1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Бебешки песнички

Дискусија во 'Бебе' започната од ennaz, 3 февруари 2015.

  1. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Маркови Кули
    настрана се пули
    лево десно
    кучето е бесно

    Врне врне дожд
    Мајка и под кош
    Најде грош, купи нож
    Дојде Миле, закла пиле
    Дојде Мара, да се кара
    Немој Маро не се карај
    Тебе Шутка, мене бутка

    ПАТОР ПАТОР НОЏИЊА

    Патрор патор ноџиња
    Пасла баба козлиња
    На два рида високи
    Во два дола широки.
    Ми напрела две вретена
    И ги клала на полица;
    Дошло глувче изгризало,
    Дошло јарче исплеткало.
    -Кац, пустинче, кац штуринче,
    Ми исплетка вретеното,
    Толку баба ми напрела
    За стар дедо кошулица!

    ***



    ТУМБА ТУМБА ТАТАРА

    Тумба, тумба татара
    Купив коња златара,
    Си го пуштив на игли,
    Игли копци кревае
    Алај-бега г’ опрае.
    Сам бег седеше
    Вредно перо пишеше,
    Помина орле-
    Трати перце,
    Ја перце квач,
    Квач мене воденица
    Воденица-брашненце,
    За Милана колаче.

    ***


    МОРИ МАЦО КАРАКАЦО

    -Мори мацо,
    Каракацо!
    Кај си била?
    -Воденица.
    -Што си јала?
    -Бареница.
    -Камо мене?
    -Нема тебе.
    -Пис, пис мацо.

    ***


    ОРО, ОРО, ОРИШТЕ

    Оро, оро, ориште
    На бабино буниште;
    Баба најде чешлиште
    Си исчешла галвиште
    Си расправи косиште
    И на дедо брадиште.

    ***



    АТАНАСЕ КУСО ПРАСЕ

    -Атанасе,
    Кусо прасе!
    Кој те пасе?
    -Чичо Тасе!
    -Как ти вели?
    -Биши, биши!
    Турли уши,
    Барни круши.

    ***



    ОЛЕЛЕ, ДЕДЕ

    Олеле, деде.
    Паднало греде,
    Отепало деде.
    Дедо се влече,
    Баба го плаче
    И си го теши:
    Молчи ми, старче,
    Кусо магарче!

    ***



    ДНИТЕ ВО НЕДЕЛАТА

    Понеделник-поседелник;
    Вторник-позборник;
    Среда-не предам;
    Четврток-неврток;
    Петок-прошеток;
    Сабота-на бања;
    Недела-на пазар.



    ВРНЕ, ВРНЕ ДОЖД

    Врне, врне дожд,
    Да си одам бос
    Да си најдам грош
    Да си купам нож
    Да сечам лубеница
    Да лупам краставица
    Да направам лажица
    Да сркам матеница
    Да одам воденица
    Дедо да го видам
    Нему да му кажам
    Без да го лажам
    Оти падна дожд
    и си одев бос
    Па си најдов грош
    Па си купив нож
    Да сечам лубеница
    Крај стара воденица.


    ***
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2017
    На Girl-Rabbit, danata, Mari* и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    За жал, знам многу малку од нашиве македонски. :( Ако се продолжи вака, децата мои попрво англиски би научиле од македонски. Да му текне на некој колекционер да ги собере повеќето во една збирка, како онаа на Јован Јовановиќ-Змај, со која пораснав. А не е лошо и една YouTube плејлиста да се направи со предлог мелодија за нив. Супер што сте објавиле некои. :)

    Значи, ни англискиве од бебешкиве канали на YouTube не ми се мерат со тие на чика Змај. Која љубов кон децата ја содржат тоа чудо нешто (Al' je lep ovaj svet, Djiha, djiha chetri noge, Materina maza, Zhaba chita novine - само дел од омилените што и ден денес барем до пола ги знам на памет). Значи сигурно има многу повеќе и тоа прекрасни македонски бебешки песнички, но треба да се актуелизираат повеќе.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Да македонски броенки и кажувалки е многу тешко да се најдат...посебно пак со видео запис...Никој не се ангажирал сеуште со тоа...и јас не знаев ниту една...што наоѓам на интернет...што од книги
    овие биле од книгата за деца патор патор ноџиња...на интернет ги најдов
    исто има добри песнички во книгата Насмеани капки од Стојан Тарапуза...во мое време беше лектира за второ одделение.

