На јатрва ми девојчето од такви синтетики,тулови и китенки цела се исфрли и се вцрви. Не сфаќам што е поентата со дотерувањето за одење дома. Бебе е тоа,осетлива кожа има. Од памук и лесна облека поубаво за бебе амин. Мојот го изнесов во памучно боди на кратки ракави и чорапчиња,крај на август е роден.
Леле мајки дај кажете некој предлог. За бебуш мој, машко термин крај на ноември. Си гледам по нет, ништо не ми се допаѓа. Тоа што ми е ок некако читам искуства не е за толку мало бебе. Пример, панталончиња, блузичка и елече. Гледав на нет од Carters многу танки ми изгледаат. Help!
Мој предлог е да купеш шпикозни, меки, удобни а ги има штосни за натаму има време да го дотеруваш и фраер да биде.
Исто и јас би ти рекла. Купи си убави шпикознички. Што поудобно поубаво. И јас се замарав, дури и темава ја отворив и во болница сфатив дека сакам само дома да си идеме, небитно во што облечени.
Јас ќе си го дотерам дунде за излегување. Уште не сум решила што, ама најверојатно фустанче ќе носи девојчето
Јас се мислев да нарачам од кај една жена да ми сплете тиролче/фустанче најмало за изнесување од болница. И капче исто како на дада и што и го сплете лани со буфче да имаат исти. Одоздола шпилхозни памучни. И ќебе дебело оти јануари ќе биде. Чекам 30 недела и се ќе нарачам, до тогаш не купувам ништо, уште 5 недели
Ти благодарам. Освен шпикозни, под нив боди? И вајда капче Во право си, убаво е да се слушне искуство од поискусни мамички.
Carter's се памучни и затоа така ти се чини, но не се тенки. Памукот е многу убав и верувам дека грее, освен ако не живееш некаде во многу ладна куќа или незнам, но ако си во град би ти било таман.
Во болница даваат спаваќа за таму. За одење дома со свои алишта. Едит: спаваќата е за мајката За бебе шпикозни од таму.
Додека си во болница од таму го облекуваат, облека ќе ти биде потребна за излегување. Даваат и спавача но можеш да си земеш и ти по можност повеќе отворена за да не ти биде проблем доењето.
@danichap знам еднаш дека прашував, па ај пак да си повторам За излегување од болница, ми треба ли јакничка за бебе? Дебело ќебенце ќе имам (и едно за резерва). Планирам да е облечена вака - боденце на кратки, блузиче на долги, плетено фустанче, хулахопчиња и чизмичиња. Над блузичето џемперче. Ми треба ли јакничка или доволно е да го покријам? Скафандер ќе земам потака - сфатив од претходната дискусија дека нема да ми е практично за бебе толку мало. Ќе зоврие дур го изнесам од болница, а и колата ќе си биде топла. Дур можам уште да шетам се мислам дали и јакничка ќе ми треба? Ќе почне да заладува времето, а бебе ќе дојде за 1 месец.
Jas zemav skafander plisan od vnatre e pamuk, istiot mesec odoke 3 pati na kontrola, ke ja izneseme do negde i ne mi se rizikuva samo da ja pokrivam so kebe
Зеди, само нека биде комотна, широк модел, не уз тело. Јас не успеав да и облечам јакничка на мојава. Кога се склеттиса дете од облекување неколку слоја облека, кога зеде да вришти и да се вцрвенува... не ми беше успешна мисијата.
Јас за мојава нема да земам јакна. Само ќебенце. Колата си има греење, исто и дома. Греота ми е да ја наоблекувам од толку мала, плус и болницата ми е 15минути од дома (со кола). За подоцна кога ќе потпорасне, таман зима ќе фати - имам скафандер за од 0-6месеци, мислам дека доволно ќе е за зимава.
Се мислам и јас заради тоа.. ние за 5 мин сме дома од болница. Паркираме буквално пред зграда. Имам 10 чекори за до дома, а дома топло е.
@kukla21 или јакна или ќебе, немој како мене, бабите напуштиле и ќебиња(дебели) се смееја во Ремедика а јорган имате. Значи имав тенко комплетче, имав тоа плико или како се вика што се ставаат внатре бебињата и толку. Нит јакна нит ќебе ставив. Е сега за 1 месец ќе биде ладно, но мисламдека со ќебе ќе завршиш работа, јакна нема да ти треба
^^ јас планирам јакничка да облечам, а ќебето само за покривање на ноџињата да биде (и тоа ако е ептен ладно дента ако не не покривам) и во транспортер, во раце префрлање и држење низ ходници недавам, здравје дома кој сака нека нишка и нека минува мерак. Беба во ќебе не би виткала, ич не сакам така, сакам дотерано да си го гледам ^^^ уствари ако ги мотате во ќебе како ќе ги ставате во транспортер?? Ќе мора сепак да се одмота, па стави, па врзе, па сепак само покрие со ќебето.. А освен во транспортер возење во кола не давам во ништо инакво, не ми е безбедно!! Туку мене ми текна што сум видела, додека ја изнесувам беба од клиника транспортерот да го покријам со тетра, ваљда ради прашина/бактерии ги редат јас ќе наредам таман и настинки идат па да не кивне некој врз беба