1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Бебешка" vs. "Детска" исхрана

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 12 јули 2021.

  1. Lady*Bug

    Lady*Bug Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2017
    Пораки:
    1.192
    Допаѓања:
    4.940
    Пол:
    Женски
    Не знаев како најдобро да го крстам насловов а мислам и нема ваква тема, (доколку има нека се избрише), ќе пробам да ја доловам суштината на истиот.

    Сите со бебиња па потоа деца сме го стартувале процесот на исхрана, на ваков или онаков начин, помалку, повеќе успешно од различни аспекти. Се трудиме да е тоа здрава храна нормално и некако на почеток ја имаме контролата што и како јадат. Е сега доаѓа моментот кога ќе потпораснат (3-4 год) па почнуваат да пребираат и сами да кажуваат што е и нормално. Конкретно ме интересира за вас со деца над 3год колку успеавте брокулите, овошјето, манџите, зеленчукот, здравото благо да го задржите на менито со поголеми деца од 4-5 год? Колку благо дозволувате во текот на денот да јадат, постои ли нешто што го забранувате, едноставно дали може истите навики од мали нозе да се задржат и како растат? Пр. дали давате само и само црн леб ( белиот го избегавате...) забранувате газирани сокови, гумени бонбони... такви работи?
    Мојот додека беше мал ајде да речам до кај 2-2.5 год можам да кажам беше хранет прописно со здрава исхрана (давав и смоки и чоколадо да не ме сфатите погрешно :) ) но еве сега на 4.5 год малку ескивира па се прашувам дали јас грешам и ете едноставно да споделиме искуства.
     
    На IRBBB, theowndemon, 24.07 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    30.839
    Пол:
    Женски
    Мојот како бебе јадеше се и почна да зеза на година и пол. Тогаш покажа дека овошје не сака баш многу. Имаше моменти кога не јадеше без да гледа цртани.
    Сега на 5 и нешто јаде зеленчук без проблем. Омилено јадење му е грав и печена пиперка како прилог. Месо некогаш го мрзи да џвака. Овошје внесува преку смути сабајле пред појадок. Јаде банана, малини, јаболко, диња и круша без проблем.
    Бело брашно сум давала како ужинка во облик на ѓеврек уште од кај година дена. Мене лично тоа не ми е смртен грев. За доручек јаде црн леб дома, во градинка што има тоа јаде. Вечерата сеуште знае да биде просо, бунгур со кисело млеко, иако знае да биде и Лино мечиња или топчиња (што реално имаат шеќер). Јаде гумени бонбони и сладолед (чоколадо не сака многу). Крем на леб првпат проба вчера на плажа кога му дадоа родители на други деца. Дома крем јаде еднаш неделно кога имаме палачинки.

    Во принцип не бранам ништо. Гледам да јаде овошје, зеленчук, месо, јајца и млеко/ млечни производи. За другото пазам количина и толку.
     
    На 24.07, mal.ecka и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  3. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.117
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Со оглед на тоа дека имам дете нејадач, дозволувам и нездрава храна да се јаде дома..... Ама морам да напоменам дека синко оди во градинка и таму бар 5 дена неделно се храни здраво и затоа сум помирна искрено си кажувам.
    Инаку е многу тешко јас дома да го седнам да се најаде како што треба пребира дома не јаде се, а сите можни методи сум ги пробала ништо не успеало. Леб јаде и црн и бел кога сака нормално не пребира. Така да дозволувам чоколадо, чипс, смоки и сладолед да јаде, сокови, гумени бомбони не сум дала до сега.
     
    На 24.07, mssuniquee, Frosty! и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Пет работи (фигуративно) јадеше со години.
    Ни молење, ни објаснување, ни лажење, ништо не помагаше.
    Не сакаше ни да проба, не пак да јади.

    Се нервирав... ама џабе.

    Уште не јади манџи. 15г има.
    Од друга страна, јас на 18 пројадов манџи.
    Се тешам со то.
     
    На 24.07, mal.ecka и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.987
    Допаѓања:
    21.534
    Пол:
    Женски
    Ништо не бранам.
    Од дете што јадеше се,почна ништо да не јаде.
    Но затоа се дави во овошје и зеленчук.
    Не форсирам ништо, како да и наметнам брокула кога ни ние не ја јадеме?
    Супа јаде со тон бибер,обожава маслинки, краставици, пиперки, диња, лубеница, јаболки. Домат јаде како јаболко да јаде.
    Повеќе сака свежа храна.
     
