Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

"Бебешка" vs. "Детска" исхрана

Дискусија во 'Дете' започната од Lady*Bug, 12 јули 2021.

  1. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy он јаде сабајле околу 9 млеко и житарки лино мечиња, топчиња или перничиња.После јаде пак околу 12 обично тост, па околу 14 пак, тестенини, јајца или нешто слично, па ручекот ни е во 5, тогаш нешто готвено, мелено месо и риба јаде и тоа е почесто, и вечера пред спиење обично мачкано лебче околу 8.Има 5 оброка не се многу обилни, не јаде грицки и благо ептен ретко.Не јаде свежо овошје, не пие ни сок ни смути, ниту јаде свежа салата.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Emma2

    Emma2 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    2.331
    Допаѓања:
    5.770
    Пол:
    Женски
    кои се најчесто тие двете опции што ги нудите за доручек???
     
  3. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    40.331
    Пол:
    Женски
    Според напишаново он јаде само тебе не ти се допаѓа изборот на храната што ја јаде?!

    Овес со јогурт и некое овошје, палента, јуфки, тарана, лепче со хумус/путер/павлака + краставичка, домат, јајце на око, кајгана, лепче со путер од кикирики и мед+млеко.. Ова што ми текнува во моментов. Многу ретко млеко со некоја житарка, чоколино и на него слични никогаш не ги пројаде.
     
    На Emma2, Skyler, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Според пишаново јаде работи што се баш оброци постојано. И има баш 5 оброци (не 3 обороци и 2 ужинки). Реално ако јаде се ова не е гладен за нешто друго.

    Другото е ако вака јаде тогаш кога ги јаде кроасаните и чоколадното млеко?

    Инаку благо јаде според пишаново. Лино топчињата, мечиња и сличните такви се благо (слично како леб и крем за доручек). Лино перничињата се дури и полнети со крем.

    Е ако сакаш да му прошириш репертоар на јадење нуди му по еден нов производ уз постоечките. И биди упорна. Секогаш нека го има тој нов производ на тањирот. Пример уз тостот парчиња краставица или патлиџан. И нека се појавуваат на тањир (може и да ги аранжираш). И по неколку дена натерај го да проба еден залак и толку. Па потоа пак и така во круг.
     
    На danichap, joy1 и macalavica им се допаѓа ова.
  5. macalavica

    macalavica Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2013
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    4.885
    Пол:
    Женски
    @Ano @JoyJoy фала за одговорите, точно не ми се допаѓа тоа што едни исти работи јаде секој ден, и во денот обавезно јаде кечап и сувомеснато во некој оброк,дали ке е тост, пица или тестенини тоа решив да го лимитирам.Исто и житарките лино со млеко да ги исфрлам да јаде дирекно доручек, кроасаните со чоколадно млеко беа место лино тој ден.Бидејки сега и со бебето почнав со дохрана читам доста за фингер фуд, па ке пробам такви работи да нудам со зеленчуци маскирани како ќофтиња, мафини крофнички.Готвено кога правиме чорба сите ги блиндирам како крем чорба за да не пребира, ем така не ставам запршка,де не јаде зрнца не јаде морков кога е крем чорба јаде.Сите чорби ги прилагодив така скоро.риба со компир салата јаде, мусака јаде.Летоска пробав смути сладоледи да правиме ама не ги јадеше ке пробам летово пак.Пробав од цеден портокал гумени бонбони заедно да направиме и тие како играчка послужија и толку. Само цеден портокал пие чат пат од сокови.5 год има , 130 е висок и 20 кг има.
     
  6. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Па сувомеснато лесно се елиминира. Едноставно не го ставаш како состојка никаде и крај. Ние тост никогаш со сувомеснато не јадеме (само со кашкавал). Јадења и пред да добиеме дете јадевме без запршка. Леб бел не купуваме. Има работи што лесно се елиминираат. Внесување нови намирници е потешко. Ама со упорност се внесуваат.
    Прелив за тестенини на пример се прави од зеленчук и малку крем сирење. Се динстаат зеленчуците, се блендаат и се додава малку крем сирење и готово.
     
