Znaci da ne im spremam nekoe kapce I rakavicki za izlaganje od bolnica bidejki drugoto im e spremno staveno vo kese, za tato da gi donese vo bolnica?
Девојки да ми дадете совет и ваше мислење за облека за изведување од болница. Што е подобро да купам од оние комплетите шпикозни или блузичка, панталони, или па во фустанче, памучно со таков дел за закопчување меѓу нозе. Фустанчето многу ми се бендиса, на долги е, може со хулахопки некои да го облечам, ептен ќе биде слатко. Да не е ту мач за бебе од 3 дена, да не се замислувам многу јас.?
Како ти е ќејф така облечи ја Шпикозните ти се најпрактични за онолку мало бебче Јас мојата со фустанче ја изнесов,со еден тон тул на него Едвај ја пикнав во него,само кога ке се сетам......
И јас мислев дека е ту мач, ама пусти мерак за фустанче. Изгледа ќе почека. Да не ја правам зорле поголема, вака во шпикозни или панталонки, бенкица право бебе ќе биде. Фала ви мајкички.
Не се мн. замарај за тоа. Едвај ќе чекате домче па тоа последно ќе ти биде Маж ми го терав три комплета да ми донесе пред излегување, па вакви кондурки онакви.... И кога требаше да излеземе само земав што ми беше при рака и ајде побрзо дома
@forumce најубаво памучни шпикозни ... или едноставно фустанче ако ти е ептен мерак, не знам за другите ама јас додека да му падне папочето на моево не му облекував дводелни работи, се во боди и чорапчиња или шпикозни преседовме први 10тина дена... страв ми беше, може безпотребно ама некако си викав ќе го стега на половина нешто плус, па дали ќе допира на папоче и така...
Мила и јас на малата и зедов фустанче со малку тул одоздола за излегување од болница. А знам дека ќе биде со помала килажа но ми беше мерак, преубаво е фустанчето. Ако ти е мерак облечи и фустан, па дома кога ќе си дојдете пресоблечи ја.
Еве ја малата дента од болница како излезе. Мај месец беше,после дома ја пресоблеков,ама претходно убава фотосесија и направив. Облечи и фустанче ако ти е мерак. Триста слики и имам направрно и сестра ми и золва ми.
@iki26 Леле принцеза мала, пу пу да не ја урочам, преслатко е фустанчето. Јас сѐ уште се мислам, ќе разгледам пак во град што има, сигурно ќе донесат есенска колекција па што бендисам во тоа ќе ја облечеме. Свеки сакала од неа ќе биде тоа во што ќе ја изнесеме, јас само да си изберам.
Мајки реков ај тука да ви пишам...сега во сабота ќе се отвора Тила во Капитол,преубави модели и квалитет.Еве баш гледам @Belabelinakinder има комплетче од таму,преубаво е,за мој вкус
Преубави работи има а и доста се квалитетни дури некои работи им се перени е сега ако се цените како во прилеп не се скапи ова го земав 700 денари само блузето и пантолончината,марамата 80 а секаде се по 100.150.пелената 550 мислам дека беше а преубав материјалот
Јас се одлучив да не ја облекувам во фустанче, туку во памучна блузичка на преклоп со копченце и долен дел со стапалце. Е сега ме интересира под тоа што да ѝ облечам. Овој месец ќе се роди, сѐуште е топло, но има и поладнички денови. Купив боди без ракави, ако е топло тоа ќе ѝ го облечам. А ако е ладничко одоздоле бенкица планирам, а надоле што? Леле тотално сум изгубена.
@forumce мојот термин е крај на септември и имам спремено боди на кратки и на долги ( зависи од времето тоа ке го облечам) за одозгора блузичка на преклоп, чорапи панталони со стапнале, капичка, ракавици и памучно кебе од оние како плик што се прават.
Епа така и јас ќе направам, наместо бенкица да земам боди на долги, па ако е поладно тоа ќе ѝ го облечам. Секако и ќебенце ќе има.
Кажете ми каде можам да најдам убаво фустанче да не е целото шушкаво со тулови туку некое материјалче?