопчиња памучни или чорапчиња за одоздола? Инаку секако ќе биде покриено со ќебенце.
Моето е родено 16 декември,снег имаше бајаги ама му немам облечено хулахопки.Шпикозни имаше,ќебенце и тоа е тоа.Ок и капче.
Хулахопчиња можеш да земеш за секој случај, носи ги со тебе па според времето ќе видиш дали ќе ги ставиш. Чорапчиња јас ставав под шпикозните со ногавички што ми беа.
Чорапи можи, ама хулахопки според мене не треба. За надвор шетање да, ама за од болница, во кола и дома не треба.
Мојава е Јануар родена, немаше хулахопчиња ама имаше како тоа мече одело целокупно што е замена за јакничка, па така да мислам доколку земеш и тие нешто слично, нема потреба пд хулахопки.
Во ова сакам да го изнесам бебе од болница. Термин ми е 25ти февруари, но мислам дека нема да издржиме до тогаш и дека ќе биде почеток на Февруари. Плус ќе биде во транспортер бидејќи имаме еден час пат. Ваше мислење?
Многу големи некако алиштата како за новороденче... Кој број се? Убави се инаку, и ќебенцето многу е практично имам 3 на подарок ги добив и ептен ги искористи.
И мене големи ми се гледаат. За во транспортер не е кебево. Во транспортер само по алишта и закопчано со каишите. Ако сметаш дека е ладно тогаш кебе одозгора, ама откопчување никако. Не е битно дали 5 мин или 2 часа. Во кола бебе исклучиво во транспортер се вози. Беља за минутка биднува.
Кој број се тренерчињата? Многу ќе му дојде ова плус греење во кола. Јас би шпихозни. Ептен е мало ќе го натрупаш мн.
Многу е. Може подобро би било боди со долги ракавчиња и панталони ако сакаш нешто баш слатко или шпихозни, сега има многу избор. Како што ти пишаа погоре, работиве се преголеми, ќе плива во нив, а и претопло ќе биде, плус ќе ти скрши мерак, нема да изгледа како си замислила.