Osven mama sto pee, i sto si gi slusame muffin songs, ja obozavame da gi slusame taylor swift shake it off, blank space, bruno mars uptown funk i drugite number one hitovi @donna.17 all about that base ni e omilena, a sega i novata od nea, lips are movin. Abe ja stavam u krevetce i skoka gleda, mirna e. Recisi Po cel den sme muzikalni.
Ние заспиваме со Не трепнуваме кога ја гледаме " маша и медо " Инаку пееме: Тапши тапши, Топчето ми падна, Среде соба високо елката ни стои, Дувна ветре, Никола, Ех тој Тоше и т.н. Од англиските многу ги гледаме овие Пробав да видам со gangnam style , ама не ја сака
Леле Чу Чу Тв ми се толку дебилни и антипатични, а ко за беља и ќерка ми ги сака Други такви англиски ги гледа Mother goose club, со дечиња што пеат, и се далеку посимпатични. Има и едни шпански, се' поврзано со фарма: La cancones de la granja. Детскиве од Златно славејче нешто не ми ги сака, изгледа зашто немаат цртана анимација
Ние едно време многу ги гледавме Hi 5 Songs. И мене ми се свиѓаа тие. Сега се префрливме на Super Simple Learning Songs и секој ден сѐ нешто ново ме изненадува што учи. Јас му ги пеам на македонски истите и му ги кажувам за на македонски да ги знае. Грдо звучи, ама што кога немаме ние ништо што му привлекува внимание.
Незаменливата "Мама воли бебу" му е омилена уште одамна, сега и игра на неа. Гледаме Baby Tv, најмногу ги сака песничите и му ги пуштам понекогаш и на лап топ, сите ги сака англиските. Пред некој ден открив дека има дел од нив и на македонски препеано од Андријана Јаневска малку ми се чудни, дека навикнати на англиските. Му пуштам и на српски и оваа многу ја обожава
Хахахахахаха добро е, не сум само јас што пеам англиски песни на македонски јазик. Ме утеши Андријана Јаневска.
Нас омилена ни е Зајче без опавче И за на лекар и за дома кога се раниме а не му е по ќејф јадењето. Чим ја слушне одма му се раце во вис и вози моторче со нозете
Преферирам наши песнички повеќе како: Ало амбуланта, Ах тој крокодил, Едно маче, мало маче (оваа многу ја сакаше како малечко, ни се смешкаше одма), Зелката има кошули 300, нани нани бебенце, Mајмун јадел попара, а синко музикален одма игра на секоја песна свекрва ми знае куп песни, дома секој ден обавезно се пеат неколку песнички инаку и без Super Simple songs неможеме, многу ги сака сите а инаку и многу сака златно славејче, oсобено од оваа година Кап кап и Непослушно маче
Нани нани бебенце надвор пее петленце пее кукурика тебе ми те вика. Е ваков тип на песнички пишете ми ве молам. @mariz ако сакаш да ми ги пишеш Мајмун јадел попара и Едно маче, мало маче, чинам и тие се такви песнички или се некои фестивалски? Освен нани нани бебенце, тапшин тапшин танана и балонот се надува другите сум ги заборавила па ве молам пишете некои песнички.
Пејам, играм, глумам... Кога не разбираше ѝ пеев песни од MTV rock. НО, од бебе па до денес сака да го слуша цел албум од George Ezra - Wanted on Voyage. Како мала заспиваше на Blind man in Amsterdam, а и денес таа песна ѝ е синоним за спиење. Исто така имам и многу "авторски" песнички - песна која ја смирува, а се работи за едни животинки на брод (инспирирана од лепенка за на ѕид), песна додека ја мијам, песна за јадење... Сега најчесто има плејлиста за јадење, од дизни цртаните - оние од наше време... Сака одредени песнички и од Baby TV... Обавезно одат и оние од мое детство - две рачички со десет прсти... Како и тапшин(и)... (не знам како е точно таа песна, се ми се чини грешно ја пејам). Овие две одат со кореографија. И најинтересна е на "Наташа од трето три", на која пред месец и пол почна да игра. Сега обавезно игра на музика... Смешна е, се клати лево десно ко пијано коковче, па научи и да се врти во круг... Исто има потези и горе долу... Сепак голем дел од денот се моите измислици од песнички... Важно ѝ се допаѓаат
Мајмун јадел попара е фестивалска песна од златно славејче Цангар мангар цопара Мајмун јадел попара Во 2 тави бркнувал Со лажица си сркнувал ... Така некако А инаку те разбрав што сакаш Повели Имам маче шарено Шарено ем галено Втора му е зима А долг мустаќ има Брка глувци поганци Па им вели ајдуци Кога ќе ве фатам Глава ќе ви скратам.