Ааааа ок не сум видела дека не живее тука...уште не сум почнала да одам по продавници, значи ги има насекаде Поззз
Многу е убаво. Лустерот го меркаме за собата на син ми. Ептен е по букви и бројки. Го гледавме во бриколаж беше 3000 ден. Колку го купивте вие? И дали осветлува убаво ?
Лустерот не да свети туку како рефлектор е со 5 сијалици е бело што светат, па многу зрачи и само со 2 свети. Исто и вие не ставајте жолти сијалици, од буквите, плус и ако имате потемни ѕидови, мебел па лошо ќе осветлува Оддамна е купен па за цена не знам точно ама по сеќавање тука некаде. Уште го има во Електроелемент па проверете
Кај Стадион во парк имаше една продавница со најдобар избор кога купувавме, ако уште ја има провери ќе ти фати нешто око. Инаку тапети имаш и во Бриколаж и на други места сум гледала, ама ич не ми текнува каде
аууу @emkaemka ептен убав ви е плакарот со комодата! Ми изгледа доста практично и ќе ви служи и за кога ќе порасне! Ми даде идеа како и јас да изведам во собата на моите ќерки, наскоро планирам детска соба да им спремаме па нешто слично ќе изведеме и ние!
Извинете што ќе се умешкам Лустерот е на акција сега во Електрометал и други има https://www.facebook.com/elektrometal/posts/1781637458554130
Потврдувам, не е таков. Многу мека пластика и лоша изработка, буквите се клатат. Мм вика првиот удар со топка( а сигурно ке го добие ) нема да го преживее.
За максимум три недели почнуваме со средување на собата за бебето. Бидејќи е машко бебе сакаме барем еден ѕид да обоиме во плаво. Потоа, мене најповеќе ми се допаѓа бело креветче и бела комода. За тепих и завеса исто ми се вртка по главата на кај сино да биде! На сопругот му кажав дека сакам да има некоја декорација во собата од бебето, кога ќе дојдеме од болница. Балони и други бебешки украси. Кои се вашите размислувања за соба за бебе? Како уредивте или планирате да уредите? Мислам дека тоа е посебен момент за секој родител и останува засекогаш врежан во меморијата! П.С. несакам да дојде до кавга дали треба или не посебна соба за бебе!? Сакам да се дружиме и разменуваме искуства и идеи!
Што и да правиш имај на ум дека на бебиња им требаат појаки бои и стимулации. На почеток гледаат црно бело, а потоа почнуваат да гледаат бои. И затоа барем дел од декорацијата нека биде во појаки бои (не пастелни, односно типично бебешки). Мебелот и бојата на ѕидот како сакаш направи ја ама прекривки, играчки и слично во живи бои ставите.