    брка глувци поганци
    па им вели: ајдуци,
    кога ќе ве фатам
    глава ќе ви скратам.
     
    Последна измена од модератор: 3 април 2017
    На Mari*, mimidjon, mariz и 2 други им се допаѓа ова.
  4. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    Tupur tupur maco
    po skalite
    Ete gi idat macorite
    Ke ti gi zemat shalvarite.
     
    На alana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Дедо Медо тупа пее и песничка чудна лее
    Старо и младо сал се смее
    На Медо му песна пее


    Думба думба дедо,
    Дај ми девојчето
    Дало би го дало
    Уште ми е мало
    Козиче ми пасло
    Па не ми порасло.


    Трака трака Василица
    Дај ми бабо сланиница
    Да наранам дечињата
    Да им пукнам мешињата.


    Горе раце, па рашири
    Напред пружи, па се смири.
    Со главата мрдни
    Со нозете тропни
    На раменца, раце стави.
    Поклони се дете мило
    Браво кажи, доста било.


    Сапунче, сапунче бели пени прави
    Да сме сите чисти, мирисни и здрави
    Огледалце, огледалце ќе ни каже право
    Кому треба мамичка да му каже бравоооо.
     
    Последна измена: 13 ноември 2016
    На alana и slobodka им се допаѓа ова.
  6. Freyja

    Freyja Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2015
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Зад една капина е, затоа газот му се скина :D
     
    На Oscar Lady му/ѝ се допаѓа ова.
  7. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Топчето ми падна,
    Калина го грабна,
    Дај ми го Калинке
    Не ти го давам
    Ќе го продадам
    За четири гроша
    Калинка е лоша!!!!
     
    На papillonP, alana, thebabylover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.734
    Допаѓања:
    33.981
    Пол:
    Женски
    Нани Нани бебенце
    Во шарено кебенце
    Мама ми те нушка
    Под шарена кушка

    Од оздола иде меца
    Тражи мали деца
    Марш мецо од тука
    Нема мали деца.


    Нани нани бебенце
    Надвор пее петленце
    Пее куку рика тебе
    Ми те вика

    Рачиња да измиеш
    Ушиња да истриеш
    За да бидеш чисто
    Како вчера исто.
     
    На Isidora86 и K.Mari4ka им се допаѓа ова.
  9. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
    Едни од нашите омилени :)

    Среде соба високо
    елката ни стои
    и ја красат играчки
    во илјада бои.

    Реф 2x: Елко, елко
    порасни уште две-три педи
    за да може Дедо Мраз
    дарови да реди.

    Снежана од гранките
    милно ни се смее
    и ни вели весело
    секој нека пее.

    Реф 2x

    Тука е и поклонот
    сношти што го сонив
    многу, многу играчки
    многу лампиони.

    Реф 2x.



    Дедо снешко - зимски цар
    утрово ни донел дар.
    Од облаци сито зел
    и посеал снежец бел.



    Зелка, зелка зелена
    на три дела делена
    едно - мене,
    друго - тебе,
    третото - зајачето го зеде.


    Црвено, жолто, зелено
    помини сега Елено.
    Зелено, жолто, црвено
    застани сега смирено.
     
    Последна измена: 13 декември 2016
    На TutiFuti и Freyja им се допаѓа ова.
  10. џунџуле

    џунџуле Популарен член

    Се зачлени на:
    2 август 2016
    Пораки:
    805
    Допаѓања:
    1.486
    Пол:
    Женски
    Се сеќавате ли на

    Зела сито мецана
    Брашно ќе ни сее
    Секој што ја здогледал
    Од срце се смеел

    Мака и станало
    Голема и тешка
    Кога дете видела
    Како и се смешка

    Немој рекло детето
    Немој да си тажна
    Ние ти се смееме
    Што се правиш важна.
     