    На Skyler, Ano, Coco31 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.074
    Допаѓања:
    66.860
    Пол:
    Женски
    https://sarahockwell-smith.com/tag/gentle-eating/
    Топло ви препорачувам да прочитате овде за исхраната и навиките, можеби ќе најдете одговор.
    Има и книга напишано за ова.

    Инаку, и ние самите не јадеме нешто, ама сакаме децата да го јадат. И така не бива.
    Кечап јас јадам, она не јадеше, не сакаше ни да го види, па сега јаде. Нормално, кога ме гледа дека јас јадам цело време.
    Ама, повеќе се прилагодив јас според нејзе. Па на палачинка место крем, ставаме смути, благо исто јас јадам многу, ама и јас го смалив, по малку каснуваме, јадеме овошје наместо тоа.
    Е сега, кечапот не го даваме. :D

    И мојата не беше некој јадач, ама не се замарав искрено, колку изеде толку. Има седум години и 21 кило.
    Повеќе гледав да и направам да и е храната нешто интересно што треба да се испроба и да се отријат нови работи. Може да проба, ама ако не и се свиѓа не мора да јаде. Е сега, пак јас истото ќе го направам, она пак ќе посака да проба и малку по малку ќе го пројаде.
    И ова со казниве со благо, не мислите дека ќе ви се врати ко бумеранг?
    Ќе пораснат и нема да имате секогаш контрола што јадат. Што ќе им биде изборот тогаш?
    Прочитајте го психологов, има супер совети. Мислам дека има и меил за прашања.
     
    На macalavica, tanjaaa, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    4.911
    Допаѓања:
    31.503
    Пол:
    Женски
    Мислиш дека само казнувам без објаснување. Целта на казнувањето со нејадење благо ми е показна вежба. Пред тоа следи лекција како благото му го полни стомакот. Потоа три дена додека е казнет сам сфаќа дека и со друго се најадува, па потоа пак го воведуваме по оброк во определелна количина.
    Сосема сум свесна дека кога ќе порасне ќе треба сам да прави избори затоа сега се трудам да воспоставам начин во кој ќе има право и благо да јаде и се останато се додека јаде претежно здрави намирници. И затоа ништо не поминува без доолги беседења.
    Казната нема ефект ако е само казна. Ако има поука од неа тогаш има ефект.
     
    На macalavica и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  9. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.009
    Допаѓања:
    40.331
    Пол:
    Женски
    Како што ти пишала и џој, пробај тост без сувомеснато исто и пица, стави ако треба маслинка, сиренце или нешто друго. Наместо кечап обиди се со доматен сос со зачинче некое. Ете штом сега и со бебе воведуваш таман може нешто ќе прифати и он во некоја нова форма. Наместо овие засладени житарки обиди се овес/корнфлекс или слично со јогурт, банана, рендано јаболко или некое друго сезонско овошје.

    Сите правиме компромис некаде во одгледувањето на децата.
    Затоа и никој од нас не и солеше памет на маца туку едноставно предлози како да се обиде да подобри тоа што и самата е свесна дека не е во ред во исхраната.
    Како што пиша и џој благото никогаш не било награда за изеден оброк, а неговото ускратување е со објаснување за неговото влијание на здравјето ако нема баланс во исхраната, односно ако не се јадат и сервираните оброци.
     
    На macalavica и JoyJoy им се допаѓа ова.
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.074
    Допаѓања:
    66.860
    Пол:
    Женски
    И јас исто постирав што може да прочита за што може ќе и се разјаснат некои работи во врска со јадењето.
    И пишав како јас правам што мислам дека може да помогне, а тоа е да не се силат толку децата со јадењето.
    За казнувањето со благото не знам, прашав само, не сум правела такво нешто, ама ако членката мисли дека е океј и фунционира, тогаш океј.
     
    На macalavica и Ano им се допаѓа ова.