Јас во последен момент се одлучив за собата на син ми наместо сина боја да биде светло жолта со апликации на ѕидот во кафеави тонови. Оваа е едната од двете што ги нарачав за на ѕид. А комбинацијата на бои наместо сино-тегет ќе изгледа како оваа апликација за да биде потопла,бидејќи читав дека жолтата боја е идеална за соби во кои нема многу светло. Се надевам дека ќе испаде добро Еве уште еден пример на жолто-кафеава комбинација, мислам дека поминува и за машко и за женско и делува топличко. Еве и овие се срцки и се неутрални
Супер замисла имаш. Јас гледав некои стикери со мотиви џунгла, се купуваат од Англија, ама некако соленки беа. Нас катчето на бебушко како на Грл со облачиња ни е ама, сини на бела позадина, со месечика каде ѕирка, неутрално сега за сега. Најдов шаблон на обачиња и си испринтав на бебешко сина хартија во разни големини ги исеков и залепив на ѕид и баш сум задоволна од исходот. Потем како ќе расне бебе, ќе видам каков темперамент и инереси има, па така ќе му ја уредиме и декорираме собата.
Супер си ја смислила идеата со облачиња од хартија, ем се супер декорација, ем се нежнички за бебиња, а утре ако ти текне нешто друго,можеш одма да си направиш промена. И јас мислев сама да декорирам, со оглед на тоа дека фамилијарно сите сме надарени за цртање, ама се заљубив во апликацииве за на ѕид,и после нив изгувив инспирација за сама
Нашата детска соба скоро е готова првобитниот план како што планиравме го сменивме , сега собата ја офарбавме во бело и на неа има розеви,циклама квадрати .... купивме бело тепихче , завеса бела со шарени делови .... сега за сега сум презадоволна ...деновиве да ја досредиме и ке ставам едно сликиче
Стронгер можеби е подобро прво да почекате да го дознаете полот на бебчето па после да му ја уредувате собата. Иначе еве некои идеи
Колку се преубави собиве, не за бебенца, за мене сакам шаренило, цветчиња, животинчиња...како да не си позитивен во ваква соба, инстант насмевка добиваш. Наутро нема да ти треба ни кафе за да ти тргне денот овие зелено-портокалови комбинации се совршенство. Сега сакам да си ја преуредам собата
http://www.femina.mk/новости/шоу-бизнис/фото-тори-спелинг-ја-покажа-детската-соба-на-синчето-фин Видете мајкички колку убава соба
Мене искрено не ми се допаѓа оваа соба, многу е дречлива и напорна и тиркизот и портокаловата. Мојата соба ќе биде скроз готова до крајот на неделата, па ќе ви испратам што сум стокмила
Има во Џамбо со разни ликови од цртани како сложувалка. Јас сакав да не е како сложувалка, мада да ви кажам во нашево Џамбо се многу тврди, ко камен. Моево го земав од ... е како се вика продавницава да ме утепаш не ми текнува.... околу 650 ли така нешто (во Џамбо се 599). На ева фоам, меки се. продавницава ја има во Сити мол, ама позната е.. ја има низ градов. Уф ако ми текне ќе ви пишам. п.с. Теа Колорс де...
Моево е мозаик, мек многу, со букви, ама грчки Пред некое време ги најде и ги изваде за да ги реди, се скапа туфкање мм да не случајно научи грчки пред македонски
Ни мене не ми се допаѓа собава ,ептен ми е без вкус и повеќе ми личи на соба за старци отколку за бебе/дете (ако ги иземеме портокаловите елементи).Премногу стилови и форми на едно место.Мислам дека во ваква соба дете не може да расте и да се развива нормално.Бебињата/децата бараат мирни и нежни тонови и исклучителен минимализам без препреки .На бебе/дете повеќе од кревет и плакарче за алишта(а истото служи и за преповивање и бањање) не му треба.