    На KidA и alana им се допаѓа ова.
  11. alana

    alana Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2013
    Пораки:
    1.180
    Допаѓања:
    3.335
    Пол:
    Женски
     
    На Girl-Rabbit му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mari*

    Mari* Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 април 2016
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    45.620
    Пол:
    Женски
    Две рачички со десет прсти
    Овде имам јас
    Еве ги горе еве ги доле
    Оп на раменца
    (Омилена на беба )


    Мишко наш голем маж
    Фатил глувче за опаш
    Па го врти па го сука
    Па го тресна од земја :D

    Врни врни дожд мајкати под кош
    Татко ти е Томче на газот има звонче :wasntme:

    Си било едно врапче
    Застанало на гранче
    И почнало да плаче

    Дошло мало маче
    Го прашало на врапче
    Зошто толку плаче

    Врапче тажно било
    Мајка изгубило
    Па со маче другарче биднало
    ( Ова од дедо ми ја памтам,мислам сам си ја измисли човекот :rofl:)
     
    На alana му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Shmeker4e

    Shmeker4e Нов член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2017
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Машки
    Дали ја знае некој целата

    Дедо снешко - зимски цар
    утрово ни донел дар.
    Од облаци сито зел
    и посеал снежец бел.
    Ако ја има некој нека ја прати на овој емаил. Оти не сум за на форумот ххх ви благодарам однапред
     
    Последна измена од модератор: 27 ноември 2017
  14. Seduction

    Seduction Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.066
    Допаѓања:
    10.055
    Пол:
    Женски
    @Mari* и на моето бебе таа песничка му е омилена :)
    Само ние вака ја пееме..
    Две рачички, десет прсти
    имам деца јас.
    Еве ги горе, еве ги доле
    Оп на раменца.
     
    На didush, barby, ada21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. ada21

    ada21 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    1.451
    Допаѓања:
    5.351
    Пол:
    Женски
    @Seduction и ние така си ја пееме , исто омилена ни е :inlove:
     
    На Seduction, barby и stevemila им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    @emkaemka @Ambra20 се брзо пишувам и никако да се докажам. Бебе почна да ми се загледува во цртани откако и пуштив "едноставни" и тоа по препорака на аплијацијата за скокови. Почнав со itcy bitcy spider и бебе гледаше :) после автоматски продолжи 5 little ducks и ants are marching. Бебе не трепка :) овие се од канал Super simple songs на youtube. Има и други песнички/видеа ама не и пуштам многу. Не сакам многу дремење пред тв.
     
    На stevemila, Ambra20, emkaemka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.725
    Допаѓања:
    18.437
    Пол:
    Женски
    @kukla21 more koristi barem dve tri sesii dnevno po 20min crtani i uzivaj! Nisto ne im e od mallu tv zadovolstvo :D Malovo koga imase 4-5 meseci isto si gledase i toa traese do 6 meseci, sega ne poglednuva :(
    I jas se plasev i ne go ostavav poveke od nekolku pati po 15tina min ama sega sfakam trebalo da korostam dodeka ne zagubi interes :D
     
    На kristii, Sexybaby86, emkaemka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.002
    Допаѓања:
    40.311
    Пол:
    Женски
    Мојов само Dinopaws гледа:rofl:
    И јас не му давам многу да се загледува. Преку ден воопшто не го палам телевизорот зошто врат ќе скрши да се сврти за да гледа. Има 10 минутна сеанса на цртани навечер пред легнување.
     
    На pile30, stevemila, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    7.823
    Допаѓања:
    109.021
    Пол:
    Женски
    @kukla21 ние гледаме 5 little ducks и продолжува и со Bingo, Monkey.. и се со ред.
    Јас го оставам да гледа колку сака, но сам да го оставам најмногу што ќе издржи е до вц да појдам, сака јас да го држам, да прозборувам, па и да го играм (му вртам рачиња) тука може да погледа некои 15-20мин.
    Му пуштам на лаптоп, му пуштив на ТВ не ги ни погледна, на телефон исто ги гледа. Уствари телевизорот едвај го погледнува и да му го нудиш, може само кога лежи сам и кога се пресоблакаме па врти глава инаку не го сака (може дека огромен :D).

    И нарцис на мајка :inlove: исто сака пред огледало да седи, па гуга, се смее, врти главата. Кажав рерната ми е како огледало, па хранилката е пред и дур сум во кујна знае да потседи некоја минутка.

    Работава искача се снаоѓаме :rofl:

    Со него кога сум сама ниту чистам било што, ниту готвам, може само машина да пуштам (алишта претходно сортирани и правам стај/вади), чај/смуди да направам, супа да сварам..
    Ич не сакам да плаче и да се нервира, по одвикнувањето сам на спиење во раце и со мене сватив дека си има потреба и е фаза, па ќе бидам стрплива и ќе чекам и ова да мине :angel:
     
    На Sexybaby86, mal.ecka, Skorpija25 и 5 други им се допаѓа ова.
  20. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Bingo е многу глупа :) Ич ја нејќе!!