    На 24.07, mal.ecka и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  6. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.151
    Допаѓања:
    17.608
    Гледам да балансирам. Да има прописни доручек, ручек и вечера, а измеѓу може смоки, сладолед и друго благце.
    Сок купен пие само на гости и за моја среќа не го сака многу. Затоа пие многу вода и јаде доста овошје и зеленчук. Е сега манџите ни се малку со молење, ама некогаш помалку, некогаш повеќе ги јаде.
    Аргета и сувомеснсто има пробано само на гости. Дома не давам.
    Не сум ни многу строга, ни многу попуслива во врска со исхраната. Сакам да има некој ред. Инаку месецов ќе прави 4.
     
    На 24.07, mal.ecka и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    30.839
    Пол:
    Женски
    Од ова што го кажа твоето дете баш јаде.
    Количински секако помалку јадат после 3 години (првите три години растат физички интензивно потоа мозокот им расте и не им требаат толку калории).
    Ако јаде овошје и зеленчук значи јаде. Нејадач е ако живее на 5 намирници и тие ги јаде во мала количина. Или ако пребира храна и има работи што не можеш да му ги дадеш.
    Јас пукам од нервоза дур хранам дете. Јаде 45 минути и за овошје уште се молиме. Патлиџан и марула не ни пробува. Затоа морам да кријам овопје во смути, патлиџан во маџи јаде и така.
     
  8. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.987
    Допаѓања:
    21.534
    Пол:
    Женски
    Е манџи не јаде ич... Порано бар грав, грашок...
    Сега во градинка као јаде се.
    Иначе имаше период кога буквално јадеше само супа.
    Доручек јок, вечера јок.
    Ќе кснеше палента или една белка од варено јајце.
    Житарици, чоколино ништо такво... Си викам бар да имам избор да понудам.

    Ама да, свежата храна ја вади многу.
    Правиме смути, милшејк, сокови цедиме.
    Пробав и да нема дома ништо од џанк фуд, исто е...
    Кога не јаде не јаде ни тоа.
    Па ни чипс ни смоки не можеш да и увалиш.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  9. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.147
    Допаѓања:
    3.666
    Пол:
    Женски
    Јас се соочувам со две различни деца во врска со храна иако една мајка ги раѓала.
    Првото јаде се. Од секогаш. Овошје и зеленчук најдобар другар и се. Сега е скоро 6,5 год. Сама оди на продавница и купува глупости. Не бранам ама не давам во изобилие.

    Второто-предвреме родено со мног мала килажа, покасно почнавме со вкусови. Од старт со молење. Сега е 3 год и е слабо дете, нозе грисинчиња. Кога ја фаќаат мувите јаде и овошје и зеленчук , кога не сака уста залепена. Да изеде смоки пакетче јас ќе летам од среќа. Не бре ни здраво ни не здраво. Сега почна патлиџан да јаде повеќе па тоа сечам пред неа. Сака и ние што се житните од Лино со млеко, јаде банана, крем и кисело млеко.Толку. Значи буквално 5-6 јадења и тоа е..Овошје некогаш покрај сестра и едно парче можеби,зависи како е расположена. Оди во градинка, тврдат дека јаде ( Јас не верувам ама ај).
     
    На eta, mssuniquee, Lady*Bug и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Мравојад

    Мравојад Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2020
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    3.107
    Пол:
    Женски
    Негде до 3 и пол години јадеше се, овошје, зеленчук, секакви манџи, житарки, после почна да си развива свој вкус и почна да ми одбива работи.
    Сум и правела просо, киноа, сега нема шанси тоа да јаде, авокадото ми го одбива исто така, праска, кајсија, смути нема шанси. Јас сум свесна дека никој не јаде се, па затоа има право да одбере неколку јадења што не ги сака, на пример боранија, грашок и тоа не ја терам да јаде. Ама затоа друго и да не и е по кејф јаде по малку, затоа што не и е во листата :)
    Од друга страна пак сака риба, морска храна, печурки, месо, млечни, салати и зеленчукови чорби си јаде скоро секој ден. Веќе е и голема, имаме книга за здрава храна и учи за намирниците од неа и сама си прави комбинации, сега ќе јадам салата, а после може сладолед.
    Гледам храната да е балансирана, од се по малку, да не се претера со ништо.
     
