Драга да ти кажам во спалната соба е само креветчето од бебето Па секако нема да ставам се во спална Во детската соба на бебето ни е ставена комодата за пресоблекувње , Нејзиното шкафче ... сите нејзини работи ... транспортерот , количка и сите работи само уште не ни е исфарбана , несакам бела боја во секој случај да остане Муабетот беше дека ако собата е целосно спремна како што е на сликите , бебето нема од само раѓање да го сместам во неја... За спиење ке си е со нас во спална ! И да не планирам детето да го растам со мене во спална кога ке потпорасне ке си спие и во својата соба ,во неа ке си игра и се останато , ние ја свативме поентата на темата ! уредување на детска *бебешка соба*
Внука ми од раѓање спиеше различно, си менуваше, де во креветче де во кревет со сестра ми, но во иста соба со нив, значи спална соба. Е сега додека живеевме сами таа спиеше претежно така, после “мојот“ кревет стана нејзин, односно си беше нејзин но тета и го користеше додека живееше со нив. Сега на 2 години веќе сака да спие сама, и а и дојде време си ги зима перницата и покривачот ако и се на друго место, си иде во соба и си легнува. Да бебешка соба е одлична идеа, поготово преку ден, да не спие во дневна, си спие во таа соба, си има свое катче кое е преполно со играчки и кое е уредено баш по негов терк, а навечер само за спиење кај мама и тато, штом наполни доволно годинки си спие во таа соба, ете внука ми и порано од што мислевме пројави интерес.
Значи само јас сум мајка без осет Ќерка ми од 6 месеци спие сама во нејзина соба јас навечер шетам по еднаш-двапати до кај неа но не ми е голем проблем. Искрено сакам приватност во спалната која секако не е голема а нејзината соба е и повеќе од доволна. Во врска со уредувањето скоро и залепив над креветчето едни 3Д стикери за ѕид со диви животни и имавме едно добри две недели објаснување дека тоа е слика и треба да стои на ѕид а не се играчи за фаќање. Сега само им мафта кога влегуваме и излегуваме од соба!
^Јас значи бетер сум, од првиот ден спие сам во соба Не ја гледам непрактичноста во тоа син ми сам што спие, не живеам во палата па јас да сум на едниот крај а тој на другиот крај, соба до соба сме, само што почнувал да кенка уште не расплачен сум била до него(ово како новороденче)таман и се расонував за да го надојам. Не гледам зошто би спиел со мене во кревет, така и јас и сопругот ке бидеме цела вечер на штрек нешто да не му направиме и никој не е наспан како што треба а имаш обврски цел ден. Исто не би можела да имам секс во истата соба кај што ми е детето, да се плашиме да не го разбудиме или уште полошо се разбудило и те гледа Син ми го земам кај мене во кревет за да се гушкаме, мазиме ама строго кога сум будна. Мене ми ја опремија свекорот и свекрвата собата (тоа го направиле за сите внуци), деверот кој е надарен за цртање ја среди со цртежи од животни, таква и е тематиката на собата во стил на џунгла Креветчето понатаму кога ќе потпорасне му се вадаат тие од страна и може да спие во него до 6-7 години така тогаш ќе му ја мислам за детска соба.
http://www.encimenci.com.mk/proizvod.as ... t=4&sn2=32 Се мислам вакво готово комплетче дали да го земам, или да си барам се посебно. Наткаснава има кадичка за првите 3 месеци,со свое место да не мора да ми се вртка цел ден во купатило, подоле има фиоки,горе има душече за пресоблекување и плус е подвижно на тркалца. Вака изгледа практично, ама не знам во пракса дали е толку функционално и се исплати за парите?? Има некој ваква 3 во 1 наткасна? Без кадичката и душечето е најобичен фиокар,ама па таков сличен и ќе купам ако барам нешто за таа намена? Баш сум во мисла, на сајтот на икеа има елементи од овој тип во сите бои за 60,70 евра
Micika80 мене ова комодичево ми изгледа многу непрактично . Во пракса е друго ..сигурно нема да го бањаш бебето врз комодата , јас нашата кадичка ја ставаме на масиче и така ја бањаме малата . од Икеа еве ти една комода за пресоблекување 79 evra и креветче исто така обично бело од Икеа за 89евра на кое можеш да купиш убава оградица за цело креветче и многу убавко ке дојде btw ние оваа недела се ангажиравме да ја средиме собата на малецката веке имаме Комода, шкафче и креветче само треба да се исфарба собата во розево, планираме да ја фарбаме двобојно со лила .... и плус имам оддамна купено и стикери за ѕид , па планираме за 2 недели комплетно да ја средиме и да го вселиме бебе таму Иии плус ни фали убавко завесиче , тепих исто така ... сега и за тоа се ставив во акција преку интернет гледам , порачувам
Јас имам слично вакво ,со 3 фиоки и горниот дел е со две вратички кои не се во фукнција кога е ставена кадата и да бидам искрена презадоволна сум. Јас го купив за син ми ,а сега го користам и за ќерка ми има доволно простор за складирање на алиштата и тоа фино распоредени ,а и пластичните садови од страна навистина бркаат работа .Мене плакарчето ми е максимално искористено Добро е што кога ќе подпорасне бебето добиваш и плус простор и може да се користи до некаде 7-8 годишна возраст,потоа станува мало за детските алишта.Јас моето пред 8 години го купив од продавницата за бебиња на Илинденска и беше одприлика 10 000 денари.
Ако одам во икеа по креветче,ќе земам и комода со душече за пресоблекување. Ако не одиме до таму, ќе го земам ова комплетов со се.
А боите од каде си ги одбравте? има на интернет да се види некаде палета на бои? Ќе викате молер за една соба, ако воопшто доаѓа? Јас мислев неделава да барам боја, а молерајот да да го завршат таткото и дедото како знаат и умеат А стикерите од каде ги набавивте, јас видов само во енци менци, и тоа за машки имаше избор само со Вини Пу и спајдермен
Не не сами ке си ја фарбаме собата , а ако се решевме за тапети и тапетите сами ке ги стваваме идејата ја видов од интернет за боите , а иначе готови бои овде секаде можеш да најдеш во поголемите маркети За стикерите исто ги купивме од една продавница за мебел , кај детските работи ... Во Мк незнам каде поточно има такви стикери ... мислам во Ск , во Џамбо имаше ..треба да провериш има вакви да си порачаш со името на детето преку интернет , ама кошта 33 евра а иначе ептен ми се свига вакаа
Супер е, за девојчиња има и поубав избор на бои и цветови, пеперутки, многу романтично . Може да добијам линк од интернет страната да си видам идеи за машко, па може ќе најдам нешто едноставно за уради сам, или да ми го направат за нормална цена по графичкиве куќи. Најдов http://www.wandtattoos.de/products/Mens ... arder.html Само машкиве не се споредуваат со тие на девојчиците
Одлични апликации, ќе проверам како оди и какви се цените, гледам дека фирмава е во Штип, ама ќе си проверам, фалааа.
Веќе спомнав дека немаме соба, но се потрудивме да направиме едно ќоше само за принцезата. Еве низ слики колку ни успеа. Ова ни е креветчето кое го имаме досега искористено само еднаш , но затоа врши добра работа за даската за преповивање Фиоките од креветчето оригинални се бели, но јас за да ни биде по шарено ги обложив со материјал и ги истапацирав, а земавме и нови рачки, маченца И ова ни се стикерите, едните се животни, другите морски свет. Шарени, весели, тродемензионални...