Бебешки песнички

Дискусија во 'Бебе' започната од ennaz, 3 февруари 2015.

  1. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    411
    Драги мамички,
    Моето малечко обожава да му пеам песнички, најмногу пред спиење ама и преку ден. Морам да ви кажам дека после 13 месеци репертоарот веќе ми се има смачено, иако е доста широк. Па ве молам споделете по некоја од песничките кои вашите бебчовци ги сакаат, да разбиеме монотонија. А да не биде само зимам ништо не давам ќе ви пишам некои од нашите омилени, песнички и песно-приказнички.

    Ловџиска лага

    Едно утро рано, шетајќи низ ниви,
    сретнав најбрз зајак и три мечки сиви.
    Мечките ги убив, зајакот го фатив,
    адреса му дадов и дома го пратив.
    Му реков да ѕвони,
    да подигне резе и полека на прсти во соба да влезе.
    Дедо ми е дома, шапка ќе му дари
    а баба ми чорба од зелка ќе му свари.
    А јас штом се вратам со три лова в торба,
    ќе јадеме сите од вкусната чорба.


    Брзозборка

    Си биле тројца браќа
    Јакци,
    ЈакциДрагци и
    ЈакциДрагциЈакциДрони.

    И си земале жени
    Јакци ја земал Ципка,
    ЈакциДрагци - ЦипкаЛипка а
    ЈакциДрагциЈакциДрони - ЦипкаЛипкаЛимпомпони.

    И си имале дечиња
    Јакци и Ципка имале дете Фу,
    ЈакциДракци и ЦипкаЛипка - ФуФуќиФу
    а ЈакциДракциЈакциДрони и ЦипкаЛипкаЛимпомпони имале дете
    ФуФуќиФуФуќифони

    (Оваа песничка ја знам од дете и многу сум ја сакала,
    и на сите деца но кои им ја кажувам им е урнебесно смешна ако се кажува брзо)

     
    На Milobebence, Freyja, Mi-Ma и 5 други им се допаѓа ова.
  2. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.533
    Допаѓања:
    25.533
    Ах, и јас знам неколку македонски песнички од “мое време“ и му ги пејам, ама му пејам и англиски претежно. Такви цртани и песнички гледаме на тв и има некои кои ги обожава.
    На пример, омилени му се: Hickory dickory dock, Down by the bay, Ella the elephant...

    Не знам да има сега некои убави цртани или песнички на македонски, за жал. Најчесто се (лошо) преведени, а и нема некој којзнае каков избор, особено не на тв.
    Инаку претендирам да го учам македонски и кога читаме книги и кога му ги кажувам животните, предметите. Не сум за форсирање на странските јазици уште од почеток. Има време за се.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    2.780
    Допаѓања:
    17.287
    Пол:
    Женски
    Хит ни е ,,Мама воли бебу,, и "Пиличи" :)
    И бидејќи сме ρелативно мали,ги пееме пρиспивните "нани нани бебенце", "тапши тапши" и уште неκолκу од мое вρеме.
     
    На galapce, heppymom, bucale и 6 други им се допаѓа ова.
  4. LusySkyDiamonds

    LusySkyDiamonds Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2013
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    816
    Оф леле мака со песничкиве. Знам само 5 и тоа: во светот на бајките, никола, никола, една германска, и 2 на француски за срамота и му пеам песни од MTV hits
     
    На heppymom и angelche16 им се допаѓа ова.
  5. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.974
    Пол:
    Женски
    Јас не и пеам, и пее брат и, се што ќе научи во градинка а богами учат многу и пее:)
     
    Последна измена: 3 февруари 2015
    На heppymom, angelche16, TIGARCE86 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.881
    Колку имам афинитет за музика, се ми се чини дека бебуш ќе се плаши ако му запеам :D
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    4.701
    Допаѓања:
    26.958
    Пол:
    Женски
    ^
    Твојот глас ќе му биде најубава музика Darcy ;)
    И јас сум антиталент за музика, ама малава вреска од среќа кога и пеам. Павароти не ми е рамен :rofl:
     
    На Espadrila, galapce, heppymom и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јаболче и крувче, бимбо,сите од златно славејче,ео ео, нуки нуки, гами беар, здрава храна за детство без мана, ние си играме од 8 месеци на сите песни ама овие ни се хит и скока во дубалце прета со глава игра мислам дека има уште од сега предиспозиции за музика. Досега бебе немам видело да игра веднаш по прва песна одма и цел ден си игра без престан има одлично чувство за ритам.
     
    На heppymom, angelche16 и ennaz им се допаѓа ова.
  9. Domakica

    Domakica Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2011
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Женски
    Кај да ги чуеме тие јаболче и крувче, ние со во светот на бајките заспиваме и нани нани..
     
    На heppymom и ennaz им се допаѓа ова.
  10. Cacuvche

    Cacuvche Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    997
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Марија Додовска и ред други од златно славејче на ѕоутубе.
     
