https://moebebe.com/detski-legla-i-...obikolnici/spalen-komplekt-sedem-chasti-honey Ние оваа си ја купивме ептен е слатка. Понатаму ќе си земам уште една на кремово сакам.
Da za postelininite voopsto neiskoristeni se. Eve mojot vo vreka zimoska spie bez pernica. Samo dolen carsav koristam. A kupiv tri kompleta so se i ogradici i ene gi si sedat vo skaf, no neiskusna togas, sepak podocna ke svatite deka mnogu raboti samo nepotrebno se kupeni. Sepak ete od kejf zemete eden komplet i poveke dolni carsafi. Znam vaka ubavo izgleda krevetceto na sliki namesteno so jorgani pernici ogradici i trista drangulii ama za novorodence a i za pogolemo koga ke bide voopsto ne e bezbedno. Vo krevetceto treba samo carsav da ima i eventualno nesto za pokrivanje ne tolkavo kolku jorgan tuku da bide vo prikladna golemina na bebeto ne da se gubi vo nego postoi opasnost od zadusuvanje a isto taka i od mecinja pernicinja. Se znae krevetceto e za bezbedno spienje na bebeto ne za so ukrasi da se trupa.
@TheSecret Многу си купила, дури три со оградици, немало потреба да бидат со оградици сите. Јас купив една со оградици и јорганче и другите две само чаршаф, навлака за перница и навлака за јорган. Ускладив боите на оградиците со постелнината и супер испадна. Ги користиме сеуште бидејќи три години е а уште спие во дрвеното креветче! Би обрнала внимание да бидат од убав памук и јорганчето да биде ,,полесно,, Додуша јорганчето како што спомена TheSecret и не се нешто посебно искористува додека се бебиња!
E ajde de togas luda bev po bebeski raboti...sega da mi e pametot nemase da imam volku neiskoristeni raboti. Ama ajde golema familija sme ke se najdat za drugi bebinja zdravje.
Јас земав таму една постелнина. Уште не ми е испрана, ама вака квалитетна ми изгледа. Ја имам постирано низ темиве.
Истата ја имаме и ние. И мене ми беше љубов на прв поглед, ама е буквално неискористена досега (освен чаршавот), а синко е веќе 6 месеци. Оградиците ги немаме поставено сеуште бидејќи душечето ни е на горното ниво поставено, јастучето не го користиме, а зимата си спиеше во вреќичка па остана и јорганчето неискористено. Размисли си, не е баш ефтина, а за прекрасна навистина е прекрасна.
Мене ми рекоа без центрифуга ,за да не се стуткаат,па ќе пробам,некако ми е страв да не ги уништам Со центрифуга или без ?
Па ако се памучни нема зошто да се стуткаат Никогаш ништо не перам без центрифуга можеби на помалку вртежи, ама постелнини оградички и сл на 1000 вртежи.
Јас цела постелнина и оградиците ги перев на 40 степ. и СО центрифуга ама со помалку вртежи. Досега сигурно преку 15 пати ги имам перено и гајле немаат,ама се 100% памук квалитетен
Ако се штепувани на добро растојание нема да се стуткаат. Ако е само така полнетицата ставена и шиена само по рабовите, ќе се истурка па како сакаш пери ја.