Големи се. За од болница 0-3 барај, првиот месец толкави ќе носи. И барај затворени доле во ноџињата. Имаш комплетчиња кај што и ножињата и рачињата можат да се затворат, како на преклоп се ракавчињата горе. Во Bomida Baby Shop види, имаше за евтини пари по 3 комплетчиња. Моето првиот месец тие си ги износи.
Waikiki ima sekogas za najmali, i struzanka ima dosta ubavi spikozni za novorodeni so preubav materijal na silvi style
Не ни ти треба 50 ка, за тоа се џабе фрлени пари. Најдобро е да се купуваат од 0-3 месеца. Многу брзо растат, за неколку дена и нема да можеш више да му го облечеш тоа. Ако ти е за мерак земи едно, ама повеќе стварно не се исплати освен ако не е прематурче. Јас купував од 0-3 месеца.
Штом ќе бидете во кола еден час, тогаш боди, чорапи, блуза , панталони и ќебето доста се . Капата во колата да се извади бидејќи преку главата ја регулираат температурата, и малку откопчано за да не и биде жешко, да не се претопли. Малку ќе биде големко, ама ќе подвиткаш па ќе биде таман
Тебе ти се гледаат многу мали бидејќи бебето го замислуваш којзнае колкаво е, ама кога ќе се породиш ќе видиш колкацко малечко е, дури и најмалите алишта големки ќе му бидат. Земи некое комплетче за 0-3 или најдобро од оние сетовите цела кутија, во натре си има се и боди и комплетче и се за бебенце.
Не сум помешала, прво дете ќе ми биде и не знам што и како, постарите за се викаат мало е, мајка ми е почината и нема кој да ме посоветува. Јас навистина се извинувам што ви досадувам, но дали ова би можело да се искористи. На него пишува 56ка-1m, а и кебенцето ми е жолтко. Секако би облекла и боди и капичка и може и чорапчиња.
Може, убави се и таман ќе одговара. Старите не ги слушај воопшто, они очигледно имаат заборавено колку е мало бебенцето кога се раѓа.
Да, може и ова. А и да плива детето ништо страшно. Битно е да биде облечено во тоа што мајката го има ќеиф да го носи. Не се сеќирај, и јас сум ги облекувала во големи алишта, а и сеуште зимам поголеми.
Тие се големки дури и за крупни бебиња. Просечно бебињата се 3-3,5 кг и за таа килажа одговараат 56ки кои се 1-3 месеци и пак ке се големки некое време. 50ки се џабе фрлање пари, така да ова ке ти е добро за од болница. Големко ке е малку ама сепак добро.
Не мора да значи, јас некој 50ки до три месеци си ги користев, поготово тие дводелни комплетчиња горниот дел што е како преклоп.
И јас само 50ки му облакам сега, две недели е моево. Дури и тие му се големки. А скоро ич немав купено таа величина. Арно што имам од внук ми толку мали, инаку ќе требаше сега по дуќани да трчам. А не ми е баш малечко родено. 3000 кг и 50 см се роди.
Многу зависи од бебето колкаво е и колку напредува. Моево над 4 се роди и 56 ки носеше три недели едвај. Првиот месец скоро 2 качи. Боди и шпихозни побрзо се смалуваат. Тиедводелни комплети каде што нема боди и долу ногавици подолго се носат.