фестивалски се, едно маче мало маче е многу стара, ние дома ја пееме на наш начин, нема многу текст Оваа ни е исто сега хит: Две рачиња со десет прсти имам деца јас, еве ги гореееее, еве ги долееее.. оп на раменца, еве ги горе, еве ги доле оп на раменца.. (и после оди, со играње, сега јас му ги мрдам рацете мал е) дигниии горееееее, па рашири, напред пружи па се смири, дигни гореееее па рашири, напред пружи па се смири и пак првото.. две рачиња со десет прсти... сега пред спиење не ми текнува, но знаеме куп песни, ке пишувам по некоја чат пат тука
Милка везе перниче со куче и маче, си го боцна прстето па почна да плаче. Баци ми го мамичке, плаче и ја моли, ако ми го бациш ти помалку ке боли Низ двор трча бабичка, зад грб метла крие, шарениот мачор, сака да го бие. Пис мачору бесрамен каков е тој ред, имав осум рипчиња, а сега се пет. а нани нани бебенце е уствари стани, стани бебенце, ова е се од свекрва ми, еден куп песни од неа научив и се потсетив Стани, стани, детенце, надвор пее петленце, пее, кукурика и тебе те вика. Веднаш да се измиеш, добро да се истриеш, па да станеш чисто, како вчера исто. Пушти ги рачињата, мрдни ги прстињата, ене сонце грее, тебе ти се смее. Стани, стани, детенце, надвор пее петленце, пее, кукурика и тебе те вика. исто и она со прстињата е многу интересно и тоа сега го практикуваме... ова вика мене ми се јаде, ова вика нема што да јадеме, ова вика ке јадеме што ке најдеме, ова вика ке крадеме ке јадеме, ова вика е јас ке ве кажам... тум тум тодоре да не растеш погоре
Дождот врне кап кап кап, а шатчето шлапа, шлап, шлап, шлап и набгру немиркото мал направи чизмички од кал Тргај тргај рибарче конецот се клати, крени ја јадицата глеј не што се фати (x2) Каков ли е тоа знак, дали риба или рак или баба жаба, креке креке квак ама ако не ги знаете ке треба да ви ги испeам ритамот да го фатите хахах
Чара чира чира везден вака свирам везден вака пеам весело се смеам Чара чира чило и ти дете мило играј пеј и свири чара чира чири
На таванот горе мачките се збрале и на еден најстар мачор пензија му дале. 6 години служба имал толку бил и здрав 6 години и глувците живееле во страв. Со потврди им докажал тој стаж дека има се сложиле сите мачки пензија да прима.
Кокиченце, девојченце, мало снежно убаво, што си дошло толку рано, толку рано и само? што си дошло толку рано, толку рано и само? Јас сум дошло мили деца Радост да ви донесам Дека зимата си оди и доаѓа пролетта Дека зимата си оди и доаѓа пролетта Кац, кац, мамичке, Прела мама вретенце за малото детенце Седнало маче на каче, Скрстило ноџе да плаче, Оф леле боже добога Што си немам масленце Да си мачкам мустачињата Овие се од мојот репертоар и јас толку знам....хехех а ти можеш со балонот се надувал да ми ја напишиш тука?
Чичек чичек лобода в кафез нема слобода нема мили другачки нема муви, бубачки нема дрвја високи нема сенки широки Чичек чичек лобода в кафез нема слобода вечно сама самувам вечно тага тагувам за малечки пиленца со широки криленца Чичек чичек лобода в кафез нема слобода Ако знаете од овие со прстиња напишете повеќе. Игрите со прстиња го поттикнувале говорот кај децата. Ние две рачички ја пееме вака: Две рачички десет прсти имам јас деца еве ги горе, еве ги долу оп на коленца. Две рачички десет прсти имам јас деца еве ги долу, еве ги горе оп на раменца Две рачички десет прсти имам јас деца еве ги напред, еве ги назад оп на коленца Две рачички десет прсти имам јас деца еве ги назад, еве ги напред оп на раменца ама ќе го украдеме и ова од @mariz дигни горе па рашири
Балонот се надува е игра, ја играат во градинка во круг се фаќаат за раце и го шират кругот пеејќи: Балонот се надува, пазете деца балонот да не пукне....Бауууууу! И трчаат навнатре како што "пука балонот" На ќерка ми и е многу интересно кога и ја пеам, ме слуша внимателно и кога ќе дојдам до крајот и она на цел глас: бауууу!!