    На Lady*Bug му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.640
    Пол:
    Женски
    1.5 година е, уште сега бира се мршти. На 2-3 пати имаше периоди кога ништо не јадеше сем млеко и од тогаш сме напнати со тоа јадење. Ниту седи во хранилка, гледа цртани и јаде. Пред скоро прооде и само шпарта. Не му е ништо забрането освен газирано и чипсови.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.042
    Допаѓања:
    66.628
    Пол:
    Женски
    Јас засега сум задоволна од исхраната. Најмногу сака манџи да јаде, леќата и е омилена. Јадеме и брокула, јас покрај нејзе почнав да јадам и баш ми е вкусна. Овошје обожава, нема нешто што не јаде, без овошје денот не поминува. Сака и благо многу, душа дава за благо. :D Јаде и тоа по малку секој ден, еден сладолед обично во лето, зима чоколадо. Си знае дека тоа е десерт, не бара никогаш пред оброк. Сувомесно не јадеме дома, татко и само некогаш, па знае да спржи јајца и сланинче, она тоа го обожава. Ама инаку воопшто не користиме. Смоки, чипсови, такви работи исто не купувам, не јадам ни јас, може некогаш ретко, ама не ни бара тоа. За јадење никогаш не сум и зборела мораш да изедеш тоа и тоа за да добиеш благо, мораш ова, мораш она, не јаде количински многу (освен манџата, цело тенџерче е за неа), ама не се нервирам и не сум се нервирала со јадењето. И ако не сака нешто ново да проба не мора, само кога сака. Сметам дека не треба да има притисок околу храната, на крајот сите јадеме тоа што сакаме и што ни е вкусно.
     
    На IRBBB, do-re-mi, happygirl и 6 други им се допаѓа ова.
  13. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    30.839
    Пол:
    Женски
    Ќе си дојде се на место се надевам. Штом јаде овошје и зеленчук ОК е веројатно.
    Да се живи и здрави само ние ќе се нервираме и тешиме едни со други.
     
    На mal.ecka, Цвет88 и Lady*Bug им се допаѓа ова.
  14. Solen☀

    Solen☀ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2020
    Пораки:
    597
    Допаѓања:
    1.412
    Пол:
    Женски
    4ипол ништо не јаде живци кинам секој ден и се чудам како му е добра крвната слика од ѓевреци смоки и кисело млеко (facepalm) а благо си сака па му е скроз ограничено.
    Моево е гадливо и за да проба нешто го премолувам, многу се сеќирам како ќе пројаде Абе ај зеленчик, месо не, па ни јајце ни сирење кашкавал Само овишје во смути што си го сака ама вака да му дадеш да го гризе нема шанси
    Маки големи;(
     
    На macalavica му/ѝ се допаѓа ова.
  15. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Имам синче 5 год, додека беше бебе јадеше каши и овошје и зеленчук некаде до 2 год, после ги отфрли овошните каши.Почна да пребира, да јаде кечап.Сега има 5 год , овошје несака никако да јаде, пие чат пат цеден сок од портокал само или од аронија му давам од време на време.Денот му почнува со млеко и лино мечиња или топчиња или перничиња.После јаде тост или пица, нудли, макарони јајце омлет со молење, пржено лебче, пие јогурт, јаде павлака, сирење, ручек готвен јаде ама свежа салата не.Свежо овошје и зеленчук не јаде никако, ниту пак пие смути или сок.Сега кога му давам на бебето кашички тој се гади од нив дури неможе да ги гледа.пробав крофнички, вафли, да маскирам овошје во нив ги приметува одма и не ги сака, ако направам обични на пример со поздрава верзија овесно брашно и семки ке настава шекер во прав и повеќе шеќер ке изеде.За да изеде варено просо или киноа на пример му рендам сирење, кашкавал и му ставам кечап и мајонез или павлака и кечап, мелена сол.Јас генерално се хранам здраво и ме гриже совест кога моето дете јаде тост или пица секој ден, се ми е страв дека ке се разболи од таква храна.Јас пиев смути сабајле за доручек он испи чоколадно млеко и мини кроасани, и тоа предходно седеше гладен саат ипол зашто одби се што му понудив, на крај бар тоа го изеде.После јадеше тост.Каде грешам, како да го одучам од џанк фуд, кога ке ја отворам групата здрава храна здрави деца ме гриже совест после со денови и се чуствувам лошо.Грицки не јаде,пие цедевита секој ден ,има добра крвна слика а слабичок е.
     
