Ех па тогаш не ставам, јас сакам да го гледаат, црвче, згужвано ама најубаво ќе е за од уроци ако се плашиме наопаку чорапче и готово
Мојот транспортер се закопчуваше, малечки се тогаш со ќебе ги бери внатре. Инаку и мене ме караа во Плодност, многу облека сум однела за вадење, скафандер не му ставија, ѕиврички исто не, пликот не, само облеката и ќебенцето, од болница до кола го свиткав и пред зграда слеговме. Ми рекоа ќе го свариш в кола, нема терморегулација уште, не е добро ни толку наоблечено да е.
Од искуство терање мода кај новороденче кое е цело млитаво и не си ја држи главата е многу непрактично и комплицирано! Мој искрен совет за родените во зима е дебело плик ќебе за почеток, а после 4-5 месеци веќе може скафандерче (исто и јакничка е непрактична, јас барем се намачив). Кога ќе го врзувате во транспортер за во кола, ќе го легнете без ќебенце, закопчувате, и убаво го покривате со ќебето одозгора. Нормално тоа уште пред искачање од врата, транспортерот во рака. Во принцип така е и за поголеми деца што веќе се возат во седиште, зимно време треба да се вади зимската јакна пред да се закопча во седиштето, ради безбедност. Моето плик ќебе всушност е како меко јорганче, полнето, и супер топли во зима за покривање. Моја препорака.
Мене од болницата кај што ќе се пораѓам ми дадоја листа кај што пишува што треба да спакувам за во болница ( за да не носам све и свашта) , меѓудругото за бебето пишуваше никако плик или пак некој друг вид на облека во тој стил, заради безбедноста на бебето во транспортер, значи нозете мора да бидат слободни.
Баш пред некој ден ми се појави на фб дека не се препорачува возење со јакничка. http://kumanovskimuabeti.mk/zoshto-...imska-jakna-na-avtomobilskoto-sedishte-video/
А тие плик ќебенца нели се ,,огромни,, како ќе ги свиткате во транспортерот и за покривање да ги зедете пак се големи, слоеви ќебе, плус дебело Барем моево е големо што го имам и потполно непрактично ми изгледа за во транспортер.. @kukla21 не е возможно да се закопча, едноставно неврзани ги возат.. @Ano ОК е објаснувањево ама да облечеа некоја таман јакничка на детенцето па да видевме убаво, плус монтка Ако волку не е безбедно се чудам зашто речиси секое детенце што ќе го здогледам во транспортерот е со јакна, зарем толку сме несовесни ^^јас би била најсреќна да немора и јакничка да облечам, сакам во штосните шпикозни да го прошетам низ Клиника, затоа и ќебе несакам, ќе го покријам и ај
@emkaemka мене ме убедуваше еден, од бебето мислам беше, демек тоа е тоа што се користи за бебиња. Му викај ај закопчај транспортерот со тоа внатре. Аааа не се закопчува. Па на мало бебе ли ќе му закопчуваш транспортер. Уште и луда ме направи
Цело време се нервирам дека 68 го зедов барем помало да беше ќе го искористев сега Баш ме интересира какви се тие штосни шоикозни,мојте мислам просечни се не најдов ништо посебно