Ние ја слушаме Charlie and the numbers, Charlie and the alphabet уште една две од Baby TV, и да- најавната на Сител, иирекламата за награден конкурс на Ладна, ни се отспиват дури..
Кога беше помала и ги пуштав Dave&Ava . Сите песнички ги пеат тие и шарени се интересни. Сега дека "поголема" овие и се здосадија и сменивме на ABC KIDS.
И јас ја пуштав ,,Мама воли бебу,, ама не му задржуваше ич внимание @mal.ecka јас научив неколку песнички па како на рипит да сум, или да верглам како празна воденица, некогаш кога ќе се свестам кои глупости ги мелам за бруки сум Прееска на тераса сум се развикала, а луѓе долу еден куп (околу работа) мм вика Емка дај намали срамота е
Finger family, пиличи,мама воли бебу, трупко слон, како каже куца... Ама не давам да гледа туку ги пуштам на мобилен и пејам јас ( )
На тема песнички, Димитар си има ''свои'' и само нив ги слуша. Се радува му се смеј и гуга.. (мама воли бебу, КАД СИ СРЕЧАН, глава-рамена, разболе се лисица.... итн )
По повод Разболе се лисица, големава мн ја сака. Отишол дедо и во продавница и на враќање оваа го прашува, што ми купи. Он, мртов ладен и рекол, кокошка. А мојава, па не сум лисица па да јадам кокошка
Многу српски песнички се слушале. Јас на синко му пуштам да слуша и му пеам ало амбуланта, ех тој тоше, никола, како ли јас да пораснам и се од златно славејче/си до од времето јас што сум слушала. Од новите знам само една - кап кап се вика. И странЦко си слушаме заедно
Зборувам за песничките, зошто не практикувам да му пуштам да гледа, па за слушање има многу убави наши песнички од времето. А за анимирани знам дека сме ептен катастрофа. Единствено на пикабоо каналот има синхронизирани на македонски цртани.
Јас пробав, а и пробувам да му ги пуштам тие, ама не ни ги перцепира, ако ова гледа 15мин, тие ни 1минутка А и анимации повеќе го занимаат Едит: викаш да ги слуша во позадина?? Пф џабе, он си е во свој филм и сака само мама да ја слуша, е јас богами пеам
Слончето Бимбо, Марионка, онаа од Владо Јаневски- Сини очи има Јана...., Како ли јас да пораснам. Овие најчесто ѝ ги пуштам. За цртани многу не е заинтересирана, на тв кога пуштам слабо гледа, на моб. не и давам да гледа.
И ние ја слушаме кап кап. Има една песна од Ања Ветерова - штрк слушнете ја колку е смешна песничката Имаме и за нејзиното име песничка се вика супер Ева од Ева Заева Зошто нема анимирани македонски не знам ама многу се нервирам Има една српска једног дана решио мој тата многу ми е убава и таа ја пејам. На мм омилена му е пиличи
Колку можете избегнувајте екранизација, нема никаква корист од неа, само штета. Јас тв воопшто не му пуштам, лаптоп исто, единствено јадеме со песнички и ако се возиме во кола на подолг пат тогаш му пуштам. За помали деца пуштајте поедноставни песнички, да не се менуваат брзо сликите и да не се многу гласни, зашто тоа е шок за бебешкиот мозок. Барајте ги на YouTube песничките на Super Simple Songs, за почеток тие се супер, синко ги обожава сите, секој период си има некоја омилена, Baby Shark поготово.
Не ѝ ни давам да гледа, само слуша. Многу се ѕвере по моб и затоа го кријам од неа. Тв можам и по цел ден кога сум со неа да не пуштам, само ако имам работа ја оставам да гледа ама не е заинтересирана. Не сакам да ја учам на тв или моб уште сега. Гледам мали деца по 2,3 год со моб во раце или залепени за тв. На што личи тоа.