  16. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.934
    Допаѓања:
    40.180
    Пол:
    Женски
    Можеби сурово ќе звучи, ама во ваков случај јас не би дала ништо.
    Кај нас вака оди за доручек - прашувам прво што сака, ако е нешто што сметам дека не е соодветно, нудам избор од две опции да одбере. Ако не го изеде тоа што одбрал го станувам од маса и си чека нареден оброк. Во меѓувреме може да добие само овошје или ако се реши да го јаде тоа што му било сервирано. Дополнително во вакви случаи добива и забрана за благо неколку дена.
    5,5години е и до сега еднаш или два пати сме спремале нов оброк за замена. Колку изеде толку.
    За ручек што е згорвено за сите тоа и тој.
     
    Последна измена: 2 април 2023
    На cresa-jagoda, IRBBB, nevermet18 и 5 други им се допаѓа ова.
  17. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    3.786
    Допаѓања:
    12.252
    Пол:
    Женски
    Исто. Еве го цел ден гладен водиме инает двајцата. Сабајле не сакаше ништо, најдовме компромис за путер на лепче и јогурт и после ни ужина, ни ручек. Нудев повеќе работи, не сака. Сега се мислам дали да молам за вечера или да легне гладен. Мразам викенд.
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    8.934
    Допаѓања:
    40.180
    Пол:
    Женски
    Кај нас особено многу го заболува казната благо, особено што не е само до следен оброк туку обично е најмалку 3 дена и веднаш се корегира (обично од инает тој оброк не го јаде, ама веќе од наредниот како попче се јаде се). Само кај нас најчесто и не е нејадење проблем, туку и бавно јадење, а јас и тоа го рачунам како нејадење. Не за друго и во градинка се жалат дека е бавен. Учителката ми вика сите спремни во пижами за спиење, тој уште на маса се лигави:@ .

    Едит: Понуди нека бира што сака (нормално со компромис).
     
    На Skyler му/ѝ се допаѓа ова.
  19. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.174
    Допаѓања:
    4.869
    Пол:
    Женски
    Сум пробала да не му дозволам да јаде и седи гладен не јаде ништо,не е ниту по благо и грицки па не пали да му кажам дека ке му ги забранам. Ако му понудам две работи да избере сам ако не му се свиѓаат ке каже нејкам ништо и ке седи гладен, па ке прегладне па после му се гади и што и да му дадам му се повраќа.Му давам б комплекс гранули, молерс ацерола ама за апетит немаат нешто фајде.Еве денес за доручек чоколадно млеко и мини кроасани па тост па бонбони2-3, за ручек печени компири и сирење имаше батаци нејќеше месо му се заглавувало во запчиња и го одбива во последно време,салата воопшто не проба,и сега за вечера пржено лебче со јајце.Турбо е активен.
     
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    30.839
    Пол:
    Женски
    Како мајка на нејадач совет одма да ги исфрлиш чоколадното млеко и кроасаните. Реално јас не би можела да јадам ништо после чоколадно млеко едно добри два саати. И по напишаново детето има два доручека. Едниот е чоколадно млеко и кроасани, вториот е тост. И давата заситуваат. Ако кроасаните и млекото ги јхаде сабајле, тостот веројатно го јаде накај 12/13 часот и потоа не е доволно гладен за ручек.


    И кај нас пали казна нема јадење благо ако не се јаде оброк. Има 7 години веќе и уште вака функционираме. Сег веќе има поширок дијапазон на јадење ама сеуште нема попуштање. Ако еднаш или два пати некој попушти (обично баби и дедовци) потоа имаме враќање во нормала од неколку дена.

    За доручек и за вечера има избор од две работи, за ручек е тоа што е зготвено. Месо исто понекогаш одбива да јаде заради конци или потешко му за џвакање. Мислам дека има понекогаш и сензорни причини (кои не мора да се многу изразени кај децата ама ете се видливи при јадење). Затоа јадеме мелено месо прилично често или риба (која не ја одбива). Салата јаде само краставица свежо и понекогаш цвекло и морков. Сеуште пие смути сабајле за да внесе доволно витамини (во смутито обавезно има банана заради блажина).