Хахах,и ние ја пееме балонот се надува и она вика баууу,па Ринге-рингераја,Две рачиња со десет прсти и е омилена и она ги крева-спушта раце,ги сака многу и од Хоплакидз,и многу е јака а слушне музика одма игра,пред тв стои и го врти газето,па ногата,се по ритам,па ако има аплауз и она со рацете плуска.Циркус е многу е смешна,а навечер обавезно се успиваме со песнички,јас пеам,најчесто Во светот на бајките,twinkle little star,rain,rain,огледалце,права ли е мамичка,итн
Имам маче шарено шарено ем галено, прва му е зима а долг мустаќ има.. Маче, маче, маченце не гибај во каченце, таму има сиренце за малото Лиленце )
На синко омилени песнички му се оние со гестикулации. Еден период кога беше плачко се смируваше со: Јаболчице црвена на висока гранка, ајде ајде јаболче ти на земја падни (х2) Ти си многу високо, тоа не е шега а да дувне ветер јак ќе те земам сега А да дувне ветер јак нема кај да бегаш. И нормално му глумев со раце дека е високо јаболката, па дека дува ветер а највеќе се радуваше и смируваше кога ќе ја "фатев" јаболката со прстињата Исто ја сака и две рачички со 10 прсти, ринге раја ја играме, тапшин тапшин танана.... Во последно време сака да жу бројам со прсти и да му тропкам со прсти. Па кога бројам и он се труди да брои па си ги гледа прстите, а кога тропкам со прсти и тој по некоја минута ги мести прстите за тропкање но се чуди дека не излегува звук. Почнав да му ја пејам и Штом си среќен плесни ти со рачиња (х2) Штом си среќен и штом среќата со друг ја делиш ти, штом си среќен плесни ти со рачиња. Штом си среќен тропни ти со ноџиња (х2) Штом си среќен и штом среќата со друг ја делиш ти, штом си среќен тропни ти со ноџиња Штом си среќен тропни ти со прстиња (х2) Штом си среќен и штом среќата со друг ја делиш ти, штом си среќен тропни ти со прстиња Штом си среќен викни гласно ти ура (х2) Штом си среќен и штом среќата со друг ја делиш ти, штом си среќен викни гласно ти ура. Штом си среќен ти повтори ова се плес, троп,троп, ура (х2) Штом си среќен и штом среќата со друг ја делиш ти, штом си среќен ти повтори ова се плес, троп,троп, ура.
и оваа многу ја сака, ние ја пееме со тандала бош и малку поспоро, скратена верзија и оваа исто скратена спора верзија ја имаме
Мојов ништо не го интересира од песнички се пробав. Додуша јас незнаев многу. Ама бабите му кажуваат. Ама сите овде што ги има пишано пробувам, ништо бре не реагира, си продолжува со своја работа. Само ЛББ знае да ги загледа. А реагира на Адел и тоа на сите песни нејзини. Само што ќе види дека пуштам одма се смее. Реагира на Пинк Флоид. И на една песна Фокус што се вика, странска. На овие крева раце, покажува, извикува, вика, со нив можеме да се нараниме. А на детскиве ништо. а да и на песните од цртанот фроузан реагира.
мојава само стои и гледа како хипнотизирана на компјутер ни а ни б...Исто кога и пеам само ме гледа во уста внимателно...ништо не вика. Кога ќе и го земам компјутерот вришти само. А нема шанси да ја оставам близу до компјутер, оди одма на тастатура куца и ко ќе стегни нешто и и се запре музиката, плачи. некогаш иди ко ке плескам со рацете и пеам и таа да плеска на моите раце. Уште нема проговорено ништо, а јас со душа ја чекам.
Малечок е. Мојава дури на 13-14 месеци почна да реагира на песнички, да пее, да игра. Претходно други работи ја интересираа. Имате време Инаку ние сега за сега сме фокусирани само на три песнички: Дувна ветре развигорче, Едно маче, чудно маче и Ало амбуланта. Игра на нив, ги пее. Абе циркуз е