@JoyJoy ти благодарам на советот! Мислев дека од првин сите работи треба да се во пастелни бои. Но, ете човек учи додека е жив! Затоа и ја отворив темава. Секое искуство е добро дојдено. Ќе барам постелнина, завеси, тепих и играчки во живи бои!
Супер тема! Баш пишав пред некој ден во една од темите дека недостасува ваква тема, а убаво е да размениме идеи. И ние сме во процес на подготовка на собата и следен чекор ни е кречењето. Тука се соочив со доста прашања во врска со боите и токсичноста, па истражував малку на интернет во врска со тоа. Ја препорачувам страницава, има многу корисни совети https://www.thespruce.com/search?q=painting nursery&offset=24 Доколку сакате да се вклучите во кречењето, одговор дали е безбедно да се кречи додека си бремена https://www.thespruce.com/safe-to-paint-while-pregnant-2504907 И ова е многу значајно кога ќе бирате бои, да не содржат Volatile Organic Compounds (VOC). За жал, ние се уште сме во потрага по ваков тип на бои, изгледа дека кај нас нема, но затоа планираме да прашаме во Тиккурила, фала и на @An-na за препораката
Собата на синко Сега ќе ја фарбаме сиво и на едната страна тапети. Имаме и уште една соба вишок таа сакам за ќерка ми понатака да ја направам, сега немам сили да идам по мајстори
Се мислам дали да ставам тепих во собата, бебе се почесто е на земја, а зима доаѓа, па мислам ќе биде потребно. Ваши совети, искуства?