За беба моја купив фустанче за излегување од болница, боди по долги, хулахопчиња ама пошто не сум од ск сега си мислам да не ја малтретирам во кола долго време така облечена. Зедов памучно комплетче да и биде удобно дали да и носам и хулахопки или само чорапчиња е доволно? Долниот дел е пантолонки како со чорапчиња затворени не знам како се викат.
Памучен комплет и јас зедов, исто доле затворени. Не планирам чорапи за испод, зошто да ставаш плус чорапи? Хулахопки па у никој случај не ти требаат. Секако ќе го покриеш со нешто плус од горе.
За покриено ќе го покријам него не знам со ова времево како би му било, прво бебе и искрено не знам ни како треба да го облекувам. Додуша во кола ќе биде топло секако. Фала за одговорот само комплетчето ќе му го облечам и тенко ќебенце
Мене што дека ми е второ кога ни за мене деновиве не знам што да облечам . Ама топло е веќе, од наредна недела ќе биде уште потопло. Не очекувај стапалцата да му бидат топли на почеток, уште не им е доразвиена циркулацијата, нека не ти биде тоа репер дали му е ладно или не, се проверува на грбче/гради. Ова непобаран совет .
Секој совет е добредојден. Ти благодарам. Навистина не знам по што да се раководам. Јас за неа не можам да одлучам што да и облечам, за мене па ич немам ни размислено. А мора да спремам веќе се ближи времето. Се надевам и да се стопли веќе малку барем нема да мислам дали и е ладно цело време
Најдов на пазар. Случајно видов на едно место бебешки алишта прашав и најдов, имаше нула и две нули, јас зедов две нули за почеток. Тие ми беа баш како за новороденче мали, нулата беше поголема малку.
Здраво девојки, дали некој што веќе се породил на ГАК летно време може да сподели како го облековте бебето за излагање од болница? Слушнав муабети дека строго на долги дозволувале од болница меѓутоа на пекол жешкото во Јули ми е малку чудно. Секако бебе би било покриено со тетра пеленце за заштита до кола, ама јас пак мислев нешто леко на кратки (кратки шпикозни) и ако треба евентуално чорапчиња
Треба деновиве да се породам ,немам претходно искуство од таму ,баш се мислев да не ми се смеат дека долги спремив оно видиш друг муабетот . Ај баш ме интересира искуство ако има некој.
Ајде сега уште се трпи времево. Ама во Јули ке е страшно Ке чекаме одговор од поискусни мајки што се породиле во лето на ГАК
И ја имам уште максимум 2недели до краен термин, спремен и е фустанот на кратки и чорапки … кој ќе ми каже на жештинава у долги да ја изнесам не е здрав јас сум жив склет. Во Систина сум јас ваљда нема некој паметен да се направи
Другарка се породи на гак пред една година крај на јуни, го изнесе детето во фустанче без чорапи. Пекол беше надвор 30+ степени, уште по долги алишта да го вари, греота е. Муабети се само, не верувам да е така.
И ако не е на долги нема да ти го дадат дома? Облечи си бебе како што сакаш, какви долги на таа жештина. Единствено ако се претенки, па да се долги.
Трауми од свекрвица со тоа нејзиното ,, 'рскавица е тоа кај го оставаш голо" Па кога ќе се настине ,,ете ти кажав 'рскавица " до 3 г така ми правеше