За Тила не знам. На Тач пиши им на фејсбук или инстаграм побарај да ти пратат слики. Tacmacedonia e на фејсбук, инстаграм не сум сигурна.
Машнички за деца на инстаграм изработуваат, комплети со убави дезени по твој избор. Можеш да ги прашаш да ти пратат и сликичкаи, многу се фини. Јас нарачував, тенкички се, мислам таман, лесни, има со две лица.
Kolku se prakticni ogradicite pletenki? Kakvi se za perenje? Mi treba ponisko nesto od onie obicnite koi ja pokrivaat celata visina na ogradata na krevetceto.
Никако! Преваранти. Ќе ти пратам ако сакаш каква постелнина ми пратија. Не враќаа ни на пораки, ни ништо. Ги пријавив. Па го сменија името на профилот.
Леле жими мене само по сакав да им пишам за да порачам. Фала ти ептен. Спојлер Ако имаш сликче и не ти е мрза, сподели, чисто ме интересира како ќе се з@ебев.
Морам да се приклучам да кажам за baby.mkkk... Тешки преваранти, производот нема врска со сликата, а откако пишав да се пожалам воопшто не ја отвараат пораката... @IRBBB @Mandela
Здраво, би сакала некој ако има искуство да сподели со lunaknit_mk на инста дали имате нешто нарачано и како сте задоволни? Или од која друга страна сте задоволни за изработка на плетенки како ограда по нарачка, ќебенце по нарачка и сл.
Јас имам нарачано само тетра пелени, ми стигнаа како на сликите, за ќебиња и др немам искуство ама вака добри делуваат.
Постелнини со убав памук има на БитПазар спроти полицијата во редот со продавници. 1000-1200 мислам беа отприлика. Дезени милијарда, сите преубави, шијат и по нарачка, а ако имате кој да ви сошие 250 денари е метро. Јас си земав од Матекс материјал пошто ме мрзеше да се враќам до пазар, исто 250ден со дупла ширина и искачаше дека за креветче 120х60 потребни се 2м и 20см, тоа е 550ден. Исто на БитПазар има и преубав материјал за тетра пелени.