  11. ennaz

    ennaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2013
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    411
    Абе и ја сум антиталент невиден, ама на бебчо му се свиѓа како му пеам.
    Дури и сега веќе две недели сум болна и му кашлам после 2-3 збора па пак ми се радува.
    И мама воли бебу и пилиќи ги сака ама тие го расонуваат не го заспиваат!
    Ова јаболче и крувче ме заинтересира ќе го побарам.
    Од англиски сака "Itsy bitsy spider" , "Peekaboo" и "Twinkle, twinkle".
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    nie od 5 meseci pocnavme so pesni da se zaspivame, sega veke imame godinka i site pesni i makedonski i angliski mi se preku glava, site gi pominavme , od zlatno slavejce, od si-do, site nursery rhymes od youtube, i veke me napnaa da gi peam istite pa istite, pa pocnavme da se zaspivame so pesnite so gi slusa mama, baladicki i rok baladicki... :) :)
     
  13. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    27.013
    Приспивни песни многу ретко и пеам, обично заспива само со нишкање.
    Инаку преку ден цело време пееме и јас :$, и лаптопот и ТВ-то. Абе секој ден журки :rofl:. И ете ќе ви признаам кога сакам да ја насмејам и заигрувам по малце :dance: а и Леа сака да игра па си скока во дубакот или пласка со рацете од радост :clap:. Абе радости, мм вели ќе не снимел некогаш па одма на youtube :~:.
    Инаку слушаме свашта... ја учам малата сите жанрови на музика да ги сака :emo:, детски песнички од наше време, бабински од типот две рачиња, тапшин тапшин, лази буба, песничките моментално актуелни меѓу бебушите (Мама воли бебу, Нуки Нуки, Иде змија, Мица Маца, Њам Њам), потоа слушаме МТВ, па Гранд, па Планета :rofl: , а и на рекламите стандаррд си го појачуваме тонот и исто пееме. Ви велам јас ептен живо е кај нас дома(poolparty)
     
  14. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.705
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Хаха убава тема. ГАМИ БЕАР стандард од 5 месеци па еве годинка наполни уште е актуелен гами. Со него заспива со него се разбудува. А иначе песни од типот нани нани, бајки, приказни не обожава. Имам пробано и да му читам ама не сака. За забава овие две се хитовите моментално.Северина посебно ја обожава и игра како лудо кога пее таа.




     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  15. iki26

    iki26 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2012
    Пораки:
    3.483
    Допаѓања:
    17.449
    Nas mama voli bebu ni e pesna za zaspivanje :) edno 5-6 pati ja pustame i bebus zaspiva. Gami bear ni e za igranje, i ima edna interesna Ide Zmija na nea skokame. Drugo zasega nisto ne ne interesira osven ova
     
    На heppymom и milo.na.mama им се допаѓа ова.
  16. baby2014

    baby2014 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2014
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    125
    Омилена песничка ни е Zemlja snova од Tina Milivojevic, српска е и дефинитивно најмногу го смирува! Бебе ужива и одма ми се смешка кога ќе го слушне првиот стих... А често си пееме и англиски Hush little baby, Lullaby and goodnight, Rock a bye baby...
    Од македонските - Две рачиња, десет прсти (иако сме многу сме мали и не разбира мафта и тој со рачињата :) )
    Сега за сега тие, како ќе растеме ќе го збогатуваме реперторот...
    Инаку, многу убава тема :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.423
    Допаѓања:
    2.585
    Пол:
    Женски
    Песничκата од ρазигρани бρојκи,мама воли бебу Маκсим а,б,ц тие ни се најомилени и на нив живи ρадости сме :)
     
    На galapce и heppymom им се допаѓа ова.
  18. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.667
    Допаѓања:
    19.746
    Пол:
    Женски
    I jas i peeam i toa dosta cesto :)pred spienje,koga se banja,koga jade,koga pie mleko....... :D

    Mama voli bebu i olivia od crtan ne gi saka poveke i place koga gi slusa pa ne i peam,do pred 3/4meseci se niv i gi peav :| mozebi ja potsejka nesto,neznam.
    Pesnite na pepa pig i se omileni :D vednas stom gi cue a i crtanot stom pocne :D nasmevka vednas i se gleda i pocnuva da pleska so racete i da potskoknuva igra.
    Peanicki od moeto detsvo i niv i gi peam :)
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Val-Dim

    Val-Dim Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    57.074
    Млади мамички супер Ви е темава (y)!!!
    Јас сум мамичка од поодамна, но сеуште ги паметам песничките што им ги пеев на моите синчиња кога беа малечки!!! Една од нив е песничката за мечето
    [​IMG]Во гората едно мече оди ваму-таму,
    се изгуби, незнае, дома да си оди,
    се изгуби, незнае, дома да си оди...
    Плаче тоа исплашено,
    кај си мила мамо,
    повеќе без прашање не ќе одам само!!!
     
    На Gerbera, Espadrila и galapce им се допаѓа ова.
  20. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    1.872
    Допаѓања:
    7.658
    Пол:
    Женски
    Хахха и јас и ги пеев тие на сестра ми. :D:DЛеле а кога ќе ја слушнрше гами беар леле како лудо скокаше.
    Исто и ео ео, сите со ред ги знае сега.
     
    На Cacuvche му/ѝ се допаѓа ова.